топлинска енегрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 14:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топлинска енегрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 1 ноември ќе има топлинска енергија – склучен е договор, уверува Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-noemvri-kje-ima-toplinska-energija-skluchen-e-dogovor-uveruva-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-noemvri-kje-ima-toplinska-energija-skluchen-e-dogovor-uveruva-bekteshi/#respond Sun, 30 Oct 2022 14:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=752719

И од 1 ноември граѓаните ќе имаат топлинска енергија, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на денешната прес-конференција во Владата соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ. – Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски екссперти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен, изјави Бектеши, додавајќи дека цените по е направена набавката на природен гас се двојно пониски од овие што ги кажувале експертите. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-noemvri-kje-ima-toplinska-energija-skluchen-e-dogovor-uveruva-bekteshi/feed/ 0
ЕСМ ќе аплицира на повикот за избор на нов снабдувач со топлинска енергија во Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-aplicira-na-povikot-za-izbor-na-nov-snabduvach-so-toplinska-energija-vo-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-aplicira-na-povikot-za-izbor-na-nov-snabduvach-so-toplinska-energija-vo-grad-skopje/#respond Wed, 20 Jul 2022 13:02:54 +0000 https://kurir.mk/?p=707959

По одземањето на лиценците на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје има рок од 90 дена да се објави јавен повик за избор на нов снабдувач, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Денеска на Влада е информацијата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и Министерството за економија во однос на постапката и задолжувањето за да се објави повикот кој ќе биде отворен со можност да се пријават сите економски оператори. Имаме намера на повикот да аплицира и ЕСМ и се надевам дека наскоро ќе биде извршен и изборот, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Дотогаш, како што рече, според Законот за енергетика, БЕГ, без разлика што им е одземена лиценцата, ќе треба да ја извршува дејноста до изборот на нов оператор. Битиќи најави дека ќе се направи се што е во доменот на возможно за да се подготвиме за што полесно да ја пребродиме зимата. – Наскоро ќе излеземе со тоа што е навистина возможно. Уште пред два месеци повикав на одредени мерки за штедење, а сега тоа го прават сите западни земји. Таму тоа не е смешно за разлика од нашето општество. Ќе ги преземеме сите мерки и ќе повикаме на разумност на сите чинители затоа што во воена и енергетска криза однесувањето на сите е битно за да може да ја пребродиме што полесно, порача Битиќи. Со фактот што имаме дефинирана цена и производство на електричната енергија до крај на годината, потенцира вицепремиерот, ние веќе сме осигурале еден сегмент на општеството, а тоа се сите кои се на регулираниот пазар на електрична енергија. – Другите мерки можат да бидат на нивно на апел за општеството, а и јавните институции ќе добијат насоки како треба да се поставуваат. На некои од министерствата со законските измени им се дозволува да инвестираат во обновливи извори на енергија со што ќе се намали нивната потреба од електрична енергија, појасни Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-aplicira-na-povikot-za-izbor-na-nov-snabduvach-so-toplinska-energija-vo-grad-skopje/feed/ 0
РКЕ му дозволи на БЕГ нов режим на испорака на топлинска енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-mu-dozvoli-na-beg-nov-rezim-na-isporaka-na-toplinska-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-mu-dozvoli-na-beg-nov-rezim-na-isporaka-na-toplinska-energija/#respond Thu, 28 Oct 2021 10:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=587002

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ) со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем. -На стартот на грејната сезона, БЕГ во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на живеење. Пропишаната температура од 6 до 22 часот е загарантирана, а сметките ќе останат исти, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Новиот оптимизиран режим на испорака, додаде, ќе придонесе за намалување на осцилацијата на внатрешните температури во објектите. -Количината на потребната топлинска енергија ќе остане непроменета, бидејќи со зголемувањето на времето на испорака ќе се намали ангажираната моќност на објектите, прецизира Бислимоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-mu-dozvoli-na-beg-nov-rezim-na-isporaka-na-toplinska-energija/feed/ 0