топло млеко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Oct 2020 09:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топло млеко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Топлото млеко со овој зачин е спас против вируси и настинки: Испијте го пред спиење и не грижете се за грипот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/toploto-mleko-so-ovoj-zachin-e-spas-protiv-virusi-i-nastinki-ispijte-go-pred-spienje-i-ne-grizete-se-za-gripot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/toploto-mleko-so-ovoj-zachin-e-spas-protiv-virusi-i-nastinki-ispijte-go-pred-spienje-i-ne-grizete-se-za-gripot/#respond Thu, 22 Oct 2020 09:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=419336

Одбранете го организмот од есенските вируси и настинки со древни ајурведски рецепти Уште од дамнешни времиња, млекото со зачини и лековити билки се користело како здрава напивка во Индија. Во ајурведата, таквото млеко е познато под името Сидха Дугдхам. Сидха на санскрит значин „совршено“, а дугдхам значи „млеко“. Исклучително се цени во ајурведската медицина, бидејќи го храни организмот, ја смирува емоционалната напнатост и помага за урамнотежување на телесните функции. Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко ја поттикнува и виталната енергија – ојас. Според ајурведата, ојасот дава сила, го зајакнува имунолошкиот и дигестивниот систем и буди чувство на среќа и задоволство. За да го приготвите млекото на здрав начин, важно е да не го пиете ладно и незовриено. Треба да го зовриете, и потоа да го варите на тивок оган уште 5 до 10 минути заедно со лековити билки. Вриењето ја менува неговата структура која го прави полесно за варење, особено за луѓето кои имаат бавен дигестивен систем. За кого е ова млеко најдобро? Поради своите лековити својства и хранлива вредност, оваа напивка се препорачува за луѓе со слаб и исцрпен организам. Му ја враќа имунолошката отпорност на телото и дигестивната сила, со што го штити од разни болести. Се препорачува и за луѓе кои страдаат од кашлица, зголемен секрет, затнати синуси или респираторни инфекции. Ајурведата советува млекото да го пиете во вечерните часови, поради неговите смирувачки и дигестивни својства, со што поттикнува мирен и длабок сон и здрав утрински метаболизам. 5 рецепти за приготвување лековито млеко 1. Халди – Сидха млеко со куркума Куркумата со своите моќни состојки го зајакнува имунитет, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од настинки, грипови и други инфекции. Млекото со куркума му помага на телото да се одбрани од вируси и затоа е одлично за ублажување на акутните нарушувања поврзани со грлото и белите дробови, како што се воспаление на крајници, ларингитис и болка во грлото. 2. Адрака – Сидха млеко со ѓумбир Ѓумбирот во ајурведата се нарекува „универзален лек“, а терапевтската употреба на ѓумбирот во ајурведата се опишува како лек за разни болести, како што артритис, болести на дигестивниот, респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Млекото со ѓумбир ги ублажува нарушувањата на респираторниот систем, како што се сува кашлица и емфизем и помага за намалување и ублажување на болките во мускулите, зглобовите и коските. 3. Каали Мирх – Сидха млеко со црн бибер Оваа напивка е добра за прочистување на токсините од црниот дроб и жолчката. Го намалува затнувањето и стагнацијата во лимфниот систем. Млекото со црн бибер ја засилува работата на метаболизмот, го спречува насобирањето масти во телото и ја зголемува концентрацијата на добриот холестерол. 4. Пипали – Сидха млеко со долг бибер Пипали (пипер лонгум) спаѓа меѓу најдобрите ајурведа зачини, бидејќи неговата моќ лежи во способноста да ги подмлади белите дробови и респираторниот систем. Го подобрува метаболизмот, поттикнува здрава циркулација, ја зајакнува функцијата на репродуктивните органи и го подобрува здравјето на црниот дроб. Млекото со пипали има загревачко дејство кое ги ублажува хроничните бронхијални затнувања, алергиите на дишните патишта и проблемите поврзани со астма. 5. Тулси – Сидха млеко со свет босилек Во ајруведата светиот босилек (тулси) се нарекува „еликсир на животот“. Светиот босилек е познат по тоа што го поддржува здравјето на имунолошкиот систем и го опушта умот и телото. Млекото со тулси е одлично за респираторниот систем, бидејќи лекува кашлица, грлоболка и настинка, односно ја отстранува секоја блокада во дишните патишта. Ублажува главоболка, намалува анксиозност и депресија и го подобрува сонот. Редовното пиење на ова млеко го снижува крвниот притисок и холестеролот, намалувајќи го ризикот од мозочен и срцев удар. Како да приготвите лековите млеко? За приготвување на ова млеко одберете лековити билки и зачини во зависност од состојбата што сакате да ја третирате. Приготвувањето е брзо и едноставно. Состојки: 1/2-1 чајна лажица лековити билки/зачини 1 шолја млеко 1/4 шолја вода Приготвување: Во помало лонче измешајте лековити билки, вода и млеко па оставете го да зоврие. Намалете ја температурата и оставете ги млекото, лековитите билки и водата полека да се варат. Кога количината ќе се намали на една шолјичка, лекот е готов. Пијте ја топлата напивка редовно пред спиење, најмалку 14 дена за лековито дејство. Млекото на крајот можете да го засладите со мед или друг природен засладувач по ваш избор. Извор: Убавина и здравје  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/toploto-mleko-so-ovoj-zachin-e-spas-protiv-virusi-i-nastinki-ispijte-go-pred-spienje-i-ne-grizete-se-za-gripot/feed/ 0