Топлотни бранови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 18:12:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Топлотни бранови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Езерото Титикака е пред пресушување поради разорните топлотни бранови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/#respond Fri, 04 Aug 2023 18:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=863530

Нивото на водата во езерото Титикака е само 30 сантиметри над најниската точка забележана во 1996 година, изјави Лусија Валпер од Боливиската служба за метеорологија и хидрологија. Таа посочи дека во некои делови од земјата сушата може да трае до ноември. Како и многу други области кои исто така страдаат од смртоносните ефекти на климатските промени, водата во големото езеро кое се наоѓа на Андите на границата меѓу Боливија и Перу ќе достигне рекордно ниско ниво. Езерото се наоѓа на надморска височина од 3.800 метри, што го прави уште поранливо на сончевото зрачење, велат експертите од боливискиот технички универзитет Оруро. Сушата без преседан во Јужна Америка го погоди и критично важниот земјоделски сектор во Аргентина. Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека економијата на Аргентина ќе се намали за 2,5 проценти оваа година како резултат на тоа. Настрада и Уругвај, нивото на водата во акумулацијата Канелон Гранде, главниот извор на вода за пиење за жителите на главниот град Монтевидео, падна толку ниско во јуни што трева никна на голем дел од неговото поранешно дно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ezeroto-titikaka-e-pred-presushuvane-poradi-razornite-toplotni-branovi/feed/ 0
Истражување: Топлотните бранови во САД и во Европа би биле „практично невозможни“ без климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-toplotnite-branovi-vo-sad-i-vo-evropa-bi-bile-praktichno-nevozmozhni-bez-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-toplotnite-branovi-vo-sad-i-vo-evropa-bi-bile-praktichno-nevozmozhni-bez-klimatskite-promeni/#respond Tue, 25 Jul 2023 06:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=859671

Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution). Според нив високите температури предизвикуваат здравствени предупредувања и предизвикуваат големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од жешкото време на северната хемисфера, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на глобално ниво од почетокот на евиденцијата. Експертите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку не се намалат емисиите на штетните гасови. Силни топлотни бранови овој месец ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови. Во анализата се истакнува дека научницитеоткрија дека топлотните бранови во делови од Европа и Северна Америка би биле речиси невозможни без климатските промени. Тие тврдат дека глобалното затоплување влијаело речиси 50 пати врз температурите во Кина. Науката веќе потврди дека климатските промени, со околу 1,2 степени Целзиусови глобално затоплување во доцниот 19 век ги направија топлотните бранови генерално пожешки, подолги и почести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-toplotnite-branovi-vo-sad-i-vo-evropa-bi-bile-praktichno-nevozmozhni-bez-klimatskite-promeni/feed/ 0
Топлотните бранови се посилни и подолги поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор, тврди климатологот Ото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=857734

Нема сомнеж дека топлотните бранови што ја зафатија јужна Европа, САД и делови од Азија се посилни и подолги поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор, изјави денеска климатологот и предавач на Империјал колеџот во Лондон, Фредерика Ото. Таа за Би-Би-Си изјави дека се знае дека без калкулации не може да се каже колку посилни би биле топлотните бранови доколку не беа климатските промени, но се знае дека климатските промени тука се огромен фактор. „Сè додека фабриките, електраните, бродовите, автомобилите и авионите продолжуваат да ги исфрлаат своите издувни гасови во атмосферата, работите можат само да добиваат на топлина“, рече Ото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/feed/ 0
Топлотните бранови во Франција веројатно предизвикаа 2.816 смртни случаи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-vo-francija-verojatno-predizvikaa-2-816-smrtni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-vo-francija-verojatno-predizvikaa-2-816-smrtni-sluchai/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=764896

Три последователни топлотни бранови и Ковид-19 најверојатно предизвикале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи во Франција во текот на ова лето, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 10.420 смртни случаи се регистрирани помеѓу 1 јуни и 15 септември во второто најжешко лето во Франција од 1900 година, покажаа податоците од Министерството. Од нив, 2.816 се случија за време на три „епизоди“ на тревога за топлотен бран, од 14 до 22 јуни, од 9 до 27 јули и од 29 јули до 14 август. Најпогодени беа постарите лица, со 2.272 од 2.816 смртни случаи за време на топлотните бранови. Станува збор за луѓе на возраст од 75 или повеќе години. За време на тие топлотни бранови, регистрирани се 894 смртни случаи поврзани и со Ковид-19 во болниците и медицинските установи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-vo-francija-verojatno-predizvikaa-2-816-smrtni-sluchai/feed/ 0