торба-ладилник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 07:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png торба-ладилник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Стара мумија пронајдена во торба-ладилник во Перу – „Таа ми е духовна девојка, ме казнува ако сум лош“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806412

Перуанската полиција соопшти дека изминатиов викенд запленила мумија стара 600 до 800 години во торба-ладилник за испорака на храна. Сопственикот на торбата притоа рекол дека „неговата“ мумија долго време му била „состанарка“. Мумијата била пронајдена во областа Пуна на Андите. Хулио Сезар Бермехо (26) е притворен. Министерството за култура нареди заплена на мумијата заради заштита и зачувување на културното наследство, соопштија перуанските власти. Бермехо одрекува дека сакал да ја продаде мумијата, но признал дека ја чува во ладилник за да ѝ ја покаже на пријател, а потоа би ја дал во музеј. Тој раскажал и дека татко му ја зел мумијата пред 30 години од полицаец, кој му должел пари и археолошкиот наод го викал „Хуанита“. „Таа е во мојата соба, спие со мене. Се грижам за неа, ја чувам. Таа ми е како духовна девојка“, изјавил младиот човек додавајќи дека мумијата „има енергија и го казнува ако тој се однесува лошо“. Како и да е, стручните анализи велат дека „таа“ не е „Хуанита“, т.e. черепот е од маж, висок 151 сантиметар, кој починал на околу 45 години. Според властите, мумијата веројатно е пронајдена во источниот дел на Перуанските Анди и е стара 600 до 800 години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-stara-mumija-pronajdena-vo-torba-ladilnik-vo-peru-taa-mi-e-duhovna-devojka-me-kaznuva-ako-sum-losh/feed/ 0