Торлак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 12:24:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Торлак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Торлак ја повлече вакцината БСЖ од употреба поради сомневање за нејзиниот квалитет https://arhiva.kurir.mk/svet/region/torlak-ja-povleche-vaktsinata-bszh-od-upotreba-poradi-somnevane-za-nejziniot-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/torlak-ja-povleche-vaktsinata-bszh-od-upotreba-poradi-somnevane-za-nejziniot-kvalitet/#respond Wed, 22 Mar 2023 12:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=814942

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс. Во документот што го објави тој портал, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“. Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ. Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува. Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/torlak-ja-povleche-vaktsinata-bszh-od-upotreba-poradi-somnevane-za-nejziniot-kvalitet/feed/ 0
Филипче: „Торлак“ ни станува стратешки партнер, многу веројатно вакцината да биде сезонска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/#respond Wed, 21 Apr 2021 05:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=500093

Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7020 здравствени работници со прва и 6750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13 575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18 376 лица. Во земјава пред два дена стасаа 10 илјади вакцини од „Фајзер“, а во текот на месецов се очекуваат и од останатите производители. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да набавиме од Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија. Министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера беше во посета на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград, истакна дека тој ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот може да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани. -Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече министерот Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар. Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговарале за повеќе теми. – Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче. Се очекува до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина „Спутник В“ во овој институт, од кои, како што рекоа надлежните во Србија, еден дел од количнините би можел да биде издвоен и за земјава. Филипче се заблагодари во името на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија на, како што рече, братскиот српски народ за значајната донација на вакцини, процес кој беше организиран благодарејќи на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија. – Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача српскиот министер Лончар. Тој нагласи дека граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да одат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку земјата спроведува нови акции. Ако нема никаков друг основ тогаш граѓаните не треба да одат во Србија. Како што изјавија во неколку наврати надлежните во земјава, согласно сите досегашни договори земјава има нарачано и обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини. По 800 илјади вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200 илјади руски и кинески вакцини, 100 илјади вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската Унија и 500-те илјади вакцини на „Синовак“ кои треба да стасаат во мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/feed/ 0
Филипче денеска во посета на „Торлак“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/#respond Tue, 20 Apr 2021 05:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=499570

Министерот за здравство Венко Филипче, со претставници од Министерството за здравство, денеска ќе заминат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. – Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, таа соработка која ја имаме во размена на експертизата, нивни експерти тука во делот на гинекологијата, неонатологијата, кардиохирургијата и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од „Торлак“. Во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијата, има разни најави, не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата, изјави минатата недела Филипче. Вчeра попладне пристигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која Министерството за здравство ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираа од Министерството за здравство. Претходно, беше најавено дека втората пратка од „Фајзер“ со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител. Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи. Во земјава досега се вакцинирани над 35 илјади граѓани. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а активни се 19.041 случај. Според епидемиолошки анализи, најмногу активни има во Скопје – 8676, потоа следи Битола – 1236, Куманово – 1209, Прилеп – 935, Охрид – 846, Велес – 698, Тетово – 672, Струмица – 549. Во другите градови има под 500 заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-deneska-vo-poseta-na-torlak/feed/ 0