торнадо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 19:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png торнадо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Торнадо се појави среде поле во Словенија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tornado-se-pojavi-srede-pole-vo-slovenija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tornado-se-pojavi-srede-pole-vo-slovenija-foto/#respond Fri, 28 Jul 2023 19:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=861300

На словенечкиот сајт neurje.si, кој се занимава со следење на времето во оваа земја, објавено е видео од послабо торнадо снимено над Дравско поле. На истоимената Фејсбук страница е наведено дека пред околу една недела е забележан временски феномен, невообичаен за нашите простори и дека е снимен од извесен Митја М&П.РОКАВЕЦ, претставен како ловец на торнада. Ова торнадо се појавило на 19 јули над Дравско поле во правец на Птуј и траело само десетина минути. Станува збор за торнадо од категоријата F0 што развива брзина на ветер од 65 до 120 километри на час. Во меѓувреме, разорни суперклеточни бури ја погодија Словенија, но многу посилно торнадо беше забележано минатата недела на северот на Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tornado-se-pojavi-srede-pole-vo-slovenija-foto/feed/ 0
ТОРНАДО наречено Тамара! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tornado-narecheno-tamara/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tornado-narecheno-tamara/#respond Sun, 23 Jul 2023 21:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=859012

„Брза, динамична и летна – се надевам ќе Ви се допадне“, напиша Тамара на Фејсбук. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски. Спотот за песната го работеше продукцијата „Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации низ Скопје. „Торнадо“ е вториот сингл на Тамара годинава, во кој има повеќе боја, побрз ритам и позитивна енергија, соодветни за топлите летни денови. – „Торнадо“ е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот, вели Тамара. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tornado-narecheno-tamara/feed/ 0
ВИДЕО: Торнадо во Италија – денот стана ноќ, објавени се снимки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tornado-vo-italija-denot-stana-nok-objaveni-se-snimki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tornado-vo-italija-denot-stana-nok-objaveni-se-snimki/#respond Fri, 21 Jul 2023 14:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=858769

Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Силна бура со екстремни појави како виор и топки град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од синоќа до денес. Утрово торнадото пристигна во североисточниот дел на Милано. Пожарникарите извршиле околу 110 интервенции на поплави, урнати покриви и соборени дрвја по силното невреме, пишува „Кориера дела сера“. Ветрот собори дрвја, град оштети автомобили и покриви, а патиштата беа поплавени. На два покрива избувнал пожар и тие биле погодени од гром. Засега нема информации за жртви. Како што може да се види на мапата за следење, невремето се движи кон Словенија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tornado-vo-italija-denot-stana-nok-objaveni-se-snimki/feed/ 0
Две лица загинаа во невреме со торнадо во Оклахома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-litsa-zaginaa-vo-nevreme-so-tornado-vo-oklahoma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-litsa-zaginaa-vo-nevreme-so-tornado-vo-oklahoma/#respond Thu, 20 Apr 2023 12:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=825963

Најмалку две лица загинаа во округот Меклејн, во Оклахома, кога силно невреме проследено со торнадо зафати неколку региони во централниот дел на САД, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи им помагаат на повредените и заробените во нивните домови, објави на Фејсбук Управата за итни случаи на округот Меклејн, апелирајќи до жителите да ги напуштат погодените области. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за силни грмотевици, град и торнадо за вечер во делови од централниот дел на САД, вклучувајќи ги Оклахома, Канзас и Ајова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-litsa-zaginaa-vo-nevreme-so-tornado-vo-oklahoma/feed/ 0
Огнено торнадо големо колку 14 Земји беснееше на Сонцето https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ogneno-tornado-golemo-kolku-14-zemji-besneeshe-na-sontseto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ogneno-tornado-golemo-kolku-14-zemji-besneeshe-na-sontseto/#respond Tue, 18 Apr 2023 10:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=824921

Опсерваторијата Solar Dynamics Observatory (SDO) на НАСА забележа огромно огнено торнадо на површината на Сонцето во средината на минатиот месец. Проминенцијата во форма на торнадо почна да се формира на 14 март и за неколку дена величествено експлодираше, исфрлајќи плазма во пространоста на вселената. „Овој спирален столб од плазма висок колку 14 Земји исфрли на Сонцето дожд од вжештен материјал со големина на Месечината“, вели астрофотографот Ендру Мекарти, кој исто така помина неколку часа снимајќи го торнадото со соларен телескоп. Овој прекрасен спектакл не претставуваше закана за Земјата. Тоа е последниот во серијата неверојатни, но главно безопасни настани на Сонцето што се случуваат почесто во последно време додека нашата ѕвезда се приближува до врвот на својот 11-годишен соларен циклус. Торнадото е само видливиот дел од ерупцијата Магнетната структура што го предизвика ова торнадо е всушност многу поголема од она што го гледаме. „Се работи за филамент на поларната круна (PCF). Филаментот е огромна, извиткана магнетна структура над површината на Сонцето која може да остане таму со месеци“, изјави за Business Insider физичарот Метју Овенс од Универзитетот во Ридинг во Велика Британија. Сонцето е огромна топка од запален гас и плазма која се состои од врели, наелектризирани честички. Кога се движат околу Сонцето, тие создаваат магнетни полиња кои се појавуваат низ површината на Сонцето во форма на филаменти (проминенции). За разлика од факлите кои се исфрлаат во вселената, филаментите се „закотвени“ за ѕвездата, односно не се одвојуваат од неа. Проминенцијата може да го скрши и да го ослободи факелот, но тоа не е секогаш случај. Заедно со проминенциите, соларните торнада се уште еден пример за „сврзното ткиво“ што го прицврстува невидливото магнетно поле на Сонцето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ogneno-tornado-golemo-kolku-14-zemji-besneeshe-na-sontseto/feed/ 0
Две торнада го погодија Нов Зеланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-tornada-go-pogodija-nov-zeland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-tornada-go-pogodija-nov-zeland/#respond Tue, 11 Apr 2023 07:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=822712

Во две торнада, кои денеска повторно го погодија Северниот остров на Нов Зеланд, едно лице е повредено, а причинета е материјална штета. Едно од торнадата го погоди главниот град Велингтон, а најмалку четири куќи во овој град беа оштетени, бидејќи торнадото им ги однесе покривите. Според новозеландските медиуми, еден тинејџер е во болница, бидејќи зградата во која престојувал била уништена. Локалните противпожарни служби во Велингтон, исто така, соопштија дека второто, помало торнадо, ја погодило областа Таранаки во западниот дел на Северниот остров, при што биле оштетени неколку куќи. Новозеландската метеоролошка служба Метсервис предупредува дека продолжува периодот на лоши временски услови и не ја исклучува можноста за нови торнада во текот на денот. Торнадата следат по дводневното невреме во Нов Зеланд, кое во неделата тешко оштети 10 куќи во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, а вчера штетата беше направена и на објектите на Јужниот остров. Торнадата се релативно ретки во Нов Зеланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-tornada-go-pogodija-nov-zeland/feed/ 0
Најмалку четворица мртви во торнадо во Арканзас и бури во Илиноис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/#respond Sat, 01 Apr 2023 09:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=818778

Најмалку три лица загинаа вчера во силно торнадо што мина низ американската сојузна држава Арканзас, додека при делумно уривање на театар во Илиноис од силни бури загина најмалку едно лице, додека повредени се 28 други, соопштија државните власти. Во Арканзас две лица загинаа во градот Вин, изјави на прес конференција гувернерката Сара Хакаби Сандерс, притоа прогласувајќи вонредна состојба и распоредувајќи стотина припадници на Националната гарда. „Централен Арканзас претрпе значителна штета“, напиша таа на Твитер. Третиот смртен случај го потврдија властите од округот Пуласки, каде се наоѓа тешко погодениот главен град на Арканзас, Литл Рок. -Околу 30 луѓе се превезени во болниците во градот, изјави за новинарите Френк Скот, градоначалник на Литл Рок. Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредувања за торнадо во делови од Тенеси, Илиноис и Ајова. Торнадото зад себе остави пустош со превртени автомобили, откорнати дрвја, скршени телефонски столбови и уништени домови. На северот на земјата, во малото гратче Белвидер, западно од Чикаго во државата Илиноис, силната бура урнала дел од покривот и фасадата на театарот Аполо, каде во тек бил концерт на хеви метал бенд, објавија локалните медиуми. Шон Шедл, шеф на пожарникарите во Белвидер, пријавил еден смртен случај и 28 повредени, вклучително и пет хоспитализирани со сериозни повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-chetvoritsa-mrtvi-vo-tornado-vo-arkanzas-i-buri-vo-ilinois/feed/ 0
Најмалку 23 загинати во торнадo и силна бура во Мисисипи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/#respond Sat, 25 Mar 2023 14:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=816355

Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км. Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби. - За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие, мислејќи на бројот на загинати. Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото. -Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“. Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/feed/ 0
Најмалку седум лица загинаа во торнадо во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-tornado-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-tornado-vo-sad/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=786692

Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија. Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама. Моќното торнадо оштети меѓу 40 и 50 станбени згради. Градот Селма е особено тешко погоден од торнадото. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-sedum-litsa-zaginaa-vo-tornado-vo-sad/feed/ 0
Првата зимска бура во САД донесе снег, дожд и торнада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=783720

Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата. Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на државите Небраска, Јужна Дакота и Минесота, каде се очекува да наврне и до метар снег. Врнежите се очекува да бидат проследени со невреме и грмотевици. Прогнозите се дека снежните наноси ќе доведат до прекин во сообраќајот во некои области, додека маглата и замрзнатиот дожд ќе бидат предизвик за возачите на други места. Предупредувања за зимска бура и мраз се објавени во и околу Минеаполис и Сент Пол во Минесота, откако замрзнат дожд проследен со обилни снежни врнежи го погоди северниот дел на сојузната држава. Во западните предградија на споените градови има метарски наноси од снег. Иако постојано службите работат, десет сантиметри снег има на пистата на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол што придизвика откажување на повеќе од 200 летови. Се очекува денеска студениот бран да стигне до Нова Англија, кој веќе донесе силен дожд, моќни грмотевици, град и торнада во долниот тек на реката Мисисипи, на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив, долж течението на реката Тенеси и јужните делови на Апалачките Планини. Предупредувања за торнадо и силни грмотевици се издадени на многу локации во јужните држави Луизијана, Мисисипи, Алабама и Џорџија, како и за поплави во јужните делови на областа. Само во текот на последните 24 часа се пријавени осум торнада, како и десетици силни ветрови што корнеа дрвја, уриваа далноводи, оштетуваа станбени објекти. Денешната прогноза предвидува нови обилни врнежи од снег во планините Сиера Невада, како и долж техоокеанското крајбрежје се до крајниот северозапад. Во Северна Калифорнија синоќа без напојување со електрична енергија останаа 21 илјада станбени и деловни објекти.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/prvata-zimska-bura-vo-sad-donese-sneg-dozd-i-tornada/feed/ 0