торти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Aug 2021 17:18:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png торти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слават родендени на кучиња со торти, свеќи и украси: Дали според вас ова е слатко или не е нормално? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slavat-rodendeni-na-kuchinja-so-torti-svekji-i-ukrasi-dali-spored-vas-ova-e-slatko-ili-ne-e-normalno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slavat-rodendeni-na-kuchinja-so-torti-svekji-i-ukrasi-dali-spored-vas-ova-e-slatko-ili-ne-e-normalno/#respond Mon, 02 Aug 2021 17:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=545190

Сите сакаме кучиња и ќе се согласиме дека е убаво да имаме ваков домашен миленик. Тие се најдобриот пријател на човекот и со грижата за нив покажуваме дека сме добри луѓе кои сакаат животни. Ако се решите да чувате куче мора да сте сигурни дека сте подготвени да му дадете максимално внимание, да го храните, да му дадете вода, да го носите на прошетка, да се грижите за неговото здравје и хигиена. Но, чувањето на кучиња некои славни личности го претворија во мода, а тоа на најголем дел од луѓето не им се допаѓа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 🔥 Ana Korać🔥 (@ana_korac)

Славните објавуваат фотографии од родендените на кучињата кои ги слават исто како тие да се нивни деца. Со торта, свеќа, роденденски капчиња и свирки, украси.... Тоа го прават познатите личности од светската, но и од балканската сцена. Последни во низата се старлетата Ана Кораќ и славната фолк пејачка Александра Младеновиќ.
Мислењата се поделени. За едни ова е слатко, за други не е нормално. Што мислите вие?]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/slavat-rodendeni-na-kuchinja-so-torti-svekji-i-ukrasi-dali-spored-vas-ova-e-slatko-ili-ne-e-normalno/feed/ 0
Скандалозен тендер во Министерството за одбрана: Шеќеринска нарачала торти и колачи од 3.700.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozen-tender-vo-ministerstvoto-za-odbrana-shekjerinska-narachala-torti-i-kolachi-od-3-700-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozen-tender-vo-ministerstvoto-za-odbrana-shekjerinska-narachala-torti-i-kolachi-od-3-700-000-denari/#respond Sun, 29 Jul 2018 18:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=82543

Не само за бадеми и ореви, виски и морски плодови, Шеќеринска била љубител и на благи работи. Торти и свежи колачи поточно, па направила нарачка, од ни помалку ни повеќе – торти и колачи во вредност од неверојатни 3 милиони 700 илјади денари, пишува порталот Инфомакс. Повеќе од 60.000 евра е вредноста на најновиот тендер на Министерството на одбрана, парафиран од министерката Радмила Шеќеринска, но не за потребите на војската во смисла на вооружување, униформи или пак квалитетна храна за војниците. Се работи за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата. -Шеќеринска е позната по бескрупулозното трошење на народни пари кога станува збор за нејзиниот комодитет, па така по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници), пишува Инфомакс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozen-tender-vo-ministerstvoto-za-odbrana-shekjerinska-narachala-torti-i-kolachi-od-3-700-000-denari/feed/ 0
Митинг во Атина под мотото: „Сега сите заедно, комитите ни се пред врата“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-atina-pod-mototo-sega-site-zaedno-komitite-ni-se-pred-vrata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-atina-pod-mototo-sega-site-zaedno-komitite-ni-se-pred-vrata-foto/#respond Thu, 01 Feb 2018 10:13:23 +0000 http://kurir.mk/?p=16943

По масовниот протест во Солун, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во грчката престолнина - Атина. Протестот ќе биде насочен против политиката на Сириза и на премиерот Алексис Ципрас, кој изрази подготвеност да дозволи во името на северниот сосед да биде содржан и терминот „Македонија“. Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик на 4 февруари во 13 часот, граѓаните да излезат во центарот на Атина во рамките на кампањата што започна под мотото „Македонија е грчка“. Грчката православна црква и официјално соопшти дека ќе го поддржи протестот во Атина. Според организаторите, на бината еден од главните говорници ќе биде познатиот грчки композитор Микис Теодоракис. Во главниот град на Грција веќе се делат летоци со повик до граѓаните да земат масовно учество на митингот. На летоците е прикажана голема крволочна мечка - која ги преставува комитите од "Македонија" кои се голема закана за Грција. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, грчките Андарти комитите ги нарекувале "мечки". Мечката на летокот со нож ја коле грчкиот народ. „Ѝ требаш на Македонија" и "Сега сите заедно“, пишува на летокот на кој неколкумина Грци заедно држат еден огромен нож со грчко знаме насочен кон мечката. Организацијата на митингот испланирала и автобуси што и од најдалечните села ќе ги носат Грците што се против каква било употреба на името Македонија во соседната држава. Се споменува и некоја бројка од можно учество на 500 илјади луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miting-vo-atina-pod-mototo-sega-site-zaedno-komitite-ni-se-pred-vrata-foto/feed/ 0