тоше проевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jan 2022 16:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тоше проевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се појави досега необјавена ФОТОГРАФИЈА на Тоше Проевски во прегратка на… https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-pojavi-dosega-neobjavena-fotografija-na-toshe-proevski-vo-pregratka-na/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-pojavi-dosega-neobjavena-fotografija-na-toshe-proevski-vo-pregratka-na/#respond Thu, 20 Jan 2022 16:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=621394

Непрежалениот македонски славеј, Тоше Проески, трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година. Празнината што ја остави зад себе се чувствува и денес, по него тагува не само Македонија, туку и целиот Балкан. Но, срцата на неговите родители никогаш не се опоравија од загубата на нивниот сакан син. Неодамна, на социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која Тоше позира со своите родители, насмеан и среќен. ФОТОГРАДИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ТУКА Неговите родители целосно се повлекоа од јавниот живот по смртта на својот непрежален син, а за огромната загуба избраа да тагуваат во тишина, меѓу своите четири ѕида. Тоше Проески е роден 1981 година, а првите музички чекори ги направи во 2004 година. Тоше за кратко време стана ѕвезда на овие простори, но и надвор од Балканот, а со неговите хитови тагуваа и се радуваа и младите и постарите генарации. Но, трагичниот настан што се случи на тој кобен ден му го одзеде животот, а светот го ускрати од неверојатниот талент и емоциите што ги донесе Тоше со своите дела. Тоше имаше срце и душа полни со љубов и емпатија, носеше огромна љубов во себе, која несебично ја делеше со сите. Тој беше еден од најголемите хуманитарци, а своите добри дела ги правеше во тишина, скромно, без помпезност… каков што беше и самиот тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-pojavi-dosega-neobjavena-fotografija-na-toshe-proevski-vo-pregratka-na/feed/ 0
14 години од смртта на Тоше Проески https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/14-godini-od-smrtta-na-toshe-proeski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/14-godini-od-smrtta-na-toshe-proeski/#respond Sat, 16 Oct 2021 08:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=580108

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 14 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. По повод 14 -годишнината од загинувањето на нашата и балканска мегаѕвезда, ултрамаратонците го започнаа својот маратон за да денес напладне стигнат во родното Крушево на Тоше и на неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец. Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007. Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево во април, годинава, одбележа 10 години откако е отворена за посетители, за обожаватели и за гости во чест на голема музичка ѕвезда. За десет години ја посетиле преку 700 000 гости. На 25 април 2011 година е отворен овој импозантен музеј, Спомен дом кој една деценија ја раскажува приказната за Тоше, за големиот музичар, за хуманистот, човекот кој и денес ги плени срцата на луѓето од земјава, Балканот и од Европа. Спомен-куќата е симболиката на сѐ во што веруваше Тоше, најпосетуваниот музеј на овие простори и со меѓународна награда за уникатно архитектонско дело. Во него се изложени 350 експонати, предмети, дел од животот на Тоше, а во депото има уште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/14-godini-od-smrtta-na-toshe-proeski/feed/ 0
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ: Марина Туцаковиќ го напиша текстот за еден од најголемите хитови на ТОШЕ ПРОЕВСКИ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-se-potsetime-marina-tucakovikj-go-napisha-tekstot-za-eden-od-najgolemite-hitovi-na-toshe-proevski-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-se-potsetime-marina-tucakovikj-go-napisha-tekstot-za-eden-od-najgolemite-hitovi-na-toshe-proevski-video/#respond Sun, 19 Sep 2021 21:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=565571

По тешко боледување вечерва на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ. Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас… но и на нашиот Тоше Проески. Мега хитот на Тоше Прески „Соба за тага“ е дел од албумот „Ако ме погледнеш во очи“ (Ако ме погледаш у очи) кој се појави во 2002 година. Музиката ја напиша грчкиот композитот Фивос, српската верзија на текстот е дело на Марина Туцаковиќ (Соба за тугу), а за аранжманот се погрижи Манолис Влахос. Изданието содржи 10 композицвии и беше најава за соработката помеѓу македонската музичка легенда и „ Фајнл кат продакшн“ Во 2005 година, Тоше Проески го издаде својот петти албум „По тебе“ ( Пратим те) на територијата на цела поранешна Југославија. Од Вардар до Триглав. Како некогаш, кога сите станувавме на „Хеј, Словени“, така во таа 2005 година, кога војните одамна го имаа наплатено својот данок, сите републики стануваа за да ги пеат неговите хитови. Неговите песни, полни со емоција, повторно за миг ги споија старите братски народи. Тоше беше единствениот изведувач што успеа да ја освои цела поранешна Југославија, иако никој не го познаваше во почетокот на деведесеттите години, пред да почне големото раздружување на големата држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/da-se-potsetime-marina-tucakovikj-go-napisha-tekstot-za-eden-od-najgolemite-hitovi-na-toshe-proevski-video/feed/ 0
На концертот во чест на Тоше в петок ќе биде промовиран албумот „Secret Place“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-koncertot-vo-chest-na-toshe-v-petok-kje-bide-promoviran-albumot-secret-place/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-koncertot-vo-chest-na-toshe-v-petok-kje-bide-promoviran-albumot-secret-place/#respond Mon, 29 Oct 2018 13:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=120853

Нови, досега необјавени песни од Тоше Проески содржи албумот „Secret Place“ кој ќе биде промоворан на големиот концерт во негова чест в петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Тоше е  автор на дел од песните, а неколку ги создал заедно со  англискиот композитор и продуцент Енди Рајт, во чие студио е работен албумот и кој ќе престојува во Скопје. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видеозаписа со Тоше. Утре ќе биде пуштен спотот за песната „We are blood“, која ја пее внукот на Тоше, Кристијан Ристески, и е дел од новиот албум. Песната од денеска се емитува на радиостаниците.
На концертот на 2 ноември ќе настапат македонски и музичари од регионот, меѓу кои:  Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов.., а неговиот внук Кристијан ќе ја изведе  „We are blood“.
Организатор на концертот е Фондацијата „Тоше Проески“ од каде што соопштија дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија рекордс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-koncertot-vo-chest-na-toshe-v-petok-kje-bide-promoviran-albumot-secret-place/feed/ 0
ВИДЕО: Внукот на Тоше во Лондон ја сними својата прва соло песна https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-vnukot-na-toshe-vo-london-ja-snimi-svojata-prva-solo-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-vnukot-na-toshe-vo-london-ja-snimi-svojata-prva-solo-pesna/#respond Sat, 27 Oct 2018 20:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=120315

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними својата прва соло песна во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон. Песната се вика „We are blood“ и Кристијан ќе ја изеде на концертот во чест на Тоше кој ќе се одржи на втори ноември во арена Борис „Трајковски“. Кристијан денеска објави дел од спотот на својот Фејсбук профил.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-vnukot-na-toshe-vo-london-ja-snimi-svojata-prva-solo-pesna/feed/ 0