Тоше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 12:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тоше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спомен-куќата на Тоше во Крушево одбележува 11 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=666562

Со музичко-сценски настан, со изложба и во духот на хуманоста денеска во Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево е одбележана 11-годишнината од отворањето на овој еден од најпосетуваните музеи во земјава и на Балканот, спомен-домот посветен на Тоше Проески, кој е најголемо обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда. На одбележувањето беа доделени хуманитарни ваучери на пет социјално ранливи семејства. Се одржа литературно читање на тема „Твојот и мојот непребол“ со творби од поетеси кои ги читаа учениците од Основното крушевско училиште „Никола Карев“, а со истиот наслов беше отворена и изложбата на дела на Снежана Лазарова. Пред присутните со преработки на песните на Тоше настапи саксофонистот Горан Папаз. На вработените им беа доделени и јубилејни награди за 10 години работење во Спомен-куќата „Тодор Проески“. Директорката на спомен-куќата Лефкија Гажоска вели дека за 11 години бројот на посетители се приближува до еден милион. – Единаесет години во спомен-домот се чуваат спомените за Тоше Проески, се чува секоја негова насмевка, се чуваат неговите лични предмети, оние што ги добивал од фановите, се слуша неговата музика и постојано имаме посетители. Ја одбележуваме 11-годишнината од Спомен-домот онака како што му прилега на Тоше, со музика, со сеќавања, изложба, со творби и со хуманост. Тоа е скромен настан со кој, на некој начин по пандемиското време, ги отвораме вратите на Спомен-куќата за поголема посетеност. Во спомен-куќата се 360 експонати, а за овие 11 години ја посететиле близу еден милион гости и тоа од речиси цел свет. Сме имале посетители од Кина, Тајван, од европските земји и секако од балканските земји, изјави Гажоска. Уметникот Снежана Лазарова во техника со ориз изложи 33 дела. – Идејата беше да прикажам дека во светот на темнината и светлината, преовладува светлоста, вели Лазарова. Исклучителното архитектонско здание, Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево има и меѓународни признанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/feed/ 0