тоскана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Feb 2023 08:58:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тоскана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почувствувајте го духот на Италија: Тоскана тестенини со пилешко (РЕЦЕПТ) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochuvstvuvajte-go-duhot-na-italija-toskana-testenini-so-pileshko-retsept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochuvstvuvajte-go-duhot-na-italija-toskana-testenini-so-pileshko-retsept/#respond Sun, 26 Feb 2023 08:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=805111

Многу едноставна подготовка. Состојки: 300 гр макарони 250 гр чери домати 350 гр пилешко филе 125 гр спанаќ 2 чешниња лук 1/2 кромид 1 лажица доматно пире 1 лажичка пипер 1 лажичка лук во прав 1 лажичка оригано 200 мл павлака за готвење 125 гр кашкавал Подготовка: Кромидот исечкајте го, па пропржете го, а кога ќе омекне додадете го сечканиот лук. По 20 секунди додајте го месото исечкано на коцки и доматното пире. Промешајте и кога месото ќе се испржи додадете ја павлаката за готвење, зачинете, па додајте ги сечканите домати и спанаќот. Добро измешајте. Варете уште малку, па кон крајот додадете го ренданиот кашкавал, а потоа и макароните кои претходно сте ги свариле и процедиле. Пријатно!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pochuvstvuvajte-go-duhot-na-italija-toskana-testenini-so-pileshko-retsept/feed/ 0
Осовременета старинска куќа во Тоскана (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osovremeneta-starinska-kukja-vo-toskana-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osovremeneta-starinska-kukja-vo-toskana-foto/#respond Thu, 20 Oct 2022 08:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=748171

Тоскана важи за една од најубавите области на Италија, а освен природната убавина и вкусната храна, внатрешноста на оваа прекрасна медитеранска земја ги привлекуваат туристите и со убавите куќи и вили. Една од нив е „Вила Пиенца“, којашто се наоѓа во истоимениот град во долината Вал д’Орсија. Вилата е во сопственост на две сестри, Сабрина и Барбара, и навистина нуди посебно, народно и традиционално италијанско искуство. „Посебна селска куќа, удобна, тивка и пријатна. Опкружена е со градина со ароматични билки, како што се лаванда, рузмарин, босилек и диви цвеќиња. Пространиот трем опремен со голема маса и столици е совршен простор за трпеза на отворено и целосно уживање во слободата на селскиот живот, со драматично зајдисонце придружено со вкусно тосканско вино“, се вели во описот на официјалната интернет-страница на „Вила Пиенца“. Има и долг базен, а внатре, како што може да се види од фотографиите, „малку од Тоскана“ лежи во секоја ситница од градбата. Предизвикот, велат сестрите, бил да се направи куќата модерна и удобна, но во истовреме и „да им се овозможи на гостите да се нурнат во тосканскиот приироден начин на живот“, со старите предмети и мебел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osovremeneta-starinska-kukja-vo-toskana-foto/feed/ 0
Пронајдени пет тела по падот на хеликоптер во Тоскана, две лица се уште се водат за исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-pet-tela-po-padot-na-helikopter-vo-toskana-dve-lica-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-pet-tela-po-padot-na-helikopter-vo-toskana-dve-lica-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati/#respond Sat, 11 Jun 2022 14:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=689593

Пет лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Италија, а двајца патници се уште се водат за исчезнати, два дена откако леталото исчезна од радарот, јави денеска Еугенио Џани, гувернер на регионот Тоскана. Џани на Фејсбук напиша дека хеликоптерот се урнал во планинска област на границата меѓу Тоскана и регионот Емилија Ромања и дека денеска се пронајдени телата на пет лица. Хеликоптерот во четвртокот полетал од тосканскиот град Лука и се упатил кон северниот италијански град Тревизо. Хеликоптерот исчезнал од радарот над ридесто и шумовито подрачје, каде што бил зафатен од лошо време. Во хеликоптерот имало седум лица, меѓу кои и четворица турски претприемачи кои работеле за Eczacibasi Consumer Products, подружница на големата турска индустриска групација, Eczacibasi. Другите двајца патници биле либански државјани. Сите се враќале од саем во Италија, се наведува во соопштението на компанијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-pet-tela-po-padot-na-helikopter-vo-toskana-dve-lica-se-ushte-se-vodat-za-ischeznati/feed/ 0