тотално забегување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Jun 2021 19:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тотално забегување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тотално забегување https://arhiva.kurir.mk/kolumni/totalno-zabeguvanje/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/totalno-zabeguvanje/#respond Tue, 22 Jun 2021 08:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=526468

Еден ден, а толку многу глупоштии. Да, еден сосема нормален, тотално забеган ден во Македонија. Во време на четиригодишното владеење на Заевци, не ни знаеме за поинаку. Отрпнавме на ненормалното, а она без „не“ ни стана непознаница. СДСССС класика... Епизода прва. Најнеомилената антиреформаторка Мила најави дека ќе тужела за „Оксфорд“ програмата?! Да, госпожата која ги тера најнеобразовните „реформи“ во историјата на Македонија сега ќе се „пере“ со претходниците. Не дека тие биле сјајни, ама наликува на прикаската за арамијата кој фатен со пленот в раце за дефокус од себе и сопственото злодело, вика и се дере ли дере:  „Фати го крадецот!“ Епизода втора. Најмалерозната дилајла, модната муртинска икона со дрес над кошулче која суши се’ македонско што ќе фати в раце, повторно бриљираше. Небаре, малку ни беше резултатот од 3:0 за збогување со европското првенство, ама моравме при преносот да го видиме и насмејаното фацуле на Зоче со урокливото оче. А по дебаклот со Австрија го молевме да не оди и да не урочува малерот непрокопсан. Ама муртинскиот популист не пропушта шанса да се истакне. Не бадијала, најдобро одигравме со Украина, го немаше Зоранчо. По ова, признавам дека згрешив. Многу. Не 100, подобро е 1.000 најцрни мачки, море црни мечки да ви го пресечат патот, отколку еден Црни Заев да навива за вас. И 100 беззаби баби урок да ви фрлат и 50 попови анатема, поарно. Докажано... Епизода трета. Хероината на Зоче со урокливото оче, најкорисната обвинителска марионета во историјата на светското обвинителство, ја тужи својата лоша сестра. Да, верувале или не, но повластената Катица која „лежи“ домашна ќорка ја тужи Вилма за клевета. Ок, гевгелиската смокварка со просек 6 (шеС), најверојатно е болно љубоморна што Рускоска е новата љубимица и трас-трас избраничка на принцот ЗЗ, па удри по неа. Во прикаската, ова се двете лоши сестри, мајката е Лошила Кацарска, а Пепелашка во нашата верзија најверојатно ќе да е Македонија... Епизода четврта. Градскиот очув Петре Таполегов ќе плати „бедни“ 50 илјади евра за 45 жардинери. Ве зачуди и стаписа, нели? Гарант сите мислевте дека за 50 илјади евра, Петре би купил не 45, туку 5. Фер, една 10 илјади евра, тоа веќе личи на него. 10 илјадарки парче, е тоа е тоа, тоа е Петре. А колку милиони за дронот на Мила да ги сними истите? Шегата на страна, не бадијала се по 1.111 евра комад. Гарант се волшебни и во нив нон-стоп само од себе ќе се создава мезе за алкохолот кој Таполегов „не го пие“. Фер, за непресушно мезе и не е некоја сума, а? Топ комбинација со чешмите на колегата му Марин од кои за дадената сума треба да тече ракија... Епизода петта. Свидетелства имало, ама немало да ги даваат затоа што било корона?! Ццццц. Ова е најновата измислица на суртуците од Бирото на Царовска. Гарант, има и пасоши, лични карти и регистерски таблички, ама Ољивер не ги дава за да да не’ спаси од короната. Филантропија била, не тотална неспособност на биљмезите. Туку, едно не ми е јасно. Може да правите свадба со 500 души, ама на 20 дечиња во одделение, макар и на отворено, не можете да им поделите свидетелства? Суртуци, зарем некој и помисли дека можете да си замислите колку тој чин му значи на детето... Епизода шеста. Вакцини нема, пак. Од секое зло – добро, велат старите. Епа да, Македонците веќе за викенд не одат во Грција, туку в Србија. По вакцина. Е..ш море, гиро и узо, здравјето е поважно. А Филипче? Откако Зочето му откажа љубов во вожња на мотори и сфати дека е 100 пати поголем популизам и посељачизам  на државен трошок да лета по натпревари и да дели малер, Венко удри на популизам сликајќи се со семејства кои сториле добри дела. Пи-ар министер бил, пи-ар министер ќе остане. Точка. Туку, како Мила не чула дека Филипче ја победи короната, па да поделеше свидетелства? Епизода седма. Грција ни смисли нов код и не направи НМК, не МКД. Така си беше при преносот од натпреварот со Холандезите, цела „утакмица“. А, да. И цел свет постојано не’ нарекуваше поинаку, а не ќе да е Македонци или македонска репрезентација. Придобивка од Преспанската капитулација. Упс, отидов на црна листа. Пак.... И така до сто и една епизода. И назад, како и секој ден. Хипер-продуктивните северџани дерман немаат, не грижете се и утре ќе ве забавуваат, ќе има бесплатен сеир, „Малечката невеста“ е гола вода во однос на „Авантурите на Заевци“. И така до „сто и една“. Само што, Македонија нема толку време... И додека се молиме, друго ништо и не правиме, на власт да дојде некој со барем трунка македонштина, гордост, чест, достоинство и без криминално досие, тешете се што никој од соседите не беше на Европско со свој тим. Сепак, за нивна среќа, и тие си имаа претставник на барем две „утакмици“, секогаш „у резерва.“ Ксмет. Оној тројанскиот премиер/коњ во македонски дрес, кому на кошулчето под дресот со златен конец му е извезно „Коте од Руља“, па затоа мора да носи дрес над него (не е муртинска мода, туку „предустрожност“) оксиморонски тап шпиц кој со години игра за соседите и дава ли дава автоголови, Португалска репрезентација да му позавиди. Некој ќе рече – историјата се повторува. А јас пак мислам дека е крајно, најкрајно време да престанеме да се крстиме во пирејот и неговата издржливост...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/totalno-zabeguvanje/feed/ 0