Тработивиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 09:57:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тработивиште – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во делчевско Тработивиште се одржа третата Зелкаријада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-se-odrzha-tretata-zelkarijada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-se-odrzha-tretata-zelkarijada/#respond Sun, 15 Oct 2023 09:57:02 +0000 https://kurir.mk/?p=888999

Во делчевското село Тработивиште вчера се одржа третата по ред манифестација Зелкаријада 2023. Настанот се одржа во дворот на подрачното училиште „Св.Климент Охридски" со присуство на бројни гости од Делчево, но и од цела Малешевија и Пијанец. Тие имаа можност да си купат зелки и други градинарски производи кои се продаваа на поставените тезги. -Иницијаторите и организаторите на Зелкаријадата се група ентузијасти - Венко Иванов, Џелал Садулов, Фиданчо Цинцовски, кои со своите соработници се погрижија гостите да бидат почестени со традиционалните салата и манџа од зелка. За музичкиот дел од програмата беше ангажирана музичка група. Целиот ден во училишниот двор помина во играње и пеење песни и ора од страна на учесниците, истакна Васил Маневски, новинар во пензија по потекло од Тработивиште. Тој додаде дека манифестацијата се организирала со заеднички напори на организаторите, пензионираниот полицаец Миле Велков, со помош од месното население, донатори и спонзори. -Тработивишката Зелларијада ќе продолжи да се одржува и во иднина. Се разбира, со побогата и поосмислена концепција и со културно-уметнички содржини, додаде Маневски. Во село Тработивиште зелката е најзастапената земјоделска култура и се одгледувала со децении. Иако низ годините била основен земјоделски производ, од чие производство и продажба егзистирале голем број семсејства, во последните години нивниот број е сведен на минимум. Поради миграцијата, само десетина семејства сега се целосно посветени на одгледувањето зелка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-se-odrzha-tretata-zelkarijada/feed/ 0
Во делчевско Тработивиште утре ќе се одржи третата по ред „Зелкаријада“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-utre-ke-se-odrzhi-tretata-po-red-zelkarijada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-utre-ke-se-odrzhi-tretata-po-red-zelkarijada/#respond Fri, 13 Oct 2023 17:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=888635

Во делчевското село Тработивиште утре ќе се одржи манифестацијата „Зелкаријада 2023", настан кој има за цел промоција на најзастапената земјоделска култура што се одгледува на подрачјето на ова делчевско село. Во рамки на настанот планирано е приготвување на специјалитети од зелка, но и многу други традиционални јадења и вкусови од сопствено производство на жителите на село Тработивиште. - Годинешната Зелкаријада ќе се одржи на 14 октомври 2023, за време на празникот Покров на Пресвета Богородица". И годинава настанот се реализира под мотото „Почувствувајте ги вкусовите и традициите на Пијанец". Оваа манифестација, наречена Зелкаријада има за цел да ги негува традициите во производство на тработивишката зелка, но и да ги афирмира трудот и творештвото на овдешните земјоделци, сточари, овоштари но и на роднокрајните интелектуалци учители, професори, инженери, лекари, културни дејци, трговци, спортисти и бизнисмени, истакна Васил Маневски, жител на село Тработивиште. Во пресрет на настанот жителите реализираа повеќе активности за разубавување на селото, меѓу кои покривање на црковниот трем и засадување дрвца во централното градско подрачје. -Исто така неодамна асфалтирано е централното градско подрачје, поставена е хоризонтална и вертикална сигнализација, а разубавен е и просторот околу селската пошта. Целосно е покриен и црковниот трем на црквата Успение на Пресвета Богородица, а ќе следуваат уште многу активности, додадоа од месната заедница во Тработивиште. Организаторите на настснот упатија покана до граѓаните на Делчево и околината да присуствуваат на третата по ред Зелкаријада со што ќе го збогатат самиот настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-delchevsko-trabotivishte-utre-ke-se-odrzhi-tretata-po-red-zelkarijada/feed/ 0
Зградата е стара 70 години: Ќе се реконструира дел од училиштето во село Тработивиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgradata-e-stara-70-godini-ke-se-rekonstruira-del-od-uchilishteto-vo-selo-trabotivishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgradata-e-stara-70-godini-ke-se-rekonstruira-del-od-uchilishteto-vo-selo-trabotivishte/#respond Fri, 24 Mar 2023 13:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=816025

Седумдесет години старата училишна зграда во село Тработивиште ќе се реконструира преку Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво, информираа од Општината. Оттаму денеска ја објавија јавната набавка за „Реконструкција на одредени делови во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ село Тработивиште во рамки на оваа програма. - За реализација на набавката се обезбедени финансиски средства од Совет на Европа и од Европска Унија во висина од 1 милион денари без вклучен ДДВ. Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување постапка со објавување Оглас за набавка од мала вредност. Економски најповолна понуда се утврдува врз основа на цената. Доколку се исполнети законските услови ќе се одржи е-аукција на електронскиот систем за јавни набавки, информираа од Општина Делчево. Јавното отворање ќе биде на електронскиот систем на 04.04.2023 година со почеток во 09:00 часот. - Согласно проектот се планира адаптација на три училници, санитарни јазли и приклучок на фекална канализација. Целта на реализација на проектот е подобрување на условите за работа во училиштето, додадоа од Општина Делчево. Подрачното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во село Тработивиште е изградено во 1954 година и од тогаш има континуирана настава во училиштето, каде моментално учат 33 ученици од кои 17 се од ромска етничка заедница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgradata-e-stara-70-godini-ke-se-rekonstruira-del-od-uchilishteto-vo-selo-trabotivishte/feed/ 0
Пуштен во употреба отсечениот мост во село Тработивиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-upotreba-otsecheniot-most-vo-selo-trabotivishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-upotreba-otsecheniot-most-vo-selo-trabotivishte/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=609692

Пуштен во употреба отсечениот мост на река Желевица во делчевското село Тработивиште кој пред пет дена настрада во поплавите во Делечвско. Како што информираа мештани насипот на мостот на река Желевица целосно е саниран од десната оштетена страна, со што истиот како што повторно може да се користи. -Со брзата интервенција на СД Транс од Делчево, на жителите повторно им е овозможено безбедно поминување преку мостот на реката за пристап до своите имоти, до селските гробишта и до туристичкиот локалитет Света Вода, истакнаа жители. Додаваат дека останува потребата од регулација на речното корито на Желевица, од рибникот до влевањето во Брегалница, со што според нив трајно ќе се отстрани опасноста од идни поплави на селото и полето и оштетувања на мостот. Оштетувањето на мостот во село Тработивиште беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешниот зголемен водостој на реките, поради обилните врнежи од дожд што го зафатија делчевско. Како последица на обилните врнежи се излеа и реката Брегалница од мини во мајор коритото во урбаниот дел од градот, но не предизвика посериозни проблеми. Критичните точки во градот, како што додадоа од Општината беа обезбедени со доволен број вреќи со песок, а на располагање за интервенција беше ставена и соодветна механизација. Вон урбаниот дел, на одредени места имаше излевање на река Брегалница по должината на реката од с.Тработивиште до Делчево, како и на излезот од Делчево кај м.в. Брежје и Долни Бавчи, но не предизвика поголеми штети. Активностите на Општина Делчево беа координирани со ЈКП „Брегалница“, РЦУК-Делчево, ДЗС-Делчево и месното население. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushten-vo-upotreba-otsecheniot-most-vo-selo-trabotivishte/feed/ 0
Опожарен домот на 52-годишен жител од Тработивиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozaren-domot-na-52-godishen-zitel-od-trabotivishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozaren-domot-na-52-godishen-zitel-od-trabotivishte/#respond Sun, 15 Dec 2019 12:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=277775

Пожар избувна претпладнево во куќата на 52-годишниот Ѓорѓи Марков од селото Тработивиште. Екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево веднаш по дојавата се упатиле на терен и се уште го гаснат опожарениот дел од куќата. Очевидци велат дека пожарот најверојатно настанал поради неисправна електрична инсталација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opozaren-domot-na-52-godishen-zitel-od-trabotivishte/feed/ 0
Ископан гроб во дворот на селската црква во Тработивиште, мештаните вознемирени https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/iskopan-grob-vo-dvorot-na-selskata-crkva-vo-trabotivishte-meshtanite-voznemireni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/iskopan-grob-vo-dvorot-na-selskata-crkva-vo-trabotivishte-meshtanite-voznemireni/#respond Tue, 12 Nov 2019 15:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=263153

Отворен гроб во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во делчевското село Трботивиште, предизвика вознемиреност на тамошните жители. Гробот, како што информираа мештаните е ископан за да биде вечно почивалиште на свештеник, кој како што велат ниту бил поп, ниту живеел во селото. -Јас кога ќе излезам од вратата на мојот дом, право гледам во гробот и во ископаната дупка. Не е убаво, ова е црква, луѓе доаѓаат овде за крштевки и венчавки, а на влезот има две дупки. Едната дупка ја ископаа, но не ја вратија земјата, а другата е бетонирана, вели жителка на село Трботивиште. Свештеникот кој се уште е жив и живее во Штип, со црковно одобрение, поднел барање до црквата по упокојувањето да биде закопан овде. Тој вели дека има одобрение за тоа, а случајот го потврдија и од парохијата во Тработивиште, од каде велат дека според документот, неговата желба не се коси со црковните канони. -Според црковните канони, тој има доставено до мене документ од епархијата со кој може да се погребе во црковниот двор. Уште во старо време е дозволено свештениците да може да се закопуваат во црковниот двор, рече свештеник Васко Шонтевски. Местото на мртвите, според мештаните е на гробиштата, а не во црковниот двор. Уште помалку во црковниот двор, место треба да резервираат живите, додаваат тие. И покрај ова, селаните со големо вознемирување влегуваат во црквата и бараат итно потрупување на ископаните дупки. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/iskopan-grob-vo-dvorot-na-selskata-crkva-vo-trabotivishte-meshtanite-voznemireni/feed/ 0