традиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jun 2023 11:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png традиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љубителите на кулинарските специјалитети имаа можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/#respond Mon, 12 Jun 2023 11:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=844843

По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претстави традиционалните вкусови на српската кујна. За автентичноста на специјалитетите задолжени беа главниот готвач на хотелот и неговиот тим, кои на гостите им приредија автентично гастрономска задоволство. Специјалитетите беа сервирани со познатата српска ракија, како и српски вина. Гостите имаа можност да уживаат во гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење беше резервирано за печено прасечко и уштипци. Десертот беше вистинско уживање со Васина торта во комбинација со српски ликер од орев. Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ беше комплетирана со музика во живо и забавен дел во изведба на КУД Кочо Рацин, а вистинско изненадување беше комичарот Далибор Голубовиќ, познат како Двојникот на Вучиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/feed/ 0
Норвешка не е несовладлива, Македонија еднаш веќе ги има победено моќните скандинавци https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-ne-e-nesovladliva-makedonija-ednash-veke-gi-ima-pobedeno-moknite-skandinavtsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-ne-e-nesovladliva-makedonija-ednash-veke-gi-ima-pobedeno-moknite-skandinavtsi/#respond Fri, 13 Jan 2023 10:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=786812

Ракометната репрезентација на Македонија ќе го отвори Светското првенство со средба против еден од главните кандидати за злато, селекцијата на Норвешка. „Таурон Арена“ во Краков ќе биде домаќин на нашиот национален тим во групната фаза, а првиот ривал не можеше да биде потежок. За величината на Норвежаните во овој спорт нема потреба да се зборува. Не е изненадување што традицијата е на нивна страна. Сепак, Македонија може да се пофали дека во пет меѓусебни средби од 2009 наваму двапати извлече позитивен резултат. Наспроти трите норвешки победи, македонскиот тим славеше во квалификациите за Европското првенство во 2009 (30-29), додека на евро-шампионатот во 2016 година против Норвежаните го извлече единствениот бод (31-31). Петте меѓусебни пресметки на Македонија и Норвешка: 24.01.2009 - Македонија - Норвешка (27-29, Светско првенство) 10.06.2009 - Норвешка - Македонија (36-30, квалификации за ЕП) 21.06.2009 - Македонија - Норвешка (30-29, квалификации за ЕП) 25.01.2016 - Македонија - Норвешка (31-31, Европско првенство) 21.01.2017 - Норвешка - Македонија (34-24, Светско првенство) Традицијата, квалитетот и фаворитската улога се на страната на противникот. Токму поради тоа момците на Кирил Лазаров немаат што да загубат и мора без притисок да влезат и да се надигруваат против Норвешка на стартот на мундијалската група.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/norveshka-ne-e-nesovladliva-makedonija-ednash-veke-gi-ima-pobedeno-moknite-skandinavtsi/feed/ 0
Традиции поврзани со бадниковото лепче: Што може да се стави освен паричка и како треба да се украси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradicii-povrzani-so-badnikovoto-lepche-shto-moze-da-se-stavi-osven-parichka-i-kako-treba-da-se-ukrasi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradicii-povrzani-so-badnikovoto-lepche-shto-moze-da-se-stavi-osven-parichka-i-kako-treba-da-se-ukrasi/#respond Fri, 06 Jan 2023 10:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=784167

Се верува дека на Бадник треба да се врати сè што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. А, ако на Божиќ врне, се верува дека ќе вроди со плод сè што ќе биде копано со мотика. Бадник е празник кога семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка посна и богата трпеза и крши лепче со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, цела наредна година ќе го следи здравје, успех и среќа. Традицијата налага оваа вечер да не се оди никаде на гости, туку да се остане во домот со богато посно мени што има и симболично значење и означува богатство и изобилство и во наредната година. Бадник се прославува еден ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост и носи голема среќа во домовите, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Празникот името Бадник го добил по гранката од даб – бадник, бидејќи дабот се смета за најздраво дрво и симболизира здравје за целото семејство. Во минатото бадникот се сечел на тој ден, се внесувал дома и се палел. Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар или најдобро – се зема од црква ноќта пред Бадник, се става на влезната врата од домот или се става покрај икона. Во зависност од семејната традиција и областа од која доаѓаме, се менуваат и рецептите за традиционалното бадниково лепче, но едно нешто е секаде исто – ова лепче е симбол за добар род на житото, односно за плодна година. Едно од верувањата е дека бадниковото лепче треба да се прави од пченично брашно, а ако додадете други зрна во него, зрното мора да биде цело, додека водата што ја користите при месењето треба да биде осветена или претходно во неа да се стави грст жито. Постои верување дека сè што ќе допрете со рацете на кои има од залепеното тесто, ќе биде плодно во текот на целата година. Лепчето треба да се украси како што се краси славски колач, но не мора. Обичај е да се украси со бадникови гранчиња и лисја од елка, но и да се декорира со крст направен од тесто. Некогаш бадниковото лепче се послужувало ставено над слама, која ја симболизира сламата на која е роден Исус и се верува дека со неа во домот доаѓа мир и благослов. Постои верување дека мора да се послужат 12 видови различна посна храна и едно главно јадење. Обичајот симболично потсетува на 12 апостои кои со Исус биле на тајната вечера. Важно е сите членови на семејството да бидат на бадниковата трпеза. Прво, сите заедно го вртат лепчето трипати, а потоа лепчето се крши и се јаде пред другата храна. Членовите на семејството сите заедно може да го скршат бадниковото лепче и секој да си го земе парчето што го скршил за себе, или најстариот домаќин да крши и да дели парчиња од лепчето на сите членови. Секако, најсреќен е оној што ќе ја најде паричката, а таа треба да ја чува цела година на посебно место. Паричката се употребува најмасовно зашто се верува дека таа носи пари и среќа, но освен паричка во лепчето може да се стави и дренка – за здравје и сила, или глог – за да се избркаат злите сили. Самото божиќно лепче има симболично значење и потсетува на ноќта кога мудреците доаѓале да се поклонат. Марија им понудила леб и оттука и обичајот да се има лепче на трпезата. Од Бадник па сè до завршувањето на божиќните празници, членовите на семејството не треба да се караат и да зборуваат со висок тон за да имаат здравје, среќа и напредок, и сите работи треба да се вршат спокојно и во тишина. Секоја домаќинка тој ден треба да купи нешто ново за куќата. Обично тоа е сад во кој се прави бадниковото лепче.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradicii-povrzani-so-badnikovoto-lepche-shto-moze-da-se-stavi-osven-parichka-i-kako-treba-da-se-ukrasi/feed/ 0
Семејно наследство на Цеца Ражњатовиќ: Наместо на Анастасија ја пренесе оваа традиција на снаата Богдана https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejno-nasledstvo-na-ceca-raznjatovikj-namesto-na-anastasija-ja-prenese-ovaa-tradicija-na-snaata-bogdana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejno-nasledstvo-na-ceca-raznjatovikj-namesto-na-anastasija-ja-prenese-ovaa-tradicija-na-snaata-bogdana/#respond Wed, 09 Feb 2022 11:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=629144

Венчаницата на Цеца Ражњатовиќ е семејно наследство. Во неа блескаше Цеца на нејзината свадба со Аркан, а неколку години подоцна истата венчаница ја носеше нејзината сестра Лидија. По Лидија, оваа традиција Цеца ја предаде на нејзината снаа Богдана, иако многумина очекуваа дека следната која ќе носи ќе биде Анастасија. Цеца ја корегираше белата венчаница која Богдана на носеше на церемонијата во храмот „Свети Сава“. Иако снаата на пејачката тогаш носеше уште два невистински фустани, многумина коментираа дека најубаво изгледала во венчаницата на свекрвата. Дали семејството ќе ја продолжи традицијата, па кога Анастасија ќе прави свадба ќе се појави во невестинскиот фустан на мајка си, останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejno-nasledstvo-na-ceca-raznjatovikj-namesto-na-anastasija-ja-prenese-ovaa-tradicija-na-snaata-bogdana/feed/ 0
Зад долгата традиција се крие ПОСЕБНО значење: Зошто за родендени се јаде токму торта и се дуваат СВЕЌИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zad-dolgata-tradicija-se-krie-posebno-znachenje-zoshto-za-rodendeni-se-jade-tokmu-torta-i-se-duvaat-svekji/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zad-dolgata-tradicija-se-krie-posebno-znachenje-zoshto-za-rodendeni-se-jade-tokmu-torta-i-se-duvaat-svekji/#respond Sun, 19 Dec 2021 10:50:13 +0000 https://kurir.mk/?p=610420

За секој човек, роденденот е посебен ден Кога славиме роденден, главното задоволство е секогаш тортата. Сепак, малкумина се запрашале зошто за роденден се прави баш торта и кое е значењето на дување свеќички? Оваа традиција датира од древните времиња и се поврзува прво со Египќаните, а потоа и со Грците. Традицијата вели дека токму на Египќаните им се препишува „изумот“ роденден. Се верувало дека фараоните станале богови на денот кога биле крунисани, а посебно го славеле тој ден. Тогаш овој обичај го позајмиле Грците, верувајќи дека ќе биде повеличествено ако на крајот го засладат со раскошен и богат десерт. Затоа направиле торта која по форма наликувала на месечината, се во чест на Артемида, божицата на месечината. Десертот бил украсен со запалени свеќи кои светеле како месечината. Од тогаш до денес продолжува традицијата на палење роденденски свеќички. Денешните родендени Современиот начин на прославување роденден влече корени од германскиот обичај од 18 век од таканаречената прослава Киндерфест. Обичајот налага утрото на роденденот на детето да добие торта со запалени свеќи, чиј број би одговарал на бројот на неговите години. Оваа дополнителна свеќа била наречена „светлина на животот“, која била симбол на надеж за уште една година од животот. Семејството ги отстранувало од тортата свеќите што гореле во текот на целиот ден, а во одреден момент детето дувало во нив и посакувало желба. Како и денес, желбата не смеела се каже гласно. Бидејќи состојките за тортата биле прилично скапи, обичајот не се проширил се до после Индустриската револуција. Кога намирниците поевтиниле, тортите почнаа да се печат и продаваат во слаткарниците, а потоа тој тренд почнал се повеќе да се шири и станал незаменлив дел од секој роденден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zad-dolgata-tradicija-se-krie-posebno-znachenje-zoshto-za-rodendeni-se-jade-tokmu-torta-i-se-duvaat-svekji/feed/ 0
Знаете ли кое е традиционалното јадење на Грузија? – Пробајте го рецептов и нема да зажалите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite/#respond Sat, 11 Jul 2020 20:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=374031

Ова е традиционално грузиско јадење кое може да се јаде и следниот ден. Освен тоа, сега е сезоната на доматите и штета е да не се искористи. Што се однесува до вкусот, грузиската кујна е многу слична на нашата. Ако јадеме полнети пиперки, зошто не би пробале и домати? Она што го прави ова јадење посебно е зачинот наречен грчка детелина, кој му дава на доматот вкус сличен на кари. Потребно е: - 8 големи цврсти домати - Маслиново или сончогледово масло - 1 среден кромид, ситно исечкан - ½ лажиче сушена грчка детелина - ½ лажиче мелен коријандер - ½ лажиче црвен пипер или буковец - ½ чаша вода, или по потреба - 400 – 500 г сечкани печурки (одберете какви што сакате) - 2 големи чешниња лук, згмечени - Сол и бибер, по вкус - 1 чаша варен ориз - 3 лажици сечкан магданос - 2 лажици сечкан копар - 120 г моцарела, исечена да послужи како „капаче“ за доматите Приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Издлабете ги доматите: прво отсечете го горниот дел, а потоа со мало ноже исчистете ја внатрешноста. Остатоците од горниот дел од доматот ситно исечкајте ги како и внатрешноста. Сочувајте ги. За сосот: ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Ставете го сечканиот кромид да се пропржи додека да омекне. Додадете грчка детелина, коријандер и црвен пипер и мешајте 1-2 минути. Додадете ги остатоците од доматот и ½ чаша вода. Нека зоврие. Зависно од тоа колку сок имале доматите може да ви треба повеќе или помалку вода. Сосот треба да згусне. За полнењето: Ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Динстајте ги додека да испари течноста што ќе ја пуштат и додека не станат кафени. При крај на готвењето додадете лук и промешајте. Оваа мешавина ставете ја во длабок сад. Тука додадете го варениот ориз, магданосот и копарот. Зачинете со сол и бибер ако е потребно. Доматите наредете ги во длабока тава за печење откако претходно сте го посипале сосот. Доматите убаво наполнете ги, а одозгора ставете парчиња моцарела. Печете 30-40 минути или додека сирењето не почне да потемнува. Послужете топло. Она што ќе остане, ако остане, може да се јаде и следниот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite/feed/ 0
По 17 години: Прекинат Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, Министерството не одобрило средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-17-godini-prekinat-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi-ministerstvoto-ne-odobrilo-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-17-godini-prekinat-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi-ministerstvoto-ne-odobrilo-sredstva/#respond Fri, 26 Jul 2019 07:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=222927

Во амфитеатарот во Стоби овој јули, прекината е 17-годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, кој по три години преместување на сцената на затворено во велешкиот театар, ланското лето повторно беше вратен на отворената древна сцена во Стоби на радост на бројната повеќеилјадна публика. Градоначалникот Аце Коцевски вели дека причина е што Министерството за култура на Велешкиот театар не му одобрило финансиски средства за премиерна традиционална претстава во Стоби. Воедно потсети и дека Фестивалот од Министерството за култура не беше поддржан при годинашната буџетска распределбата на средства за културни манифестации. – Ние со нашиот скромен буџет не можевме да ги покриеме трошоците за покривање на Фестивалот, појасни Коцевски. Министерот за култура Хусни Исмаили на новинарско прашање при неговата посета во Стоби на 12 јули годинава, дали Министерството за култура би издвоило средства за одржување на барем една претстава, појасни дека тие финансиски би ја поддржале, но само ако се исполнат безбедносните услови во амфитеатарот, за што тој бил информиран од директорот на НУ Стоби. Во писменото известување за медиумите од НУ Стоби, при посетата на премиерот Зоран Заев во Стоби на 12 јули годинава информирајќи за тековните активности во Стоби, тие воедно појаснија дека стручниот тим и раководителот на проектот за истражување, конзервација и реставрација на театарот во Стоби, се’ на мислење дека театарот не е во состојба да прима публика од безбедносни и морално етички причини. Освен во строго контролирани услови и со ограничен број на посетители, се додека истиот не биде конзерваторско- реставраторски третиран, од страна на стручниот тим. Според нив секој пројавен интерес за користење на театарот е добредојден, но со стручен надзор и пропишани услови од страна на НУ Стоби. Како што појаснува Спасе Перовски, директор на НУ Стоби, во амфитеатарот во Стоби веќе завршиле истражувачките и моментално се извршуваат конзерваторските и реконструкцијата на амфитеатарот. – Може да дојде публика во амфитеатарот во Стоби, но затоа ние како стручен тим на НУ Стоби треба да процениме во колкав број, поради безбедносни причини. Тоа значи дека за разлика од изминатите лета кога имаше повеќеилјадна публика, сега при евентуално одржување на театарска претстава би требало да се намали бројот на публика, а посебно во стариот дел од амфитеатарот. Во новиот реконструиран дел од гледалиштето на амфитеатарот, наскоро треба да бидат поставени и мермените седишта, информира Перовски. Тој потецира дека досега до нив не било доставено ниедно барање за одигрување на театарска претстава. Во амфитеатарот во Стоби ансамблот на велешкиот театар во 1992 година ја одигра првата претстава во Стоби и оттогаш по една секе лето се’ до 2001 година, а  кога театарските работници  заедно со Општина Велес го основаа Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Во изминатите лета на древната сцена велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кој е основач на фестивалот имаше одиграно 20-тина претстави. Во рамките на фестивалот беа одиграни 80-тина антички претстави со театарски ансамбли од Русија, Украина, Холандија, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Данска, Казахстан, Албанија и од земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/po-17-godini-prekinat-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi-ministerstvoto-ne-odobrilo-sredstva/feed/ 0
Британското кралско семејство секогаш го чува свадбениот врв од тортата- причината ќе ве остави без зборови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskoto-kralsko-semejstvo-sekogash-go-chuva-svadbeniot-vrv-od-tortata-prichinata-kje-ve-ostavi-bez-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskoto-kralsko-semejstvo-sekogash-go-chuva-svadbeniot-vrv-od-tortata-prichinata-kje-ve-ostavi-bez-zborovi/#respond Thu, 17 May 2018 08:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=55069

Принцот Хари и актерката Меган Маркл оваа сабота ќе стапат во брак, а светот со нетрпение ја очекува кралската венчавка. Една од традициите кога се во прашање свадбените церемонии се и традиционалните свадбени овошни торти кои се дел од кралската трпеза. Но овој пат принцот Хари и Меган наместо овошна торта подготвуваат нешто поспецифично кое се уште се крие во тајност. Принцот Вилијам и Кејт како и многу претходни генерации пред нив ја почитуваа традицијата да се служи традиционален десерт на венчавката, додека сега на големо британските медиуми прашуваат дали принцот освен традиционалната торта ќе ја прекрши и другата традиција. За разлика од американците кои го чуваат горниот дел од тортата во ладилник до првата година од бракот, кралското семејство го чува целиот најгорен кат торта и потоа истата се служи на детските крштевки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskoto-kralsko-semejstvo-sekogash-go-chuva-svadbeniot-vrv-od-tortata-prichinata-kje-ve-ostavi-bez-zborovi/feed/ 0
Ги премина сите граници: Меган Маркл и на венчавката ќе ја прекрши традицијата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-premina-site-granici-megan-markl-i-na-venchavkata-kje-ja-prekrshi-tradicijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-premina-site-granici-megan-markl-i-na-venchavkata-kje-ja-prekrshi-tradicijata/#respond Wed, 03 Jan 2018 19:38:38 +0000 http://kurir.mk/?p=6144

Откако Меган се вери со принцот Хари, нејзиниот татко, Томас Маркл, им изјави на новинарите дека ќе има чест да ја испрати неговата ќерка на свадбата закажана за 19 мај во замокот Виндзор. Сега во медиумите се појавија информации дека една американска актерка сака да отстапи од традицијата и да ја прашува нејзината мајка, Дори Рејланд, да ја испрати кон олтарот. Откако дознала за нејзиниот однос со приказната за Хари, Меган постојано е гледана во јавноста со Дори, додека со нејзиниот татко никогаш порано не била видена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-premina-site-granici-megan-markl-i-na-venchavkata-kje-ja-prekrshi-tradicijata/feed/ 0
Новогодишни традиции низ светот- се палат фотографии, се оди на гробишта, се кршат чинии… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novogodishni-tradicii-niz-svetot-se-palat-fotografii-se-odi-na-grobishta-se-krshat-chinii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novogodishni-tradicii-niz-svetot-se-palat-fotografii-se-odi-na-grobishta-se-krshat-chinii/#respond Mon, 25 Dec 2017 12:38:16 +0000 http://kurir.mk/?p=2090

Нова Година го означува крајот на еден и почетокот на нов циклус во живеењето на луѓето. Ова е празник кој ни дава шанса за нови почетоци, за поправање на грешките и создавање нови планови и амбиции. Новата година се празнува низ целиот свет, на најразлични, а понекогаш и чудни начини. Еквадор Во оваа држава во Средна Америка, луѓето се собираат и точно на Нова Година отпочнуваат со палење на сите фотографии кои означуваат некој посебен настан од годината што заминува. На тој начин тие ја ослободуваат душата на луѓето што била заробена на тие фотографии. Чиле Во Сантијаго, главниот град на Чиле, огромен број луѓе, непосредно пред полноќ на новогодишната вечер, со столчиња, храна и пијалаци се упатуваат на гробишта. Таму, тие ја почнуваат Новата Година со душите на покојните. Данска Данците во текот на целата година собираат чинии, кои на новогодишната ноќ ги фрлаат пред вратите на своите пријатели. Оној што ќе најде најмногу искршени чинии пред својата врата значи дека има најмногу пријатели кои му посакуваат сѐ најдобро во Новата Година. Австрија Австријците имаат обичај на денот пред Нова Година да растопуваат олово и да го истурат во сад со вода. Според она што ќе се оформи од жешкото олово тие ја претскажуваат својата судбина во наредната година. Топчестите форми навестуваат среќа, поаглестите форми предвидуваат потреба од помош, а ако случајно се оформи крст, тогаш тоа значи смрт во семејството. Порторико Жителите на оваа островска држава веруваат дека старата година треба да се измие, за новата година да им почне потполно чисто. На денот пред Нова година тие ги чистат и украсуваат домовите, а непосредно пред полноќ се мијат во леѓен и водата ја фрлаат низ прозорецот, за да замине со старата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novogodishni-tradicii-niz-svetot-se-palat-fotografii-se-odi-na-grobishta-se-krshat-chinii/feed/ 0