традиционална храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jul 2022 14:10:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png традиционална храна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Знаете ли кое е традиционалното јадење на Грузија? Пробајте го рецептов и нема да зажалите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite-2/#respond Fri, 01 Jul 2022 14:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=698433

Ова е традиционално грузиско јадење кое може да се јаде и следниот ден. Освен тоа, сега е сезоната на доматите и штета е да не се искористи. Што се однесува до вкусот, грузиската кујна е многу слична на нашата. Ако јадеме полнети пиперки, зошто не би пробале и домати? Она што го прави ова јадење посебно е зачинот наречен грчка детелина, кој му дава на доматот вкус сличен на кари. Потребно е: – 8 големи цврсти домати – Маслиново или сончогледово масло – 1 среден кромид, ситно исечкан – ½ лажиче сушена грчка детелина – ½ лажиче мелен коријандер – ½ лажиче црвен пипер или буковец – ½ чаша вода, или по потреба – 400 – 500 г сечкани печурки (одберете какви што сакате) – 2 големи чешниња лук, згмечени – Сол и бибер, по вкус – 1 чаша варен ориз – 3 лажици сечкан магданос – 2 лажици сечкан копар – 120 г моцарела, исечена да послужи како „капаче“ за доматите Приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Издлабете ги доматите: прво отсечете го горниот дел, а потоа со мало ноже исчистете ја внатрешноста. Остатоците од горниот дел од доматот ситно исечкајте ги како и внатрешноста. Сочувајте ги. За сосот: ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Ставете го сечканиот кромид да се пропржи додека да омекне. Додадете грчка детелина, коријандер и црвен пипер и мешајте 1-2 минути. Додадете ги остатоците од доматот и ½ чаша вода. Нека зоврие. Зависно од тоа колку сок имале доматите може да ви треба повеќе или помалку вода. Сосот треба да згусне. За полнењето: Ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Динстајте ги додека да испари течноста што ќе ја пуштат и додека не станат кафени. При крај на готвењето додадете лук и промешајте. Оваа мешавина ставете ја во длабок сад. Тука додадете го варениот ориз, магданосот и копарот. Зачинете со сол и бибер ако е потребно. Доматите наредете ги во длабока тава за печење откако претходно сте го посипале сосот. Доматите убаво наполнете ги, а одозгора ставете парчиња моцарела. Печете 30-40 минути или додека сирењето не почне да потемнува. Послужете топло. Она што ќе остане, ако остане, може да се јаде и следниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/znaete-li-koe-e-tradicionalnoto-jadenje-na-gruzija-probajte-go-receptov-i-nema-da-zazalite-2/feed/ 0