традиционална музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jul 2020 11:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png традиционална музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семинар за традиционална музика и игра во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/#respond Mon, 27 Jul 2020 11:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=382035

Во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ од денеска до 30 јули во Битола се одржува онлајн семинар за традиционална музика и игра. Семинарот почна со промоција на Зборник на трудови чии автори се редовни учесници на едукативниот настан посочи д-р Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, катедра за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. -Семинарот се одржува 12 години континуирано, а дополнителен квалитет на едукативниот настан е Зборникот на трудови кој се промовира пред почетокот на семинарот. Најголем дел од етнокореолошките теми се работени според биографска метода, а тоа значи истражување и анализа за некој што нешто направил во својот живот, односно на поединци кои оставиле голема трага во нашата културна традиција, истакна Јаневски. Семинарот за традиционална музика и игра е со меѓународен предзнак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/feed/ 0