траект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 09:48:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png траект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Притворени капетанот и член на екипажот на траектот за смртта на патникот на пристаништето во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/#respond Mon, 11 Sep 2023 09:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=876873

Мерка притвор им е одредена на двајца од четворицата уапсени за смртта на патникот на траектот, кој минатиот вторник беше турнат во морето на атинското пристаниште во обид да се качи на бродот за Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Притворени се капетанот и членот на екипажот кој е обвинет дека го истурка 36-годишен маж во морето. Според грчките медиуми, членот на екипажот во исказот ја презел одговорноста за тоа што се случило, но не ја прифатил правната карактеристика на делото како убиство со можна умисла. Рекол дека 36-годишниот стапнал на работ. се лизнал и паднал, сакал да скокне да му помогне, но бродот веќе се оддалечил и додал дека кога се вратил да земе средство за спасување, човекот веќе се удавил. Капетанот на траектот, според истите информации, кој се товари за опасност во морскиот сообраќај и за изложување на смртна опасност, во исказот рекол дека постапил правилно согласно прописите кога бил информиран дека има лице во морето и ја известил крајбрежната стража. Во вторникот вечерта 36-годишниот Андонис Кариотис го загуби животот откако во обид да се качи на траектот за Крит, на атинското пристаниште беше спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го истурка од бродот, при што падна во морето и се удави. Целиот случај беше обелоденет по објавеното видео од „Прото тема“, со оглед на тоа дека првично информациите беа дека маж го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа. На видеото се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, едниот од нив го турка од бродот и паѓа во морето, а траектот отпловува без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот. Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давање во морска вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pritvoreni-kapetanot-i-chlen-na-ekipazhot-na-traektot-za-smrtta-na-patnikot-na-pristanishteto-vo-atina/feed/ 0
Се запали траект со 82 лица на Филипините, 40 се спасени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zapali-traekt-so-82-lica-na-filipinite-40-se-spaseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zapali-traekt-so-82-lica-na-filipinite-40-se-spaseni/#respond Fri, 26 Aug 2022 13:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=724414

Траект со 82 патници и членови на екипажот се запали денеска на Филипините, а најмалку 40 луѓе се спасени, соопштија тамошните претставници на крајбрежната стража. Акцијата за пребарување и спасување се уште е во тек. На снимката објавена од крајбрежната стража се гледа пламен и црн чад како излегува од траектот кај пристаништето Батангас, јужно од главниот град Манила. Причината за пожарот не е позната. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zapali-traekt-so-82-lica-na-filipinite-40-se-spaseni/feed/ 0
Ново поскапување на цените за дел од траектите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-poskapuvanje-na-cenite-za-del-od-traektite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-poskapuvanje-na-cenite-za-del-od-traektite-vo-grcija/#respond Sat, 02 Jul 2022 12:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=698813

За четири до осум отсто се зголемени цените на билетите за дел од траектите во Грција, главно на оние од атинското пристаниште Пиреас, што е дополнително покачување на и онака зголемените цени, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. АНА-МПА пишува дека од лани билетите за траектите се зголемени за околу 25 до 34 отсто. Поконкретно, согласно податоците што ги објавува грчката новинска агенција, од вчера билетот од Пиреа до островот Миконос од 48,50 сега чини 52,50 евра, за Наксос од 48 евра е 51,50 евра, за Парос од 46,50 евра е 50 евра, за Иос од 50 евра е зголемен на 54 евра. За патување од атинското пристаниште Рафина, цените на билетите се непроменети. Станува збор за трето поскапување на цените во изминатите месеци. Првото беше во април, второто на средината на јуни, а третото важи од вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-poskapuvanje-na-cenite-za-del-od-traektite-vo-grcija/feed/ 0
Седуммина загинати при пожар на траект на Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/#respond Mon, 23 May 2022 05:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=680288

Пожар избувна на траект со над 130 лица на Филипините, а во несреќата загинаа седум лица, информираше денеска крајбрежната стража, јави ДПА. Кога пожарот избувна, траектот бил на помалку од еден километар од својата дестинација во провинцијата Кезон, 67 километри западно од Манила. На траектот имало 124 патници и 10 членови на екипажот. Крајбрежната стража спаси 120 лица, од кои 23 повредени и пренесени во болница, додека седуммина се водат како исчезнати. Според првичните информации, пожарот избувнал од моторниот дел на траектот. На фотографии од сведоци се гледа пожарот на траектот, како и црн чад, додека поединци се во водата во близина, откако скокнале од бродот. Германската новинска агенција наведува дека патувањето по море е клучната форма на транспорт на Филипините, а инцидентите се чести и во голем дел, се препишуваат на недоволно добри безбедносни стандарди и пренатрупаност. На Филипините во 1987 година, траект се судри со танкер со нафта, притоа загинаа над 4.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/feed/ 0
Зголемени цените на билетите за траектите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeni-cenite-na-biletite-za-traektite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeni-cenite-na-biletite-za-traektite-vo-grcija/#respond Wed, 23 Mar 2022 10:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=651902

Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по зголемувањето на меѓународните цени на нафтата поради војната во Украина“, од 18 март некои од компаниите веќе ги зголемиле цените, а другите тоа ќе го сторат од 1 април. Па така, цените на траектите, како што пренесува грчката новинска агенција, од атинските пристаништа кон дел од островите, се зголемени за 3,5 до 4,5 евра. Билетот од Пиреас до Парос, од 38,5 евра сега чини 42,5, до Миконос од 40 е зголемен на 44 евра, до Сирос од 35 на 38,5 евра, а зголемувања од околу десет отсто има и за возилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zgolemeni-cenite-na-biletite-za-traektite-vo-grcija/feed/ 0
Прва жртва од пожарот на траектот во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/#respond Sun, 20 Feb 2022 18:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=634047

Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, како што претходно објави МИА, по два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, беше пронајден жив и спасен еден од исчезнати патници, 21-годишен државјанин на Белорусија, возач на камион, кој сам успеал од гаражата да стигне до палубата, од каде што беше преземен од спасувачките екипи, а потоа и превентивно пренесен во болница. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро, од засега непознати причини, додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасени се вкупно 281 лице, а десет се водат како исчезнати, додека еден патник го загуби животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/feed/ 0
Чудо на запалениот тракет во Грција, човек пронајден жив по два дена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/#respond Sun, 20 Feb 2022 12:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=633900

Еден од патниците кои исчезнаа на траектот кој во петокот се запали во Јонското Море кај Грција е пронајден жив. Според Би-Би-Си, мажот бил забележан во предниот дел на бродот и стапил во контакт со спасувачите, изјавил службеникот на бродот. Единаесет лица се водат како исчезнати, додека повеќе од 270 се спасени и пренесени на островот Крф. „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме се запали на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи. Пожарникарите се бореа со пожарот што го зафати бродот. Се верува дека се исчезнати сите возачи на камиони од Бугарија, Грција, Турција и Литванија, соопштија претходно грчките власти. „Еурофери Олимпија“ заминувала од Игуменица во Грција кон Бриндизи кога избил пожар на палубата од автомобил. Официјално превезе 239 патници и 51 член на екипажот, соопшти компанијата. Но, двајца авганистански државјани кои не биле регистрирани како патници на бродот, исто така, биле спасени во петокот, изјавила грчката крајбрежна стража за АФП. Десетина спасени луѓе од траектот се префрлени во хотел на Крф. Еден од нив, возачот на камион Данило Карлучи, изјави за „Ројтерс“: „Ја видовме смртта пред нас“. Се верува дека возачите можеби решиле да спијат во своите возила, а не во преполни кабини со чамци, велат камионџиите кои во саботата ги интервјуираше грчката државна телевизија. Возачите и роднините на исчезнатите ги критикуваа условите во „Еуроферија Олимпија“ во интервјуа за грчките медиуми. Операторот на траектот рече дека 27-годишниот брод последен пат поминал безбедносна проверка во средата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chudo-na-zapaleniot-traket-vo-grcija-chovek-pronajden-ziv-po-dva-dena/feed/ 0
Продолжува потрагата по 12 исчезнати по пожарот на траектот во близина на Крф https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/#respond Sat, 19 Feb 2022 09:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=633454

Рано утрово продолжи потрагата по 12 лица, исчезнати по вчерашниот пожар на траектот што пловеше од Грција кон Италија, а веќе се спасени 280 патници и членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на исчезнати од 11 се зголеми на 12 лица откако вчера беа пронајдени и спасени двајцата патници, кои со часови останаа заглавени во траектот, но по нивната идентификација произлезе дека еден од нив, веројатно мигрант, нелегално патувал и не бил на официјалната листа со патници. Траектот сè уште се наоѓа во морскиот дел во близина на Крф, а денеска продолжува и гаснењето на пожарот. Припадници на специјалната единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба вчера попладне ги извлекоа двете лица заглавени во траектот, а претходно, на островот Крф беа пренесени 278 патници и членови на екипажот. Министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис истакна дека станува збор за гигантска операција за потрага и спасување и по негова наредба веќе е започната истрага за утврдување на причините за пожарот. Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на грчката и италијанската крајбрежна служба. Причината за пожарот што избувна додека траектот пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса засега не е позната. Траектот „Euroferry Olympia“ пловел под италијанско знаме, тргнал од Игуменица кон Бриндизи, а според официјалните списоци имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Во бројот на спасени вклучени се уште две лица, кои не биле на списокот со патници и веројатно нелегално патувале кон Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-12-ischeznati-po-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/feed/ 0
Двајца заглавени на бродот, најмалку десет исчезнати и спасени над 270 лица од пожарот на траектот во близина на Крф https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/#respond Fri, 18 Feb 2022 13:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=633186

Две лица, возачи на камиони кои веројатно спиеле во гаражата на траектот сè уште се заглавени на бродот и во тек е акција за нивно спасување, најмалку десет лица се водат за исчезнати, а 277 патници и членови на екипажот се спасени и пренесени на Крф, по пожарот што избувна на траектот што сообраќал од Грција кон Италија, според информациите во грчките медиуми, Според грчката државна телевизија ЕРТ исчезнати се 14 лица, девет бугарски државјани, тројца Грци и по еден државјанин на Турција и Литванија, а меѓу нив се и двајцата возачи кои успеале да стапат во контакт со спасувачките служби и чекаат да бидат спасени. На островот Крф се префрлени 276 лица, патници и членови на екипажот кои биле на листата доставена од траектот, како и уште едно лице кое патувало без билет и веројатно станува збор за мигрант. Спасените од пристаништето на Крф ќе бидат пренесени во хотели. Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Јанис Коцопулос за грчката телевизија ЕРТ рече дека десет лица се хоспитализирани, од кои повеќето се со проблеми со дишењето. Паралелно со спасувачката акција, во тек е и акција за гаснење на пожарот на самиот траект. Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби. Од грчката крајбрежна служба утрово соопштија дека биле информирани за пожар на траектот „Euroferry Olympia” што плови под италијанско знаме додека се наоѓал во морскиот дел североисточно од островот Ереикуса, додека пловел од Игуменица за Бриндизи. – Според официјалната евиденција на екипажот и патниците што ги достави капетанот на бродот во Игуменица, пред неговото поаѓање, на „ Euroferry Olympia” имало 239 патници и 51 член на екипажот. Во тек е акција за спасување и транспорт на патниците на бродот. Целосната регистрација и идентификација на патниците ќе се изврши на Крф, рече Никос Лагадианос од грчката крајбрежна служба. Тој додаде дека во морскиот дел во близина на траектот се четири патролни бродови и еден спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, чамец на италијанска економска полиција, два брода што се во близина, два приватни чамци, четири хеликоптери, од кои два од военото воздухопловство и по еден од крајбрежната служба и воената морнарица, една фрегата, како и реморкери. Причината за пожарот на траектот засега не е позната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajca-zaglaveni-na-brodot-najmalku-deset-ischeznati-i-spaseni-nad-270-lica-od-pozarot-na-traektot-vo-blizina-na-krf/feed/ 0
ВИДЕО: Гореше траект со 237 патници и 51 член на екипажот- половеле од Грција за Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-goreshe-traekt-so-237-patnici-i-51-chlen-na-ekipazot-polovele-od-grcija-za-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-goreshe-traekt-so-237-patnici-i-51-chlen-na-ekipazot-polovele-od-grcija-za-italija/#respond Fri, 18 Feb 2022 07:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=632986

На траект кој пловел од Грција за Италија, а на кој се наоѓале 288 патници и членови на екипажот избил пожар, информира грчката крајбрежна стража. „Катимерини“ пренесува дека сите патници се евакуирани, а засега нема информации за настрадани или повредени лица. Крајбрежна стража информира дека на бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот. Траектот Euroferry Olympia, под италијанското знаме пловел од Игуменица во Грција кон Бриндизи во Италија. Пожарот настанал кога траектот бил во близина на Крф во Јонското Море. Причините за пожарот се уште не се познати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-goreshe-traekt-so-237-patnici-i-51-chlen-na-ekipazot-polovele-od-grcija-za-italija/feed/ 0