траекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 15:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png траекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се воведуваат попусти на одредени билети за траектите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-voveduvaat-popusti-na-odredeni-bileti-za-traektite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-voveduvaat-popusti-na-odredeni-bileti-za-traektite-vo-grtsija/#respond Thu, 13 Jul 2023 15:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=856369

Попусти за одредени категории и попусти во конкретни денови од седмицата, меѓу другото, воведуваат дел од бродските компании во Грција, по средбата што ја имаа со владини претставници поради високите цени на билетите за траекти, јави дописничката на МИА од Атина. Намалените цени и попустите се во зависност од политиката што ја следи секоја од компаниите и се однесуваат или на одредени линии или на одредени категории. Па така, дел од компаниите нудат попуст од 20 до 30 отсто за повеќечлени семејства или групи од три до пет лица со автомобил, други пак воведуваат ден од седмицата, кога билетите се поевтини, но само за одредени острови. Во изминатиот период високите цени на траектите, драстично зголемени во споредба со лани, беа една од главните теми во Грција, па затоа на почетокот на неделава беше одржан и затворен состанок во премиерската палата. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека на одржаниот состанок имало конкретни разговори кои резултирале компаниите постепено да соопштуваат попусти и истакна дека се стремат кон она што е најдобро за грчките граѓани. На прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали попустите се однесуваат само на грчките граѓани или ќе ги опфатат и туристите, Маринакис рече дека конкретните иницијативи ги соопштуваат самите компании, а Владата ги следи најавите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-voveduvaat-popusti-na-odredeni-bileti-za-traektite-vo-grtsija/feed/ 0
Дозволени 10 отсто поголем број патници во бродовите и траектите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozvoleni-10-otsto-pogolem-broj-patnici-vo-brodovite-i-traektite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozvoleni-10-otsto-pogolem-broj-patnici-vo-brodovite-i-traektite-vo-grcija/#respond Thu, 04 Jun 2020 11:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=353790

Бродовите и траектите во Грција, од денеска дозволено е да пловат со десет проценти поголем број патници, односно со 60 отсто од вкупниот капацитет, наспроти 50 проценти од капацитетот, согласно првичниот здравствен протокол, јави дописничката на МИА од Атина. За бродовите што нудат и кабини, исполнетоста може да биде 65 отсто, а во секоја кабина наместо еден, сега е дозволен престој на две лица, додека пак за семејства и понатаму важи истата одредба за четири лица. Според Министерството за поморство и островска политика, ова зголемување се должи на позитивниот тек на Ковид-19 во земјата, во комбинација со целосното и доследно почитување на протоколите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozvoleni-10-otsto-pogolem-broj-patnici-vo-brodovite-i-traektite-vo-grcija/feed/ 0