Трафигура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jan 2022 09:38:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трафигура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Глобалниот деловен гигант – групацијата ТРАФИГУРА, мега инвеститор и во Македонија???“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/#respond Thu, 13 Jan 2022 09:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=618753

Групацијата Трафигура е една од водечките светски, независни трговски, логистички и производни компании во секторот на „commodities“ или природни суровини и производи. Како мултинационален конгломерат, групацијата има развиена мрежа од свои компании во 48 земји на сите континенти од Земјината топка. Трафигура е и клучен инвеститор во проектната компанија Еуромакс Ресоурцес (регистрирана во Канада и јавно листирана на Берзата во Торонто „TSX") која повеќе години го развива Проектот за современ рударски комплекс на бакар „Иловица-Штука" во југоисточниот регион на нашата држава. Неодамна, Групацијата Трафигура го објави годишниот извештај за финансиската година 2021, кој покажува рекордно високи резултати и одлична подготвеност за уште позасилен иден развој. Вкупниот промет, тргуваниот волумен, приходите и чистиот профит во 2021, се највисоки во нивната историја со што се демонстрира структурна и квалитативна конзистентност на деловните и финансиските показатели. Вкупните приходи се зголемени за 57 проценти во однос на 2020, и изнесуваат 231,3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од нашиот БДП!), а нето профитот е скоро дуплиран од минатогодишниот, со 3,1 милијарди долари. Како резултат на ваквата впечатлива профитабилност, нивната капитална вредност порасна за 36 проценти или на 10,6 милијарди долари, што ја потврдува стабилноста и снагата на нивниот деловен и финансиски модел подржан со транспарентна финансиска комуникација и извонредно активна програма за заштита на екологијата , социјалните аспекти и успешното управување. Г-дин Џереми Веир, извршен претседател и главен извршен директор на Трафигура, забележува: „Нашите резултати во 2021 повторно поставија нови рекордни нивоа во смисла на трговскиот волумен како и во севкупната профитабилност. Горд сум дека постигнавме и одличен напредок во понатамошното диверзифицирање на нашиот бизнис со што добивме уште поважна улога во глобално подржаниот процес на транзиција кон чиста или ‘зелена’ енергија... Ова беше уште една година на сериозни мерки за закрепнување на глобалната економија од последиците на пандемијата со КОВИД19, каде се соочивме со сета фрагилност на глобалните синџири за снабдување во услови кога побарувачката нагло порасна додека логистиката и снабдувањето мака мачеа да обезбедат барем минимум од потребниот сервис за светската економија . Во вакви комплицирани услови на глобално ниво, Трафигура успеа да задржи континуиран квалитет и сигурност во функционирањето и набавувањето  на неопходните суровини, производи и специјализираните услуги за постојано растечкиот број на наши деловни партнери , на сите континенти...“ Групацијата имаше впечатливо успешен старт на новиот сектор за „Обновлива Енергија" со нови инвестиции во обновливи извори и минерални суровини кои ќе бидат апсолутно неопходни во процесот на транзиција кон чиста енергија и продолжува со засилени инвестиции во пристапот кон управувањето со екологијата и социјалните аспекти диверзифицирано во сите нивни дејности. За таа цел  воспоставија специјално посветен „ESG Commitee“ (Enviromental, Social, Governance) во рамките на нивниот Одбор на Директори , со кој лично претседава извршниот претседател и главен извршен директор , г-дин Џереми Веир. Овие години, секторот за чиста и обновлива енергија , конечно призна дека револуционерната транзиција мора да се ослони на современото и одржливо рударство , односно обезбедување на доволни количини минерали и метали за да се изградат и функционираат соларните панели, турбините на ветер и моќните батерии за електричните возила и „складирање" на енергијата . Справувањето со овој предизвик, ќе биде клучен елемент за да се избегне еколошката катастрофа за човештвото доколку и понатаму главно се ослонуваме на енергијата од фосилните извори. Напредниот свет сẻ појасно го согледува круцијалното значење на развојот на современото, одржливо рударство со научно-технолошко минимизирање на можните негативни влијанија врз животната средина и еко системот на планетата. Драги пријатели, во изминативе денови сите си испочеститавме Нова Година, Божиќни празници, домашни слави и имендени, со безбројни повторувања на истите фрази, зборови и пораки си посакавме добро здравје, среќа и успеси во животот. Од друга страна пак, бруталната реалност на животот безпоштедно нẻ бомбардира со десператни информации, анализи и статистики за здравствените проблеми со долготрајната пандемија, за економската и енергетска криза, ладните радијатори, загадениот воздух, води и почва, за секојдневното покачување на цените на сẻ и сешто, евидентната сиромаштија, за незапирливото иселување од земјава кон економски развиениот свет... Се научивме ли да живееме така? Се помиривме ли со тоа? Нели ви врие во желудникот безизлезноста. По природа сум непомирлив и верувам дека во секој од нас демне желбата, како предатор да нападне и загрми – за подобро, СЕГА и ВЕДНАШ. Сите сме свесни за потребата од неодложни промени, но тие одат бавно и кога се големи чинат многу. Се повторуваме дека за тоа неопходни се итни инвестиции во нашата држава. Но и со ова сознание дозволуваме инвеститорите, оние големи конгломерати кои се веќе присутни и имаат изработено проекти за да инвестираат кај нас, некој неодговорно се обидува да ги избрка. Во нашиот случај се неколкумина локални "политичари-активисти" што упорно шират омраза, го сатанизираат во јавност инвеститорот и го третираат како опасна "терористичка" организација. Со безкрајните игри и одолговлекувања , неразумно ги тераме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект како и од другите потенцијални стратешки проекти во нашата држава кои сосема извесно, за многу краток период би можеле да направат вистински позитивен економски и социјален прогрес! Кој ќе ја понесе одговорноста доколку „успееме" да ја присилиме Групацијата Трафигура да покрене легитимна постапка за заштита на своите права како странски инвеститор , односно да ја активира веќе одамна подготвената меѓународна арбитражна процедура пред „Интернационалниот Центар за Заштита на Инвестициони Спорови " (ICSID) или „ad hoc“ Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на - Комисијата за Меѓународно Трговско Право на Обединетите Нации (UNCITRAL)? Најеминентни меѓународни правни експерти за вакви арбитражни спорови, апсолутно се сигурни дека во овој случај постапката финално ќе резултира позитивно за инвеститорот . Со оглед на планираната долгорочна функционалност на овој Проект, искуствено би се очекувало огромно отштетно финансиско побарување кон нашата држава (веројатно над една милијарда долари!), кое ќе треба сите ние но и нашите поколенија да го отплаќаме. Треба да бидеме рационално свесни дека и самиот чин на евентуално покренување на ваков високо профилен арбитражен спор, гласно ќе одекне во деловните и финансиски кругови во светот  и дефинитивно ќе ја „патосира“ репутацијата на нашата земја и ќе ја маркира на светската мапа како непосакувана и тотално несигурна дестинација за големите странски инвестиции! Искрено се надевам дека никогаш нема да дојде до остварување на ова црно сценарио. Сите ние, граѓаните на Македонија, имаме насушна потреба и од позитивни и оптимистички вести за реално посветла и прогресивна иднина... сẻ уште се надеваме конечно да видиме и чуеме за РЕШЕНИЈА, за акција и дела кои сега и веднаш ќе нẻ извлечат од досегашната депресивна фаза на живуркање и преживување. Д-р Живко Груевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/feed/ 0
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НИКОЛАС ТРЕАНД ЗА „ЕКОНОМИСТ“ Еуромакс и Трафигура се подготвени веднаш да инвестираат во Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pretsedatelot-i-izvrshen-direktor-nikolas-treand-za-ekonomist-euromaks-i-trafigura-se-podgotveni-vednash-da-investiraat-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pretsedatelot-i-izvrshen-direktor-nikolas-treand-za-ekonomist-euromaks-i-trafigura-se-podgotveni-vednash-da-investiraat-vo-severna-makedonija/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=609710

Оваа недела беше направена промоција на македонското годишно издание на „The Economist“, кое ги опфања темите за економијата и светот во 2022-та. „The Economist“ е меѓународно познат неделен магазин кој третира теми од областа на меѓународен бизнис, политика и технологија. Лоциран во Лондон, и е присутен глобално низ целиот свет на сите континенти. Во ова македонско годишно издание на „The Economist“, покрај перспективите и предизвиците во светот во 2022-та, беа покриени и аспектите на македонската економија, во кое свое интервју имаше и Николас Треанд, Претседател и Извршен Директор на Бордот на Еуромакс Ресоурцес. Николас Треанд аргументирано низ бројките, повторно, ја потенцираше потребата за реализација и значењето на мега проектот за иден рудник за бакар Иловица-Штука, ВЕДНАШ и СЕГА. Дополнително тој го изрази неговото верување дека 2022 година може да биде успешна за македонската економија и за проектот Иловица-Штука. Ви пренесуваме дел од интервјуто на Николас Треанд. „Еуромакс Ресоурцес и најголемиот инвеститор Трафигура веднаш може да ги обезбедат потребните странски директни инвестиции од 350 милиони евра за реализација на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука“, вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд. Еуромакс Ресоурцес Лимитед е канадската компанија која котира на берзата во Торонто, Канада, а според нејзиниот прв човек имаат доверба дека во Северна Македонија ќе продолжат со развој на проектот Иловица – Штука. „Покрај долгогодишниот процес за добивање на дозволи, менаџментот на Еуромакс Ресоурцес, и Трафигура сẻ уште имаат доверба во Република Северна Македонија и остануваат цврсто на определбата да го развијат овој мега инвестициски Проект и на тој начин сериозно да помогнат во економското заздравување. Таа цврста определба може да се потврди и со програмата за општествена одговорност што се спроведуваше во текот на 2021 година, а за која претходно беше определен буџет во износ од 1 милион евра“,вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд. Во Еуромакс веруваат дека 2022 година ќе биде успешна за македонската економија и за Проектот „Иловица-Штука“. „Податоците за економските ефекти од развојот на Проектот Иловица-Штука без дилеми потврдуваат дека отворањето на идниот рудник за бакар сериозно ќе придонесе во економското оправување на македонската економија, и поради тоа ја наметнува потребата истиот да се реализира сега и веднаш“, вели Треанд. Реализацијата на инвестицијата во Проектот „Иловица-Штука“, вредна 350 милиони евра, ќе отвори 3200 нови работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс. Ќе овозможи извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци. Дополнително, во текот на 20 годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери. Треанд посочува дека со реализацијата на оваа странска директна инвестиција и реализираниот прилив од предвидениот извоз се очекува да се остварат нето приливи во македонската економија во износ од над 3 милијарди евра, што е доволно да се отплати надворешниот долг на државата за повеќе од 35%, со што ќе се овозможи сериозно олабавување на притисокот од континуираното растење на надворешниот долг а тоа ќе отвори можност за идно надворешно задолжување за да се реализираат други проекти значајни за развојот на македонската економијата. Како краен ефект, се проценува дека во текот на наредните 20 години со работењето на идниот рударски комплекс ќе се придонесе до зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво на веќе проектираниот раст од 4%, односно ќе се овозможи раст на БДП од 8% на годишно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pretsedatelot-i-izvrshen-direktor-nikolas-treand-za-ekonomist-euromaks-i-trafigura-se-podgotveni-vednash-da-investiraat-vo-severna-makedonija/feed/ 0