трагедија во бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 10:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трагедија во бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полетаа двата авиона со посмртните останки од Софија за Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/#respond Fri, 03 Dec 2021 10:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=603526

Двата воени авиона полетаа од софискиот аеродром со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија. На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата. Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletaa-dvata-aviona-so-posmrtnite-ostanki-od-sofija-za-skopje/feed/ 0
По барање на семејствата: Нема да има поворка, телата на починатите од аеродромот ќе бидат предадени на нивните најблиски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-baranje-na-semejstvata-nema-da-ima-povorka-telata-na-pochinatite-od-aerodromot-kje-bidat-predadeni-na-nivnite-najbliski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-baranje-na-semejstvata-nema-da-ima-povorka-telata-na-pochinatite-od-aerodromot-kje-bidat-predadeni-na-nivnite-najbliski/#respond Fri, 03 Dec 2021 08:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=603420

Од Министерството за надворешни работи известуваат за измена на саатници при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта. -Посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта. Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот, велат од МНР. -Веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма, а нивната идентификација е направена со ДНК профили, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов вчера за БТА. Со указ на јавниот обвинител, информира тој, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република  Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини. Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата во меѓувреме задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 – те македонски државјани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето на сообраќајната несреќа се случиле бројни несреќи при што биле оштетени заштитните огради. Во овој случај, имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента. Од Институтот за безбедност на патиштата сугерираат дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа. Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Ова е, наведуваат, причината поради која заштитната ограда се скинала и покрај малата брзина со која удрил автобусот. -Кобната делница на „Струма“ е пуштена во употреба пред 20 години без Акт 16. Утврдено е и дека недостасуваат знаци и дека има оштетени ознаки. Испратен е извештај и до Агенцијата за патна инфраструктура, а оваа информација треба да биде проверена од истражните органи на Бугарија, велат од невладината организација. Во меѓувреме, вчера обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, изјавија за БТВ, дека е позната причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одбил да ја открие причината за пожарот и рекол дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-baranje-na-semejstvata-nema-da-ima-povorka-telata-na-pochinatite-od-aerodromot-kje-bidat-predadeni-na-nivnite-najbliski/feed/ 0
Лефков: Пет дена власта бега од одговори и одговорност за низа пропусти на системот, неопходни се итни мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pet-dena-vlasta-bega-od-odgovori-i-odgovornost-za-niza-propusti-na-sistemot-neophodni-se-itni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pet-dena-vlasta-bega-od-odgovori-i-odgovornost-za-niza-propusti-na-sistemot-neophodni-se-itni-merki/#respond Sat, 27 Nov 2021 10:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=600550

Пет дена од катастрофата со автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 граѓани на Македонија, власта нема конкретни одговори, а камо ли пак одговорност. Власта не кажува како е можно конкретниот автобус во кој загинаа 45 лица, без лиценца за меѓународен транспорт да ја напушти државата? Тоа е исто како човек без соодветен документ да ја помине границата и да отиде во друга држава. Патем да биде уште посомнително е како овој автобус од Беса Транс поминал во 2020 и 2021 година вкупно 135 пати по нашите гранични премини, истакна Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Како е возможно Царинската управа на кобното патување овој автобус и останатите три од конвојот да не ги евидентирале во системот? Тука има и уште една контрадикторност. Министерот Бочварски тврди дека според неговите информации во конвојот патувал само еден автобус на Беса транс, а другите три биле изнајмени, а директорката на Царина Кутиров посочува дека сите автобуси биле од една иста компанија? Ако сите автобуси биле од една иста компанија, тогаш како може на толку далечно патување да се испратат четири автобуси, од кој еден не ни имал лиценца, а компанијата да има пријавено само четири  возачи? За какво владеење на правото можеме да зборуваме кога надлежниот Државен инспекторат за транспорт воден од Руфат Хусеини, поранешен градоначалник на Зајас, не може да влезе во Беса транс и тоа да го правда дека немало кој да им отвори? Како е возможно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да забранува прашања за оваа несреќа во која животите ги изгубија 45 лица и како се’ да е нормално да држи пресови за буџетот? Овде веќе се работи за низа пропусти во системот, сомнежи за злоупотреби, криминал и корупција, вели Лефков. Тој обвинува дека додека директорката на царина крева раменици, додека Бочварски се препелка во лаги, додека директорот на инспекторатот Хусеини не може да отвори една вратa, додека Спасовски бега од прашања, граѓаните бараат се повеќе одговори и одговорност. „Ова е веќе безобразно однесување на власта. Сите овие гореспоменати да имаа грам морал ќе поднесеа веќе оставка. Беса транс не можела да вози на диво без заштита од врвот на власта. Кој ќарувал од овој криминал? Кој ќарувал од заштитата на системот на мафијата? ВМРО-ДПМНЕ бара одговори и одговорност од власта, но и итни вонредни мерки со цел да се превенира за да не се случат слични катастрофи. Да ги повториме мерките кои ги предлагаме:
  1. Вонреден технички преглед на сите патнички автобуси и средства за јавен траспорт на патници на трошок на државата. Да се провери во какви услови се превезуваат луѓето.
  2. Вонредна контрола на станиците за технички преглед, во поглед на условите и начинот на работа.
  3. Истрага за тоа како поминал автобусот на граница без да е впишан во регистарот на автобуси. Неприфатливо е префрлањето на одговорност царина-полиција-инспекторат.
  4. Јавно објавување на регистарот на автобуси и негов најнов апдејт.
  5. Во иднина сите автобуси постари од 8 години наместо 2 задолжителни технички прегледи годишно да имаат најмалку 3, а автобусите постари од 12 години да имаат 4.
Дополнителните мерки, надвор од редовните мерки, да бидат на товар на државата. Само вака ќе бидеме сигурни дека сме направиле нешто да ги заштитиме животите на патниците во јавниот превоз и безбедноста во сообраќајот. Неодговорноста на власта ја видовме на дело и во оваа трагедија и во случајот со тетовскaта болница и за жал таа чини човечки животи, но барем да извлечеме поука и да спречиме нови катастрофи“ - порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pet-dena-vlasta-bega-od-odgovori-i-odgovornost-za-niza-propusti-na-sistemot-neophodni-se-itni-merki/feed/ 0
Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-bolnicata-pirogov-otpushteni-dvajca-od-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-bolnicata-pirogov-otpushteni-dvajca-od-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Sat, 27 Nov 2021 09:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=600487

Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во  Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница Пирогов ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија. Другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера. Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 неомрви, а еден на 1 декември. Несреќата се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“. Загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-bolnicata-pirogov-otpushteni-dvajca-od-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0
Почнува транспортот на повредените во автобуската несреќа, следната недела и на посмртните останки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-transportot-na-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja-slednata-nedela-i-na-posmrtnite-ostanki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-transportot-na-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja-slednata-nedela-i-na-posmrtnite-ostanki/#respond Sat, 27 Nov 2021 08:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=600441

Почнува враќањето во Македонија на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Повредените се во добра и стабилна здравствена состојба. Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство. Повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување. За преносот на посмртните останки, акциски план треба да изготви Работната група што ја формира Владата и на чие чело е токму Османи. Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите. -Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки. Имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, рече Османи. При дополнителениот увид што вчера го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус на „Беса транс“ на автопатот „Струма“ е пронајдено уште едно тело на дете. Со ова, бројката на пронајдени тела во автобусот се искачи на 45. Портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева на прес-конференција во четвртокот изјави дека на местото на несреќата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица. Од софиската Брза помош се децидни дека од местото на несреќата во софиската болница „Пирогов“ биле пренесени седуммина повредени патници. Дилемата за „осмиот патник“ се разреши откако од Софија беше потврдено дека едно лице, бугарски државјанин, по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата. Тој се обратил до редакцијата на „24 Часа“, објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма“. Кажал дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов“ во Софија, поради скршеница на раката. Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, излегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека тој веќе е отпуштен од болницата. Претставници на Јавното обвинителство на Бугарија се во земјава и денеска во Јавното обвинителство на РСМ ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс“ и податоци од Министерството за транспорт и врски. На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, како што информира вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина, единствено, како што рече „со цел да се забрза постапката“. Обвинителот Јовески вели дека нема никаков сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело, затоа што од сликите се гледа дека автобусот е многу оштетен. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во однос на најновите информации кои стигнале до МВР од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, информира дека е обезбеден биолошки материјал од роднини на 44 патници, а добиените ДНК профили се предадени во нашето обвинителство. Овој материјал ќе биде предаден на надлежните служби во Бугарија, кои ќе прават поврзувања по роднински врски со пронајдените останки, а биолошки материјал за 45-тиот патник е обезбеден во Софија. Спасовски информира дека автобусот на „Беса транс“ бил технички исправен и со важност на регистрација до 13 октомври 2022. Последниот технички преглед бил направен на 5-ти минатиот месец. Се осврна и на деталите во врска со несреќата. Рече дека на 23 ноември 2021 година тим на МВР присуствувал на самото место на сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А-3, делница Софија – Дупница во Република Бугарија. -Во несреќата учествуваше автобус марка „Меrcedes Benz“ со регистарски број SK 0284 BA, сопственост на правното лице „Беса транс“ со седиште во село Рашче, Општина Сарај. Она што го дозна тимот на местото на несреќата е дека предметниот автобус, кој се движел на релација од Турција кон Северна Македонија, на местото викано Кулата‘ на автопатот А3, удрил во банкината и еластичната ограда од десната страна која го раздвојува постојното одморалиште покрај автопатот, при што возачот изгубил контрола на возилото и притоа дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото, посочи Спасовски. Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршело од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија. По вчерашниот безуспешен обид на инспекторите да извршат вонредна контрола во компанијата, министерот Спасовски на прес-конференција потврди дека се вршат претреси не само во просториите на „Беса Транс“, туку и на други локации со цел да се обезбедат доказни материјали. „Беса транс“, сепак, имала истечена лиценца за линиски превоз и користела изводи од други возила. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера попладне на прес-конференција соопшти дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК0284 БА не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, не поседувал извод од лиценца за автобусот, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус. Според Бочварски, превозникот „Беса транс“ поседувал две лиценци за работа: лиценца за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај со број 00701 за која е донесено решение да му биде одземена поради злоупотреба и лиценца за линиски превоз на патници во внатрешниот сообраќај со број 8528 која е истечена во октомври 2021 година, односно е неважечка. Овие лиценци, нагласи Бочварски, се однесуваат на правното лице „Беса транс БТБ“ како фирма, а не на превозни средства. -Во однос на поседување на изводите од лиценци за автобуси за слободен превоз на патници во меѓународниот сообраќај, превозникот „Беса Транс БТБ“, поседувал изводи од лиценци за четири автобуси, истакна Бочварски. Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, објасни министерот, превозникот може да почне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило. Превозникот ниту го пријавил, ниту побарал од Министерството за транспорт и врски извод од лиценца за опожарениот автобус и поради тоа не е евидентиран во единствената база на податоци. – Друга работа што е многу важна, а со која се шпекулира во јавноста е начинот како превозникот Беса Транс БТБ ја минувал границата. Изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс БТБ, потенцира Бочварски. Тоа, дополни, јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај. По барање на Обвинителството, Министерството за транспорт веќе ја предало целосната документација за превозникот „Беса Транс БТБ“ и во наредниот период ќе постапува според барањата и потребите на Обвинителството. -Превозникот има право на жалба, но жалбата не го одлага решението што значи дека тој има обврска да ја депонира лиценцата и изводите од лиценци назад во Министерството, дециден е Бочварски. Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на Беса Транс немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија. Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле прекршени, но Европската Комисија не се меша во истрагата. Одговорноста за надзор и проверка на документацијата и спроведувањето на законите на ЕУ е во рацете на земјите членки на Унијата. Доколку се утврди во истрага дека превозникот патувал со нелегална или фалсификувана лиценца, може да се очекува Европската Комисија да осуди ваква пракса која не само што е закана за „слободната конкурентност во ЕУ“, туку претставува загрозување на животите на патниците. Според правилата на ЕУ, лиценца не би смеело автобусот да добил од Бугарија, бидејќи европското законодавство не дозволува издавање на лиценци на оператори чии возила се регистрирани надвор од земјите членки на ЕУ. Несреќата се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“. Загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители, жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-transportot-na-povredenite-vo-avtobuskata-nesrekja-slednata-nedela-i-na-posmrtnite-ostanki/feed/ 0
Преживеаните се во тешка психичка состојба: Сѐ уште се истражува дали имало експлозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-se-vo-teshka-psihichka-sostojba-s-ushte-se-istrazuva-dali-imalo-eksplozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-se-vo-teshka-psihichka-sostojba-s-ushte-se-istrazuva-dali-imalo-eksplozija/#respond Tue, 23 Nov 2021 19:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=599026

Седуммината преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница. Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните. -Повредените се  во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија. Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство. Сител објави дека македонскиот амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-se-vo-teshka-psihichka-sostojba-s-ushte-se-istrazuva-dali-imalo-eksplozija/feed/ 0
По големата трагедија, се огласија од „Беса транс“: Во голем шок сме… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-golemata-tragedija-se-oglasija-od-besa-trans-vo-golem-shok-sme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-golemata-tragedija-se-oglasija-od-besa-trans-vo-golem-shok-sme/#respond Tue, 23 Nov 2021 16:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=598938

Компанијата „Беса транс – Скопје“ на својот профил на Фејсбук упати телеграма со сочувство по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 луѓе. „Телеграма со сочувство! Денеска е многу тажен и тежок ден за нас како компанија, изразуваме сочувство до семејствата и роднините на починатите, молиме за брзо оздравување на преживеаните. Компанијата во целост соработува со надлежните институции со Р.C. Македонија и Р. Бугарија утврдат причините за оваа страшна трагедија! Се извинуваме на сите што не сме во можност да одговориме на бараните информации, бидејќи сме во голем шок. Со почит. За секакви информации во врска со случајот јавете се на 075273732“, гласи пораката упатена во јавноста од компанијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-golemata-tragedija-se-oglasija-od-besa-trans-vo-golem-shok-sme/feed/ 0