Трајан Ангелоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 15:51:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трајан Ангелоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелоски на годишен самит на Светската коморска федерација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-na-godishen-samit-na-svetskata-komorska-federacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-na-godishen-samit-na-svetskata-komorska-federacija/#respond Mon, 07 Nov 2022 15:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=756995

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора и Николас Урибе претседател на Светската коморска федерација. Дејствувањето на стопанските комори ќе биде во насока на градење на политики со пет приоритети на дејствување. Овозможување на функционирање на глобалната трговија е еден од приоритетите кон им е потребен на бизнисите. Акцент се става и на промовирање на пристап до правдата и владеење на правото, преку проширување на пристап до доверливо и непристрасно избегнување и решавање на спорови, подобрување на ефикасноста на арбитражатa и другите услуги за алтернативно решавање спорови. Како трет приоритет се акцентира исполнување на целите за глобална одржливост и климатска акција преку подобра хармонизација на националните политики. Приоритет треба да биде и обликување на дигитална економија преку олеснување на користењето на конзистентни интернационални стандарди и алатки, поставување на правна рамка за трговија со помалку документи, имплементација на инструменти за заштита од сајбер криминал. Петти приоритет на делувањето е зајакнување на мултилатералната соработка, преку обликување а ефикасен меѓународен одговор за големите економски предизвици. На маргините на годишниот самит Ангелоски како единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион, оствари повеќе средби и состаноци со претставници на други комори, како и со Џон Дентон, генерален секретар на Интернационалната стопанска комора на кои се дискутираше за продлабочување и зајакнување на соработка. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој. Интернационалната стопанска комора е институционален претставник на повеќе од 45 милиони компании во над 100 земји со главна мисија да се направи бизнисот да функционира непречено за секој деловен субјект, насекаде во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-na-godishen-samit-na-svetskata-komorska-federacija/feed/ 0
Ангелоски: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-potrebna-e-seriozna-drzavna-poddrshka-za-spravuvanje-so-energetskoto-cunami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-potrebna-e-seriozna-drzavna-poddrshka-za-spravuvanje-so-energetskoto-cunami/#respond Fri, 26 Aug 2022 11:31:48 +0000 https://kurir.mk/?p=724332

Енергетската криза сериозно го погодува стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите преставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски на денешната прескоференција, потенцирајќи дека веднаш се потребни конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, како и план за зголемување на енергетската независност и ефикасност.

„Во глобални рамки енергетскиот отворен пазар е надвор од контрола. Не постои производ или услуга која може да поднесе цена на струја од 600 или 700 евра за мегават час, односно не постои компанија koja можe да го покрие овој трошок без многу сериозни последици.Исто така домашните производи со овие цени на електричната енергија се целосно неконкурентни на надворешните пазари, бидејќи во соседните земји струјата се продава по цени кои се движат помеѓу 50 и 85 евра за мегават час. Слободниот енергетски пазар не треба да значи и пазар без никаква контрола“, истакна Ангелоски.

Сојузот во соработка со експерти изготви пакет на мерки кои се неопходни за да може да се зачува ликвидноста на претпријатијата и нивната деловна активности.

„Цената на електричната енергија мора да се ограничи на одреден начин, односно до одредено ниво да ја плаќаат компаниите, a над тоа ниво да ја плаќа владата преку фондовите наменети за енергетска кризна состојба. Ваков тип на субвенции постојат во повеќе европски држави. Во ваква кризна состојба треба да се овозможи приклучокот на фотоволтаичните електрани да може да се направи само со енергетска согласност доколку постојат технички услови, а во дополнителен рок од 120 дена да се обезбедат сите останати дополнителни документи. Нелогично е да се бараат 24 документи само во Регулаторна комисија и да се плаќаат 500 евра непотребни давачка на секое барање“, изјави Ангелоски.

Се истакнува и барање за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите. Со цел да се дестимулира употреба потребно е да се воведе дополнителен данок за користење на енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење (парно).

-Очекуваме ЕЛЕМ да обезбеди дополнителни кочини на електрична енергија од домашно производство за слободниот пазар и на тој начин да се намали цената на струјата. Во таа насока неопходно е да престане дискриминацијата на потрошувачите, односно потребно е да се обезбеди и физички лица и правни лица да имаат исто право да користат домашна поевтина енергија, потенцираше Ангелоски.

Претседателот на Сојузот, презентираше и мерки за зголемување на енергетската  ефикасност, меѓу кои се оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно, кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни. Потребно е да се реконструираат сите енергетски неефикасни државни објекти со замена на прозорци, фасади и кровови. Се предлага во Законот на градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително ќе постои обврска за монтирање на  енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите. Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел  од комуналните давачки  да се одредува според  енергетска класа на објектот.

-Ситуацијата во која се наоѓаме во овој момент се должи и на тоа што со години наназад не му се дозволуваше на приватниот сектор да инвестира во енергетиката. Сега е време овој пропуст да се исправи и да се плати неговата цена. По стабилизирање на состојбите приватниот сектор каде се создава додадената вредност во економијата ќе врати за поддршката која ќе ја добие, порача Ангелоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angeloski-potrebna-e-seriozna-drzavna-poddrshka-za-spravuvanje-so-energetskoto-cunami/feed/ 0
Ангелоски за Блумберг Адриа: Се наоѓаме во економско цунами, бизнисот очекува сериозна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-za-blumberg-adria-se-naogjame-vo-ekonomsko-cunami-biznisot-ochekuva-seriozna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-za-blumberg-adria-se-naogjame-vo-ekonomsko-cunami-biznisot-ochekuva-seriozna-poddrshka/#respond Thu, 28 Jul 2022 09:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=711260

Претпријатијата се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од растот на цените на енергенсите, а за да се избегнат сериозни и долгорочни последици неопходна е соодветно димензионирана и таргетирана државна поддршка, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски во интервју за Блумберг Адриа. „Со енормниот раст на цените на енергенсите деловната активности на многу претпријатија стануваат неодржливи. Поради тоа значајна бројка на претпријатија го стопираат производството, а некои се трудат да го адаптираат во ноќен режим или со некои други модификации кои ќе овозможат помала потрошувачка на енергија. Факт е дека Македонија не е директно погодена од цената на гасот бидејќи нема голема дистрибутивна мрежа, но порастот на цената на гасот на берзите веднаш повлекува и пораст на цената на електричната енергија, тоа делува многу негативно“ истакна Ангелоски. Тој се осврна и кон тоа дека цените на одредени суровини одат кон стабилизација, но сепак цената на најглавната суровина, енергенсите, не само што не е стабилизирана туку руши рекорди. „Цената на гасот достигна 2.000 долари и никој не може да предвид до каде ќе оди овој раст, а енергенсите се основа на сите калкулации. Економската криза во која се наоѓаме е на ниво на елементарна непогода, односно енергетско цунами, без сериозна државна поддршка економијата ќе претрпи големи последици. Очекуваме од надлежните институции да ја оправдаат својата улога и да донесат храбри чекори за да им помогнат на компаниите во овој клучен момент“, потенцираше Ангелоски. На новинарско прашање како ги коментира мерките кои ги најавија владини претставници по средба со една од стопанските комори тој одговори: „Барањата кои се испорачаа сметаме дека не се суштински, повеќе се модификации на одредени состојби кои ги имало во минатото, кои се незначителни и по количина и по обем. Сојузот на стопански комори бара похрабри реформи во инвестирањето во обновливи извори на енергија како и да им се помогне на претпријатијата во достапност на струја од државните електрани“, истакна Ангелоски. Во интервјуто тој се осврна и кон прогнозите според кои македонската економија во последниот квартал од оваа година веројатно ќе влезе во рецесија, како и кон тоа дека почетокот на преговорите за членство во Европската Унија може да биде позитивен сигнал за странски инвеститори. „Очекуваме почетокот на преговорите со Европската Унија да влијае позитивно во однос на привлекувањето на странски инвестиции. На кое ново ќе го биде тоа, ќе видиме во следниот временски период, бидејќи европските држави се соочуваат со голем број на проблеми поврзани со енергетската криза“, истакна Ангелоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-za-blumberg-adria-se-naogjame-vo-ekonomsko-cunami-biznisot-ochekuva-seriozna-poddrshka/feed/ 0
ССК: Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-vospostavuvanje-na-brza-lenta-na-granicite-za-turistichkite-avtobusi-vo-ramki-na-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-vospostavuvanje-na-brza-lenta-na-granicite-za-turistichkite-avtobusi-vo-ramki-na-otvoren-balkan/#respond Thu, 09 Jun 2022 09:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=688749

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски и претседателот на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим беа дел од самитот „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, како настан од голема важност на кој присуствуваа највисоки државни претставници од нашата земја, Албанија, Србија кои се дел од Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и претставници на деловните мрежи, туристичкиот сектор. Претседателот на Сојузот, Ангелоски истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“, е исклучително важна бидејќи ќе ја унапреди економската соработка во регион, што сега е потребно повеќе од кога било порано, ако се земат во предвид сите негативните фактори кои ги зесегаат бизнисите, граѓаните и општествата пошироко. „Ние како претставници на бизнис заедницата ставаме акцент на забрзување на протокот на луѓе и стоки што е од особено значење за непречено одвивање на деловните активности. Во таа насока истакнуваме иницијатива за воспоставување на зелена линија за движење на патници и туристички автобуси во земјите кои се дел од „Отворен Балкан“, истакна Ангелоски. Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот, Аркан Керим појаснува дека иницијативата се однесува на организираните туристички автобуси за кои би се овозможило брз проток на граничните премини во земјите од „Отворен Балкан“ како и за организирани туристички посети кои доаѓаат од трети земји. „ Автобусите сега се задржуваат на граничните премини два до три часа што е навистина загубено време. Ова е проблем на речиси сите гранични прекини. Затоа и ја истакнуваме оваа иницијатива која ќе има значаен позитивен ефект. Туроператорите или туристичките агенции кои ги организираат патувањата ќе имаат обврска една недела пред патувањето да ги информираат граничните служби за личните податоци на патниците како име и презиме и бројот на патната исправа “, појаснува Керим. Претставниците на Сојузот во рамките на самитот остварија средби со високите претставници на државните институции од другите земји како и со претставниците на стопанските комори на кои меѓу другото акцент се стави на големиот потенција за развој на туризмот. „Нашата иницијатива беше одлично прифатена бидејќи сите се соочуваме со истиот проблем. Се договоривме заеднички да работиме на реализација на оваа идеја, секој во својата земја и до септември да се обидеме ова да го имплементираме во пракса“, истакнува претседателот на Туристичко-угостителската комора. За реализација на оваа иницијатива позитивно окружување создава и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот, кој го потпишаа министери од нашата земја, Албанија и од Србија. Со овој документ се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-vospostavuvanje-na-brza-lenta-na-granicite-za-turistichkite-avtobusi-vo-ramki-na-otvoren-balkan/feed/ 0
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ssk-angeloski-od-vojvodina-zelen-navigator-kje-obezbedi-fond-za-zeleni-proekti-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ssk-angeloski-od-vojvodina-zelen-navigator-kje-obezbedi-fond-za-zeleni-proekti-na-zapaden-balkan/#respond Wed, 18 May 2022 07:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=678203

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. - Климатските промени силно ги допираат сите сегменти на општеството, тие не познаваат граници и не дозволуваат одложување на преземање на мерки. Мора силно да влијаеме на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и на справување со климатските промени. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација, рече Ангелоски и истакна дека со задоволство ја прифатил поканата да биде дел од иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“, која ја оцени како модерна и пионерска идеја со голем потенцијал. На настанот се обрати претседателот на Покраинската влада на Војводина Игор Мировиќ, министерката за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ, министерот за европска интеграција и меѓународна соработка Златан Клокиќ како и членови на органите на управување на „Зелен навигатор“. Беше истакнато дека од особена важност е да се забрза процесот на декарбонизација и дека овие активности мора да има континуитет, иако сега вниманието на светската јавност е насочени кон пандемијата, економската криза и воениот конфликт во Украина. Цената што се плаќа од почетокот на индустриската револуција до денес е многу висока, а тоа се одразува во континуираниот раст на штетните гасови и глобалното затоплување, затоа е многу важно да се забрза декарбонизацијата на економијата. Беше изразено и очекување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од стопанството, стопанствениците и меѓународните финансиски институции. Цел на делувањето на „Зелен навигатор“ е и да се поттикнат државните институции да ги усогласат своите политики, за да може да се влијае на намалувањето на штетните гасови и на дигитализацијата на индустрискиот сектор, да се инвестира во обновливите извори на енергија и земјоделството, како и се друго што ќе придонесе за забавување климатските промени и нивното негативно. Во март годинава се одржа основачкото собрание на „Зелен навигатор“ кога претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор. Зелена навигатор функционира со поддршка на Развојниот и Гаранциски фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска, а се формираше на иницијатива на претседателот на Покраинската влада на Војводина, Игор Мировиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ssk-angeloski-od-vojvodina-zelen-navigator-kje-obezbedi-fond-za-zeleni-proekti-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Трајан Ангелоски е новиот претседател на ССК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajan-angeloski-e-noviot-pretsedatel-na-ssk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajan-angeloski-e-noviot-pretsedatel-na-ssk/#respond Mon, 22 Nov 2021 15:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=598365

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Ангелоски доаѓа на местото на Данела Арсовска која, пред да биде избрана за градоначалник на Скопје, беше прв човек на ССК. Собранието на ССК денеска на седница го потврди изборот на Ангелоски. Тој е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која раководи повеќе од 10 години. Досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки. Како што соопшти Сојузот, активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на ССК. -Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа, вели Ангелоски. На предлог на новиот претседател избрани се и тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора и Ивица Јакимоски претседател на Градежната комора, а потврдени се и  досегашните потпретседатели Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители и Габриела Кулебанова.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajan-angeloski-e-noviot-pretsedatel-na-ssk/feed/ 0