Трајче Нешковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Oct 2020 09:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трајче Нешковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-soobrakjajkata-na-ruzveltova-vo-koja-zagina-mlad-doktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-soobrakjajkata-na-ruzveltova-vo-koja-zagina-mlad-doktor/#respond Thu, 15 Oct 2020 09:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=416659

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната несреќа која се случи вчера, а во која животот го загуби младиот доктор Трајче Нешковски. Според информациите, полицијата добила пријава околу 16:45 часот дека на ул.„Франклин Рузвелт“  се случила собраќајна незгода помеѓу „Цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Т.Н.(32) од Гостивар и „Опел“, со струмички регистарски ознаки управуван од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко. -Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Дел од медиумите повикувајќи се на болнички извори вчера објавија дека починатиот Нешковски доживеал срцев удар пред несреќата додека управувал со возилото. Доктор Нешковски бил пулмолог и работел во Ковид центарот во Козле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-soobrakjajkata-na-ruzveltova-vo-koja-zagina-mlad-doktor/feed/ 0
Генералниот секретар на СДСМ се прости со Трајче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalniot-sekretar-na-sdsm-se-prosti-so-trajche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalniot-sekretar-na-sdsm-se-prosti-so-trajche/#respond Wed, 14 Oct 2020 18:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=416468

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се прости со Трајче Нешковски кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“. -Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук. Нешковски при возење доживеал срцев удар и се заби во дрво на „Рузвелтова“. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат. Медиумите шпекулираа дека тој бил во алкохолизирана состојба, но болнички тврдат дека тоа не е точно. https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2836949309859923]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/generalniot-sekretar-na-sdsm-se-prosti-so-trajche/feed/ 0