трајче заев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Apr 2021 10:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трајче заев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи Трајче Заев, потврди дека е надвор на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-trajche-zaev-potvrdi-deka-e-nadvor-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-trajche-zaev-potvrdi-deka-e-nadvor-na-makedonija/#respond Sun, 11 Apr 2021 10:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=495541

Преку социјалните мрежи се огласи Трајче Заев кој потврди дека се наоѓа надвор од Македонија. Неговиот статус ви го пренесуваме во продолжение. -Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, пишува Заев во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-trajche-zaev-potvrdi-deka-e-nadvor-na-makedonija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски молчи за акцијата на ДЕА, уапсен шоферот на Трајче Заев, а Трајче Заев избегал во Дубаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-molchi-za-akcijata-na-dea-uapsen-shoferot-na-trajche-zaev-a-trajche-zaev-izbegal-vo-dubai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-molchi-za-akcijata-na-dea-uapsen-shoferot-na-trajche-zaev-a-trajche-zaev-izbegal-vo-dubai/#respond Sun, 11 Apr 2021 07:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=495445

ВМРО-ДПМНЕ вели дека кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР. -После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев. Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски - Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици. Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице, се вели во соопштението на партијата. Оттука логично се поставува прашањето дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА? Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи? -Криминалот на власта излегува на виделина. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-molchi-za-akcijata-na-dea-uapsen-shoferot-na-trajche-zaev-a-trajche-zaev-izbegal-vo-dubai/feed/ 0
Лидер: Во акцијата за дрога настрада и шоферот на Трајче Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lider-vo-akcijata-za-droga-nastrada-i-shoferot-na-trajche-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lider-vo-akcijata-za-droga-nastrada-i-shoferot-na-trajche-zaev/#respond Fri, 09 Apr 2021 16:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=494977

Еден од приведените во денешната акција на МВР е шоферот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев, објави „Лидер“ . Како што пишува Лидер, станува збор за Александар Ушилковски кој наводно бил фатен со дрога во вредност од 800 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lider-vo-akcijata-za-droga-nastrada-i-shoferot-na-trajche-zaev/feed/ 0
Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-audio-bomba-se-gledam-so-vice-dadoa-zeleno-svetlo-da-mu-se-zapali-kolata-trajche-zaev-dade-crven-karton-da-ne-raboti-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-audio-bomba-se-gledam-so-vice-dadoa-zeleno-svetlo-da-mu-se-zapali-kolata-trajche-zaev-dade-crven-karton-da-ne-raboti-nishto/#respond Sat, 04 Jul 2020 10:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=368825

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците натендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот, објави Инфомакс. Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ. Потоа воедно се фали и дека Трајче Заев, братучед на Вице Заев дава црвени картони кој да се занимава со бизнис, а кој не. Тушникот: Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев во Струмица. И само мукажав, со Вицето (Заев) ќе се видам вторник или среда. Има тука многу 5 или 6души кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се закануват. Јас си направив моја екипа, затоа не сакам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене да не спојат неќам. Сфаќаш? Стојче Чифлигароски: Така, така Тушникот: Сега јас тие морам да ги средам, сфаќаш. На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу јапретера, многу. Стојче Чифлигароски: Кој? Тушникот: Чаки едно дете го викаме тука, од ВМРО е тој така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво. Стојче Чифлигароски: Добро Тушникот: И не само тој, има јас ќе ги средам сите. Стојче Чифлигароски: така Тушникот: Значи зелено светло ми е дадено. Рашо го знаеш ти, така? Стојче Чифлигароски: Го знам како не. Потоа може дасе дознае од аудиото дека Тушникот преку струмичката мрежа заработел 30-40илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор за што добил златен часовник како награда, но и дека планира да земе автомобил без документи,но и дека Трајче Заев е тој кој дава дозвола кој да работи а кој не во Струмица. Тушникот: Значи јас бев во Струмица,заработев некои 30-40 илјади евра. Правевме некои работи таму, со адвокатоттаму, еден Турчин го извадовме од притвор. Го имаа пикнато, тој не почасти еденсат убав 30 илјади евра е тој. Стојче Чифлигароски: Добро Тушникот: И вложуваше. Направија една фабрика за канабис и за она за плантажи. Цело време заедно и на крајот,реално ќе ти кажам тебе, на крајот се потскараа со Трајче (Заев). Стојче Чифлигароски: Добро Тушникот: Трајче (Заев) му даде црвен картон и тој не може таму да работи со тоа. Е сега во оваа работа целајас испаднав заебан, сега ќе ти кажам зошто. Јас си земав тие парите тука, набанка тука. Едно време и едно време се плати имаше давачки за клубот. 50 илјади евра месечно за клубот брат, за фудбалери и ми вели колку имаш да ми ги дадешбрат да дадеме плата да не се срамиме. Ние тогаш почнуваме сакам да ти дадам. А тогаш лиценцата ја чекавме се си беше ок. И Стојче ништо бе брат го заглавија. Не дека нема да ми ги врати ама ме блокира брат. Џабе отидов, џабе работев. Останав кога ќе видиш. Некој да работи да ти земи назад. А другар како брат заедно живеевме. На исто место спиевме. Како да не му ги дадеш така? Стојче Чифлигароски: Така Тушникот: Тоа помина замина. Работата што со тебе се гледам поддршка да ми дадеш ако можеш да ми ги дадешоние парите, да ми ги префрлиш побрзо, да можам да движам. Ме разбираш Стојче Чифлигароски: А штонаправивте со овој завршивте работа Тушникот: Завршено е, ама не знам брат не се префрлено Стојче Чифлигароски: готово. Утре Тушникот: Да не треба да се чека уште малку. Не сакам на Вице (Заев) да му барам ќе рече те пуштив кај Стојче, знаеш ќе ми е незгодно. Што ќе рече, овој бара. А друго е кога ќе дојдат изборите нека тепате тогаш друго ќе барам. Така не? Стојче Чифлигароски: Фала Богубе ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-audio-bomba-se-gledam-so-vice-dadoa-zeleno-svetlo-da-mu-se-zapali-kolata-trajche-zaev-dade-crven-karton-da-ne-raboti-nishto/feed/ 0
Американски „Блумберг“: Трајче Заев, братучедот на премиерот, одби разговор за бизнисот со марихуана, Македонија има голем проблем со корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-blumberg-trajche-zaev-bratuchedot-na-premierot-odbi-razgovor-za-biznisot-so-marihuana-makedonija-ima-golem-problem-so-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-blumberg-trajche-zaev-bratuchedot-na-premierot-odbi-razgovor-za-biznisot-so-marihuana-makedonija-ima-golem-problem-so-korupcijata/#respond Sat, 21 Sep 2019 11:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=243115

Јане Севдински порано работел во правниот оддел во Министерството за финансии. Тој и еден пријател сега инвестираат повеќе од 1 милион евра во четири огромни оранжерии. Поранешниот карате-инструктор Златко Кесковски е многу пред нив. Во неговите објекти, работници облечени во медицински комбинезони ги негуваат цветовите израснати под флуоресцентни светла, внимателно следејќи ги и документирајќи ги производството и складирањето. „Сите во Македонија сакаат да бидат одгледувачи на канабис“- е насловот на анализата на американски „Блумберг“, која можете да ја прочитате во продолжение. Можеби станува збор за еден од понеобичните економски модели, но овие двајца се дел од планот да ја претворат поранешната југословенска република сега наречена Северна Македонија во нација на канабис-земјоделци. Тоа сè уште е во рана фаза, но целта е да се добие дел од глобалниот пазар на медицинската марихуана, за кој се предвидува дека ќе достигне нешто помеѓу 14 и 50 милијарди долари во текот на следните пет години. А без разлика дали се поранешен полицаец, адвокат или роднини на премиерот, се чини дека сите сакаат да се вклучат во тоа. Повеќе од дузина компании имаат лиценца од 2016 година, а Министерството за здравство обработува уште 20 апликации, и сето тоа во место нешто малку поголемо од Вермонт и со население од околу 2 милиони луѓе, вели Блумберг. „Сметаме дека тоа ќе биде профитабилен бизнис“, вели Севдински (49), опкружен со празни кофи во своите простории во градот Куманово. Тој и неговиот партнер досега потрошиле 700.000 евра и повторно ќе ја потрошат истата сума за да го покренат бизнисот. „За околу година и пол очекуваме да биде профитабилен“, вели тој. Прашањето е дали таквата амбиција се совпаѓа со реалноста во земја што неодамна беше во центарот на вниманието поради домашната индустрија на веб-страници со лажни вести, од кои некои станаа озлогласени на претседателските избори во 2016 година во САД. Економијата по распадот на Југославија беше зависна од извозот на тутун, овошје и зеленчук и автоделови. Сè уште нема закон со кој ќе се дозволи поголем извоз на медицински канабис, иако има меѓупартиска политичка поддршка, а владата вели дека сака да го донесе во наредните недели. Исто така, постои и проблемот со корупцијата. Балканскиот регион веќе е транзитна рута за нелегални дроги и постои загриженост дека марихуаната може да заврши на црниот пазар, особено без правна рамка за оваа индустрија во развој. Северна Македонија е на 93-то место во Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнел, на ниво со Косово, Панама и Монголија. Премиерот Зоран Заев стои зад овој поттик, бидејќи Северна Македонија се обидува да си пробие пат на глобалниот пазар, па дури и да се приклучи кон Европската Унија, откако минатата година конечно го реши политичкиот спор со соседна Грција околу името, вели Блумберг. Нацијата е меѓу најсиромашните во Европа, со просечни месечни плати од 450 американски долари. „Ако сакаме да ја подобриме економијата во Северна Македонија, канабисот е начинот таа да зајакне“, вели министерот за здравство Венко Филипче. Во моментов, законот не им дозволува на земјоделците со канабис да го прават она што на сите им е потребно за да заработат пари: да го извезуваат сувиот цвет. На лиценцираните компании им е дозволено да одгледуваат медицински канабис и да извлекуваат масло, кое може да се извезува. Сепак, само мал дел од нив всушност извлекуваат масло. Компанијата на Кесковски, НИСК холдингс, е со седиште во Скопје и беше првата што доби лиценца. Поранешниот шеф на обезбедувањето на претседателот вели дека сонот да се стане центар за одгледување канабис зависи од пробивањето на закон што ќе овозможи извоз, а проблемот е што се чини дека владата го има загубено импулсот. „Ако не се донесе овој закон, оваа индустрија ќе биде мртва“, вели 49-годишникот, седејќи во својата канцеларија полна со чад од цигари, со полица на која се гледаат полупразни шишиња виски. Тој е уверен, сепак, дека неговиот бизнис ќе преживее без оглед на тоа. И навистина, дејноста во НИСК е сериозно различна од другите. Според турнејата низ земјата минатиот месец, повеќето македонски земјоделци со канабис се чини дека главно го складираат сувиот цвет, надевајќи се дека долгоочекуваната фиксна законска регулатива наскоро ќе им дозволи да го извезат. Ако воопшто успеале да произведат нешто. Еден од братучедите на премиерот, Трајче Заев, формираше објект за култивирање на 22.000 квадратни метри во близина на градот Свети Николе. Првично беше планирано да се одгледуваат домати, со што премиерот особено со гордее кога се среќава со други лидери. Минатиот месец во широката необележана стаклена градина, опкружена со боцкава жица и патролирана од четворица безбедносни чувари, немаше канабис. Трајче Заев одби да разговара за својот бизнис кога Блумберг го контактирал преку телефон и имејл. Проблемот, како и секогаш, за ваквите неразвиени индустрии се парите, според Костадин Дуковски, кој го раководи пет месеци старото здружение на одгледувачи на канабис. Владата се обидува да ве оданочи уште пред да ви пркне производството, додека многу новајлии едноставно ги немаат инвестициите или знаењето, вели тој. „Тие мислат дека со мали пари можат да направат нешто големо“, вели Дуковски, кој порано го раководел одделот за безбедност во Министерството за внатрешни работи. „Но потребни се сериозни инвестиции за да се успее. Проблемот не е да се стане голем, проблемот е што да се прави со производот“. Ризикот е дека тогаш би можел да се продава нелегално, вели тој. Тековната залиха на сув цвет и масло подготвени за извоз изнесува приближно 60 милиони евра, проценува здружението на Дуковски. Еден од луѓето што имаат пари за да ја остварат својата амбиција е Славе Ивановски, милионер што го создал своето богатство од трговијата со природен гас на Балканот, градежништвото и прехранбената индустрија. Откако 16 години е еден од најголемите извозници на зеленчук и јагнешко месо во Северна Македонија, тој се префрлил на медицинскиот канабис. Неговата инвестиција досега е десетици милиони евра од 2017 година, вели Ивановски. Неговата компанија Оаза Алкалоиди има 45 вработени во новиот необележан објект во близина на селото Таринци. Неговата канцеларија е украсена со биста на Александар Велики, водачот на античкото грчко кралство Македон, чие наследство се наоѓаше во сржта на спорот со Грција. „Ова всушност го сторивме за да ѝ помогнеме на нашата држава бидејќи таа нема начини на заработка“, вели Ивановски (59). „Наскоро ќе си ги вратам парите. Ова е најдобриот бизнис во светот, пренесува БЛУМберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-blumberg-trajche-zaev-bratuchedot-na-premierot-odbi-razgovor-za-biznisot-so-marihuana-makedonija-ima-golem-problem-so-korupcijata/feed/ 0
Заев се фали дека бизнисот со марихуана, во кој влезе неговиот братучед, остварува над 100 милиони евра вкупен приход https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-fali-deka-biznisot-so-marihuana-vo-koj-vleze-negoviot-bratuched-ostvaruva-nad-100-milioni-evra-vkupen-prihod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-fali-deka-biznisot-so-marihuana-vo-koj-vleze-negoviot-bratuched-ostvaruva-nad-100-milioni-evra-vkupen-prihod/#respond Wed, 09 Jan 2019 20:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=150326

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Сител се пофали дека цвета бизнисот со масло од марихуана во земјава. -Имаме лиценца дадено за медицинско масло од марихуана со 300 вработени засега, со над 100 милиони евра вкупен приход кој што го остварува, рече денес Заев. Како што и самиот призна неодамна, овој бизнис во Македонија го превзема токму неговиот братучед Трајче Заев. Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели. Во објаснувањето што го даде Заев, “МАМ“ е купена од две фирми. Едната е “Еленица“ од Струмица другата е словенската фирма „Фрејкер“ која веќе имала фабрика за произвoдство на канабис од Германија. Денес во изјавата за Сител, се пофали и со заработката на семејството. Во моментов работат околу 15 фирми.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-fali-deka-biznisot-so-marihuana-vo-koj-vleze-negoviot-bratuched-ostvaruva-nad-100-milioni-evra-vkupen-prihod/feed/ 0
Заев потврди, неговиот братучед ја купил оражнеријата „Мам“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-negoviot-bratuched-ja-kupil-oraznerijata-mam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-negoviot-bratuched-ja-kupil-oraznerijata-mam/#respond Thu, 26 Apr 2018 16:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=46608

Точно е дека мојот прв братучед Трајче Заев ја купи оранжеријата на фирмата „Мам“, потврди денеска пред пратениците премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на прашање од  пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис. - Апелирам секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна, додаде Заев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-negoviot-bratuched-ja-kupil-oraznerijata-mam/feed/ 0