Трајче Здравков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Feb 2022 11:33:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трајче Здравков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипски „Исар“ доби сметка за струја од 19 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-dobi-smetka-za-struja-od-19-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-dobi-smetka-za-struja-od-19-milioni-denari/#respond Thu, 10 Feb 2022 11:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=629588

Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар“ изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие. Директорот на јП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии. – Со оваа сметка за струја ЈП „Исар“-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар“ има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков. Посочи дека не станува збор за капацитет или способност на претпријатијата и општините, туку дека ова е енергетска криза, со која тешко можат да се справат и дополнително ќе ги втурне во трупање на долгови, од кои тешко ќе може да се излезе. Здравков посочи дека очекуваат до 15 февруари да се приклучат на Хидросистемот „Злетовица“, со што би плаќале помала сметка за струја. Неговите прогнози се дека доколку од наредниот вторни почнат со диструбиција и преработка на водата од Злетовица наредната сметка би изнесувала 10 милиони денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-dobi-smetka-za-struja-od-19-milioni-denari/feed/ 0