Трајчо Димков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jan 2020 12:06:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трајчо Димков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-sdsm-so-denovi-ja-opstruira-rabotata-na-postojanata-anketna-komisija-za-zashtita-na-slobodite-i-pravata-na-gragjaninot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-sdsm-so-denovi-ja-opstruira-rabotata-na-postojanata-anketna-komisija-za-zashtita-na-slobodite-i-pravata-na-gragjaninot/#respond Tue, 21 Jan 2020 12:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=292697

СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, обвинува Трајчо Димков, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. -Императив за секој пратеник е претставничката улога што ја има во законодавниот дом и заштитата на правата и слободите на граѓаните би требало да биде на прво место. Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна комисија и со тоа ја попречуваат работата на истата. За информација на јавноста, на СДСМ не им одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесоа во Собранието, па експресно го повлекоа и отидоа со лажен закон пред комитетот на УНЕСКО во Баку, истакна тој. Димков посочува дека освен тоа, на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможено слободен пристап до информации од јавен карактер. -Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ги прашуваме пратениците, дали само она што и одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност, посочи Димков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-sdsm-so-denovi-ja-opstruira-rabotata-na-postojanata-anketna-komisija-za-zashtita-na-slobodite-i-pravata-na-gragjaninot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ поднесе нов предлог закон за спорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-nov-predlog-zakon-za-sport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-nov-predlog-zakon-za-sport/#respond Fri, 04 Oct 2019 10:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=247875

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собрание поднесе нов предлог закон за спорт, информираше пратеникот од оваа партија, Трајчо Димков. Тој нагласи дека со Законот донесен од оваа Влада почнуваат да се гледаат негативните ефекти и има штетни последици за спортот во нашата држава. Со новиот закон се предлага враќање на претходните одредби што придонеле, како што потенцира, за револуција во спортот и изградиле систем што бил најпозитивно прифатен од сите спортски субјекти. – Со претходниот закон само за три години преку даночното олеснување во македонскиот спорт  влегоа 10 милиони евра, а преку Законот за игри на среќа се поддржаа преку 64 спортски федерации и стотици клубови и спортисти со дополнителни 7,5 мијлиони евра, изјави претеникот Димков и додаде дека со новиот закон сакаат да ги вратат повторно овие успешни политики. Апелираше до парламентарното мнозинство да го поддржат новото законско решение со цел да се запре заканата за македонскиот спорт и да се земат предвид и предупредувањата од спортските федерации и Македонскиот олимписки комитет. Според Димков, спортските федерации мора да бидат автономни и нивните статути прилагодени кон статутите на меѓународните спортски федерации, а не кон актуелниот Закон за спорт што е контрадикторен и далеку од она што во моментов се спортските федерации. – Со постоечкото законско решение голем проблем имаат малите спортови кои не се толку атрактивни за спонзорирање, а со ваучерскиот систем се оставени со минорни средства за финансирање, рече пратеникот Димков. Појасни дека со сегашниот закон предвидено е можност за инвестирање само за спортски субјекти кои имаат ваучер, а износот е лемитиран на 6 милиони евра вкупно за сите федерации, клубови и индивидуални спортисти. Тој, меѓудругото, укажа дека дополнителен проблем претставуваат високи критериуми кои ги ставаат богатите клубови во прв план во однос на помалите клубови и федерации на кои им се потребни повеќе средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-nov-predlog-zakon-za-sport/feed/ 0
Димков поднесе оставка од Комисијата за селекција и избор на работници од УБК и АНБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-podnese-ostavka-od-komisijata-za-selekcija-i-izbor-na-rabotnici-od-ubk-i-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-podnese-ostavka-od-komisijata-za-selekcija-i-izbor-na-rabotnici-od-ubk-i-anb/#respond Tue, 01 Oct 2019 11:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=246620

Денес до Претседателот на Владата на Република Македонија поднесов оставка на местото член на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков. -Чувствувам обврска да ја информирам јавноста за мотивите за оставката и да споделам како се водеше процесот на селекција на кадри од УБК во АНБ. Јас со решение од страна на Владата на Македонија бев избран да бидам дел од Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност. Изборот на кадри за АНБ беше компромитиран од самиот почеток и повеќе се базираше на субјективни па дури и политички, наместо на објективни, јасни и однапред утврдени критериуми. Мојот впечаток е дека целиот процес беше фарса, односно имаше за цел да даде некакво покритие за претходно донесени одлуки околу кадрите кои би влегле во АНБ. Според мене имаше неколку клучни моменти врз основа на кои се направи ваков избор, односно не се постапи согласно новиот закон за АНБ. Не се реализираше тестот за интегритет кој требаше да се спроведе соогласно законот за АНБ, ниту се постапи согласно информацијата на Државната комисија за спречување корупција во однос на судир на интереси при вработувањето. Исто така од неразјаснети причини не се реализираше ниту предвиденото полиграфско тестирање, вели Димков и додава: „Клучен момент при селекцијата беше и оценувањето на вработените од страна на нивните претпоставени. Тука беше спорен и кредибилитетот на оценувачите и нејасните критериуми за оценување. Од тоа произлезе субјективноста при оценувањето која сериозно влијаеше на изборот на кандидати. За сите овие пропусти навремено реагирав во текот на процесот на селекција. Врз основа на погоре наведеното, но и на голем број на реакции на лица и медиуми, кои отворено ги нотираа пропустите, чувствувам обврска да се повлечам односно да поднесам оставка од член на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност“. Потребни се, потенцираше тој, реформи во безбедносниот сектор кои ќе резултираат со ефикасни и професионални служби. -Се плашам дека во моментов со ваквиот начин на работа, само се оддалечуваме од крајната цел, односно се креира нова една институција во која уште од самиот старт  довербата е дискутабилна. Доколку сте искрени во намерата за реформи во безбедносниот сектор, тогаш сметам неопходно е да се ревидира процесот на селекција на кандидатите за влез во Агенцијата за национална безбедност. Исто така потребно е да се формира нова комисија, бидејќи постојната веќе го загуби кредибилитетот, но и да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки за да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-podnese-ostavka-od-komisijata-za-selekcija-i-izbor-na-rabotnici-od-ubk-i-anb/feed/ 0
Димков: Реконструкцијата е само признание за лошото работење на владата на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-rekonstrukcijata-e-samo-priznanie-za-loshoto-rabotenje-na-vladata-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-rekonstrukcijata-e-samo-priznanie-za-loshoto-rabotenje-na-vladata-na-sdsm/#respond Thu, 27 Jun 2019 16:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=213424

Оваа реконструкција на владата е доказ и само признавање за лошото работење на владата на СДСМ. Но, што е уште полошо е тоа што разрешувањето и оставките на министрите реално не ги опфати министерствата каде што има реално голем број на проблеми, тоа е министерството за надворешни работи и Никола Димитров, клучниот човек кој преговара и ја претставува Македонија надвор. Меѓутоа гледаме дека денеска немаме датум за почеток на преговорите, а тој е директен министер и нема понесено никаква одговорност, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков од денешната собраниска говорница. Тој додаде дека и министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски требало да бидат разрешени од овие позиции. Димков нагласи дека е неприфатливо министерството за култура да го води човек со Медицински факултет. Неприфатливо е министерството за култура да го води лице со Медицински факултет искрено да ви кажам, вели пратеникот Димков. Според него иако оваа влада се најавувала како реформска влада, немало ништо направено за спроведување на вистински реформите и не само што нема напредок на државата, напротив има големо уназадување на секое поле и поради тоа Република Македонија не добила датум за почеток на преговорите со Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-rekonstrukcijata-e-samo-priznanie-za-loshoto-rabotenje-na-vladata-na-sdsm/feed/ 0
Димков: Зад ВМРО-ДПМНЕ стојат голем број на проекти за лицата од социјално ранливите групи како и за лицата со попреченост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-zad-vmro-dpmne-stojat-golem-broj-na-proekti-za-licata-od-socijalno-ranlivite-grupi-kako-i-za-licata-so-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-zad-vmro-dpmne-stojat-golem-broj-na-proekti-za-licata-od-socijalno-ranlivite-grupi-kako-i-za-licata-so-poprechenost/#respond Mon, 25 Mar 2019 15:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=178681

На денешната собраниска комисија за труд и социјална политика во Собранието, пратеникот Трајчо Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе мора сите заедно да се обединиме за решавањето на проблемите на лицата со попреченост. Сериозен е овој проблем и мислам дека ќе се обединиме да ги решиме, вели Димков. Пратеникот додаде дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ биле донесени голем број на мерки за лицата со попреченост, како и за лицата од ранливата категорија односно приматели на социјална помош. ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 – 2016 заради подобрување на животниот стандар подобрување на животот и намалување на социјалниот ризик, примателите на социјалната помош ја зголеми во проск од 69 проценти, додека постојаната социјална помош во просек е зголемена на 68 проценти, истакна Димков. Тој потсети дека доколку ВМРО-ДПМНЕ останела на власт планирано било и зголемување на социјалната парична помош и на постојаната парична помош за околу 10 проценти односно истите ќе беа зголемени за вкупно 50 проценти за 4 години, доколку ние останавме на власт, потенцираше тој. Димков го спомена и отписот на догови како една од многуте мерки значајна за граѓаните, додавајќи дека ова мерка била 30 милиони евра а опфаќа различна категорија на граѓани. Отписот на долгови на ранливата категорија на граѓани е исто таква една мерка кој сметам дека помогна. Овој проект беше околу 30 милиони евра и ги опфаќаше различна категорија на лица, посочи пратеникот Димков. Димков изрази жалење на укинување на грантовите за отворање на детски градинки од страна на СДСМ и министерството за труд и социјална политика нагласувајќи дека со овие грантови не само што се отворале нови работни места туку и им се помагало на граѓаните за згрижвање на нивните деца. За жал министерство за труд и социјална работа ги укина грановите за отворање на детски градинки, кажа Димков. На крај, пратеникот Димков изјави дека на лицата со попреченост им треба нов закон каде што ќе им се уредува поголема сигурност односно сигурна социјална и здравствена заштита. Сметам дека треба да се направи законот со кои лицата со попреченост прво ќе имаат сигурност дека се граѓани во оваа држава, дека некој мисли на нив дека Македонија е мајка, да има социјална и здравствена помош и да не се плашат дека нешто ќе им се случи, објасни тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-zad-vmro-dpmne-stojat-golem-broj-na-proekti-za-licata-od-socijalno-ranlivite-grupi-kako-i-za-licata-so-poprechenost/feed/ 0
Димков: Не е вистина дека опозицијата го блокира законот за социјална заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ne-e-vistina-deka-opozicijata-go-blokira-zakonot-za-socijalna-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ne-e-vistina-deka-opozicijata-go-blokira-zakonot-za-socijalna-zashtita/#respond Wed, 20 Mar 2019 20:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=176944

Пратеникот Трајчо Димков на денешната јавна расправа за законот за социјална заштита истакна дека не е вистина дека опозицијата го блокирала законот за социјална заштита и токму затоа не треба да се шпекулира или обвинува опозицијата во однос на донесување или кочење на законот. - На 26 декември 2018 година, по редовна постапка е предложен законот во Собранието во матично тело Европска комисија, не беше во Комисијата за труд и социјална политика. Така да и да сакавме немавме можност да промениме нешто во законот. Во однос на тогаш предложениот закон, здруженијата реагираа дека има потреба да се регулира. По предлог на пратеничката Благица Ласовска на точна на дневен ред кога дојде законот беше повлечен едногласно во Собранието, потенцираше Димков. Тој вели дека и покрај повлекувањето на законот сепак ништо не променето во него и тој повторно е вратен на гласање без да се прифатат забелешките, и поради тоа ќе биде голема штета доколку се изгласа ваков каков што е.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ne-e-vistina-deka-opozicijata-go-blokira-zakonot-za-socijalna-zashtita/feed/ 0
Димков до Тевдовски: Мора по сериозно да ги сфаќате проблемите на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-do-tevdovski-mora-po-seriozno-da-gi-sfakjate-problemite-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-do-tevdovski-mora-po-seriozno-da-gi-sfakjate-problemite-na-gragjanite/#respond Thu, 13 Dec 2018 18:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=139917

Се работи за амандман со што се предлага да се обезбедат средства во висина од 16 милиони 870 илјади денари за изградба на регионален водоводен систем Плачковица, за водоснабдување на населените места во село Вртешка, Парналија, Ебеплија, Јунузлија, Кепекчелија и Калузлија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков на комисија за финансирање и буџет образложувајќи го амандманот што го предлага. Од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски не беше прифатен, при што пратеникот Димков побара од министерот да го сфати посериозно проблемот на жителите на овие села.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-do-tevdovski-mora-po-seriozno-da-gi-sfakjate-problemite-na-gragjanite/feed/ 0
Димков: Патот Трстино- Голак ќе овозможи на населението од Виница подобро и побезбедно патување кон Делчево и Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-patot-trstino-golak-kje-ovozmozi-na-naselenieto-od-vinica-podobro-i-pobezbedno-patuvanje-kon-delchevo-i-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-patot-trstino-golak-kje-ovozmozi-na-naselenieto-od-vinica-podobro-i-pobezbedno-patuvanje-kon-delchevo-i-bugarija/#respond Wed, 12 Dec 2018 14:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=139286

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на собраниската Kомисија за финансии и буџет изјави дека патот Трстино- Голак е од исклучителна важност за населението од Виница и околните села кои се движат кон Делчево и Република Бугарија, но и побезбеден од досегашниот пат патот кон Македонска Каменица, од Кочани кон Делчево кој многу често има одрони и е небезбеден. -Генерално на мислење и барање на населението од тој крај заради безбедност и заради можност за втора варијанта бидејќи често се случува тој пат заради одрон да биде сопрен и да не можат да одат кон Делчево и Македонска Каменица, вели Димков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-patot-trstino-golak-kje-ovozmozi-na-naselenieto-od-vinica-podobro-i-pobezbedno-patuvanje-kon-delchevo-i-bugarija/feed/ 0
Димков: Овој процес денес во Собранието не е легитимен затоа што народот јасно кажа дека не ја прифаќа спогодбата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ovoj-proces-denes-vo-sobranieto-ne-e-legitimen-zatoa-shto-narodot-jasno-kaza-deka-ne-ja-prifakja-spogodbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ovoj-proces-denes-vo-sobranieto-ne-e-legitimen-zatoa-shto-narodot-jasno-kaza-deka-ne-ja-prifakja-spogodbata/#respond Sat, 01 Dec 2018 13:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=134557

Македонскиот народ многу јасно кажа дека не ја прифаќа спогодбата и целиот овој процес денес во Собранието на Република Македонија не е легитимен, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков. Тој потенцираше дека спогодбата со Грција не е излезена во Службен весник, а народот со референдумот не и даде легитимитет. Затоа додаде дека како исход на референдумот ДИК објави во Службен весник дека одлуката не усвоена бидејќи не гласаа повеќе од половината гласачи запишани во избирачкиот список. - Кои сме ние пратениците, без народот, дали ќе сме овде ако не не изгласаше народот дали имаме право да ја решаваме судбината на 2,4 милиони македонски државјани без нивна дозвола.? Кои сме ние пратениците да не ја почитуваме волјата на народот, ние сме ништо без него и немаме право да ја менуваме неговата волја?, вели Димков. Димков потсети дека целиот процес за промена на името го водеше СДСМ без национален консензус, а спогодбата не ја прифаќа ни претседателот на Република Македонија. Тој нагласи дека народот не ја прифаќа спогодбата затоа што ако се изгласаат овие уставни измени кои произлегуваат од договорот ние ќе имаме нова држава со нов идентитет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-ovoj-proces-denes-vo-sobranieto-ne-e-legitimen-zatoa-shto-narodot-jasno-kaza-deka-ne-ja-prifakja-spogodbata/feed/ 0
Димков: Корумпирано е Заев да бара помирување, пред гласање на уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-korumpirano-e-zaev-da-bara-pomiruvanje-pred-glasanje-na-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-korumpirano-e-zaev-da-bara-pomiruvanje-pred-glasanje-na-ustavnite-izmeni/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=125691

Националното тело за помирување е многу симптоматично зошто премиерот Заев го понуди сега во очи на гласањето и барањето на уставни измени. Така што сметам дека е коруптивен елемент барањето за помирување, изјави пратеникот во Собранието Трајчо Димков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на МТВ во Дебатната емисија. Тој додаде дека доколку Заев е искрен во намерата за помирување, тогаш треба мнозинството на СДСМ во парламентот да го прифати Законот за амнестија кој го понуди ВМРО-ДПМНЕ. Според него владата на СДСМ веќе направила Закон за амнестија кога помилувала над 800 лица осудени за тешки кривични дела, па смета дека ниту сега не би било проблем да го прифатат Законот за амнестија понуден од страна на ВМРО-ДПМНЕ .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimkov-korumpirano-e-zaev-da-bara-pomiruvanje-pred-glasanje-na-ustavnite-izmeni/feed/ 0