трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jan 2020 09:22:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Преседан за владини потреби на воскреснување на „режимот“: Во „ТНТ“ докторка ќе ја образложува состојбата на Трајковски… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladinite-potrebi-na-voskresnuvanje-na-rezimot-vo-tnt-doktorkata-na-toni-trajkovski-kje-ja-obrazlozuva-negovata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladinite-potrebi-na-voskresnuvanje-na-rezimot-vo-tnt-doktorkata-na-toni-trajkovski-kje-ja-obrazlozuva-negovata-sostojba/#respond Mon, 20 Jan 2020 09:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=292111

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за уривањето на комплексот „Космос“ откако минатото беше одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата. Правните експерти овој чин го протолкуваа како преседан од судијата Ставрев, особено имајќи предвид дека Трајковски беше крвнички претепан пред само десетина дена. Чинот на судијата Ставрев се толкува како судски учинок во кампањата на владата на СДСМ која предизборно на голема врата ја враќа прикаската за претходниот „режим“ и ги „плаши“ граѓаните со негово наводно враќање. Сосема „случајно“, симултано со судот, партијата на власт утрата ги почнува со соопштенија за враќање на „режимот.“ Во оваа насока е и итноста на „ТНТ“ кој стана најбитниот случај во државата, во исто време кога убијците на четири момчиња од случајот Монструм се на слобода, а за гласови на контото на СДСМ се тактизира и со терористите од Диво Насеље кои убија 8 полицајци. На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта. Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена – изјави Страшевски. Обвинителот Бурим Рустеми поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladinite-potrebi-na-voskresnuvanje-na-rezimot-vo-tnt-doktorkata-na-toni-trajkovski-kje-ja-obrazlozuva-negovata-sostojba/feed/ 0
Четиринаесет години од смртта на претседателот Трајковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirinaeset-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirinaeset-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-trajkovski/#respond Mon, 26 Feb 2018 07:08:09 +0000 http://kurir.mk/?p=24785

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани. Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти. И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти. На барање на Македонија, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР беше отворена нова истрага во јануари 2013 година која ја водеше Кулиќ. Во првиот извештај како директна причина за падот на „кингерот“ се наведени „процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет“. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговор меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање. Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ. Македонската страна во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози кои се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето по падот на кингерот и формулацијата за пловидбеноста на воздухопловот. Но, за македонската страна е нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ вели дека контролорот на летање знаел каде е урнат авионот. Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetirinaeset-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-trajkovski/feed/ 0