Трамп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 18:41:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Трамп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп е уапсен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tramp-e-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tramp-e-uapsen/#respond Tue, 04 Apr 2023 18:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=820218

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предмалку и формално е уапсен, јави Си-ен-ен. Ова е преседан во американската историја, бидејќи за првпат некој поранешен американски претседател е уапсен за сторено кривично дело. Скај Њуз пренесува дека на поранешниот претседател не му биле ставени лисици на рацете, на барање на неговото обезбедување од тајната служба. Откако заврши овој дел од постапката, се очекува Трамп да се појави пред врховниот судија Хуан Марчан, каде треба да се изјанси за обвинението за давање поткуп во 2016 година, а потоа се очекува да биде пушптен да се брани од слобода и да замине на својот имот на Флорида. Додека Трамп го чека своето сослушување во судницата на Менхетен, адвокатката за кривични дела Џули Ренделман изјави за Скај Њуз кажа дека „никогаш немаше да мислилам дека ќе го доживеам овој ден“. -Искрено не можам да верувам што се случува денес. Навистина не можам, додаде таа. Си-ен-ен пренесе дека, додека со придружбата патувал кон судот од својот дом во Њујорк, во кулата „Трамп“, поранешниот претседател напишал куса изјава на својата мрежи „Вистина“, во која изрази неверување дека ќе биде уапсен. „ Изгледа надреално. (wow), ЌЕ БИДАМ УАПСЕН. Не ми се верува дека ова се случува во Америка. МАГА!", напиша Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tramp-e-uapsen/feed/ 0
Трамп повторно ќе се кандидира за претседател на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/#respond Mon, 01 Mar 2021 06:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=475235

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вчерашниот говор на конференцијата за Конзервативна политичка акција (КПАК) навести кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украдоа“ изборите во 2020 година. Си-Ен-Ен наведува дека Трамп од говорницата на КПАК во Орландо се обидел да ја врати својата и да обезбеди најголемо влијание во Републиканската партија пред меѓуизборите во 2022 година. – Далеку од тоа дека нашето неверојатно патување ќе заврши. Ќе победиме, а Америка ќе биде посилна и поголема од порано, рече Трамп. Иако има истакнати критичари во партијата, повеќето републиканци застанаа на страната на Трамп за време на конференцијата во Орландо, додека државните и локалните партиски претставници почнаа да ги осудуваат републиканските пратеници кои го поддржаа неговото отповикување, инфомира телевизијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/feed/ 0
Телефонски разговор помеѓу Бајден и Си Џинпинг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/#respond Thu, 11 Feb 2021 07:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=467109

Американскиот претседател Џо Бајден првпат од стапувањето на должност разговараше со претседателот на Кина, Си Џинпинг, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден во телефонскиот разговор изрази длабока загриженост поради економската пракса на Пекинг, репресиите во Хонг Конг и кршењето на човековите права ујгурското муслиманско малцинство во Синџијанг и политиката кон Тајван. Додека кинеските медиуми објавија дека Си го предупредил Бајден дека судирот помеѓу Кина и САД би бил катастрофа за двете држави и оти е потребно повторно воспоставување на средства за избегнување на несогласувањата и погрешните проценки. Си истакна дека се надева оти САД внимателно ќе постапуваат кон Тајван, Хонг Конг и Синџијанг бидејќи тоа се прашања на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Бајден и Си разговарале и за пандемијата со Ковид-19, за климатските промени и за спречување на ширењето на оружје. Во меѓувреме Бајден најави дека во Пентагон ќе биде формирана работна група за стратегија кон Кина. – Работната група набрзо ќе почне со работа за да заземеме поцврста насока за прашањата поврзани со Кина, истакна Бајден при неговата прва посета на Пентагон од стапувањето на должност претседател. Тој додаде дека групата ќе биде составена од 15 цивили и воени советници, кои ќе имаат рок од четири месеци да ги претстават своите препораки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-pomegju-bajden-i-si-dzinping/feed/ 0
Твитер му забрани секаков пристап на Трамп засекогаш https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-mu-zabrani-sekakov-pristap-na-tramp-zasekogash/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-mu-zabrani-sekakov-pristap-na-tramp-zasekogash/#respond Thu, 11 Feb 2021 07:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=467102

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Твитер налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа Нед Сегал. – Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер, изјави Сегал за Си-Ен-Би-Ес. Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат тогаш се отстрануваат од Твитер, така да никогаш не можат да се вратат. – Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог, посочи Сегал. Во јануари трајно е укинат налогот на Твитер на Трамп, по упадот на неговите приврзаниви во Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-mu-zabrani-sekakov-pristap-na-tramp-zasekogash/feed/ 0
Бајден веднаш ќе потпише 17 извршни наредби со кои ќе се укинат уредби на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/#respond Wed, 20 Jan 2021 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=457547

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира да ја почне својата нова администрација денеска попладне со први наредби за враќање на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија соработници на новоизбраниот американски претседател. Бајден ќе потпише 17 извршни наредби неколку часа откако ќе положи заклетва како американски претседател. – Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден. Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција. Тој исто така ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше. Бајден „ќе преземе акција – не само за да ги поправи најголемите штети на администрацијата на Трамп – туку и да почне да ја движи нашата земја напред“, се вели во изјавата на соработниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-vednash-kje-potpishe-17-izvrshni-naredbi-so-koi-kje-se-ukinat-uredbi-na-tramp/feed/ 0
Мајк Пенс нема да се појави на церемонијата за збогувањето на Трамп – планирано е да присуствува на инаугурацијата на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/#respond Wed, 20 Jan 2021 09:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=457384

Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, нема да се појави на церемонијата на збогувањето на Доналд Трамп во базата Ендрус, потврдено е од неговиот кабинет, пишува Си-Ен-Ен. Според календарот на неговите обврски, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден во Вашингтон, така што тој не може да биде на две места истовремено, изјави извор за Си-Ен-Ен. Трамп утрово ќе полета со хеликоптер од Белата куќа и тоа ќе биде можност Пенс да се збогува од него. На Твитер, Пенс им се заблагодари на Американците за привилегијата четири години да бидат потпретседател на Соединетите држави и сподели фотографии направени за време на неговиот мандат, но ниту една не го покажува претседателот Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-nema-da-se-pojavi-na-ceremonijata-za-zboguvanjeto-na-tramp-planirano-e-da-prisustvuva-na-inauguracijata-na-bajden/feed/ 0
Лиз Чејни и Џон Катко ќе гласаат за импичмент на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/#respond Wed, 13 Jan 2021 07:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=454564

Пратеничката Лиз Чејни, која зазема високо место во републиканското раководство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјави дека ќе гласа за отповикување на актуелниот шеф на државата Доналд Трамп. Таа истакна дека Трамп „ја свикал и ја собрал толпата, и го запалил пламенот на овој напад“ врз американскиот Конгрес на 6 јануари, нагласувајќи дека ќе гласа за импичмент на претседателот. Инаку, Лиз Чејни е ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни. Претходно, републиканскиот претставник во Конгресот, Џон Катко беше првиот од редовите на републиканците, кој најави дека ќе гласа за отповикување на Трамп и ја поддржи таквата идеја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-chejni-i-dzon-katko-kje-glasaat-za-impichment-na-tramp/feed/ 0
Трамп и Пенс првпат разговараа по упадот во Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-pens-prvpat-razgovaraa-po-upadot-vo-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-pens-prvpat-razgovaraa-po-upadot-vo-kongresot/#respond Tue, 12 Jan 2021 09:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=454164

Претседателот на САД, Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс синоќа имаа „добар разговор“ во Белата куќа, изјави неименуван претставник на американската администрација. Тоа беше прв нивни разговор откако Трамп го критикуваше Пенс на 6 јануари, бидејќи не се обидел да го спречи Конгресот да ја потврди победата на избраниот демократски претседател Џо Бајден. Тој наведе дека Трамп и Пенс разговарале за немирите и повторија дека тие што минатата недела го прекршија законот и упаднаа во Конгресот не ги претставуваат 75 милиони Американци. Тие исто така се обврзаа дека ќе продолжат да работат во интерес на земјата до крајот на својот мандат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-pens-prvpat-razgovaraa-po-upadot-vo-kongresot/feed/ 0
Трамп ги обвини политичките противници за упадот во Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-obvini-politichkite-protivnici-za-upadot-vo-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-obvini-politichkite-protivnici-za-upadot-vo-kongresot/#respond Tue, 12 Jan 2021 09:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=454151

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во приватен разговор со лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом на Конгресот, Кевин Макарти, го обвини лево ориентираното движење Антифа за минатонеделниот упад во зградата на Капитол Хил. На видео снимките кои на денот на немирите во Вашингтон ги пренесуваа светските агенции и телевизиски мрежи, јасно се гледаат докази дека демонстрантите кои насилно упаднаа во Конгресот во голем дел биле приврзаници на Трамп, пишува еден од највлијателните американски портали Аксиос. Извори од Белата куќа, кои се запознати со овој разговор, наведуваат дека комуникацијата била тензична и агресивна, тврдејќи дека Макарти му кажал на Трамп оти „тоа не била Антифа, туку приврзаници на МАГА“ (Да ја направиме Америка повторно голема). – Тоа беа приврзаници на МАГА. Го знам тоа. Бев таму, му рекол Макарти на Трамп и го посоветувал да му се јави на Џо Бајден, да се сретне со него или да му испрати писмо за добредојде на работното место во Овалниот кабинет во Белата куќа. Билансот од минатонеделниот упад на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот е петмина загинати, меѓу кои и еден полицаец, како и десетици повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-gi-obvini-politichkite-protivnici-za-upadot-vo-kongresot/feed/ 0
Пад на акциите на Твитер откако трајно го блокираше налогот на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/#respond Sat, 09 Jan 2021 08:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=453040

Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на налогот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“. Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти. Минатата среда, по опсадата на американскиот конгрес од приврзаниците на Трамп, Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп, која има повеќе од 88 милиони следбеници, и најави трајно суспендирање доколку претседателот продолжи да ги крши правилата на оваа социјална мрежа. Откако беше суспендиран профилот на Твитер за претседателската кампања на Трамп и компанијата ги блокираше новите соопштенија на американскиот претседател на неговата официјална претседателска сметка POTUS, на крајот, неговата привате налог беше трајно укинат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-akciite-na-tviter-otkako-trajno-go-blokirashe-nalogot-na-tramp/feed/ 0