„Трансценденција“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Nov 2021 06:04:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Трансценденција“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Трансценденција“ изложба на скулптури на Слободан Милошески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/transcendencija-izlozba-na-skulpturi-na-slobodan-milosheski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/transcendencija-izlozba-na-skulpturi-na-slobodan-milosheski/#respond Tue, 16 Nov 2021 06:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=595888

На 17 ноември 2021 од 20:00 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Трансценденција“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 15 скулпторски дела од галериски формат, создадени со примена на  техника на заварување на метал. Скопската публика изложбата ќе може да ја посети до 30 ноември. „ Низ призмата на оваа изложба на скулпторот Слободан Милошески скопската публика има можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот (во овој случај станува збор за метал) и концептот на артикулирање идеи кои се од доменот на духовното. Општопознато е дека металните скулптури се појавуваат во најстариот период на човечката цивилизација (статуетки, фигурини, тотеми) и тие имаат свој развој до монументалните споменици на современиот свет. Во сите овие фази металот има свои технологии на обработка – од целосно соголување на површината (поради елиминација на сите производи од корозија), преку користење на абразивни техники, како што се пескарење или минирање со микромонисти, па сѐ до хемиско соголување и електрохемиска редукција. Ваквите процедури, во својата завршница, произведуваат патина или полирана површина, секоја со свои специфичности и намени. Патините се ценети поради естетската убавина и му даваат автентичност на предметот. Поради тоа, класичните скулптури од историјата на уметност се обработени според оваа процедура. Од друга страна, за авторот Слободан Милошески, кој е претставник на постмодерниот дискурс во скулптурата, поголема атрактивност предизвикува  скулптурата што може да се полира, скулптурата со нагласена текстура или, пак, нивната комбинација. Во контекст на севкупната инфраструктура на креација на уметничкото дело, тој спроведува третман што резултира со преобликување на металот или со неповратно додавање, како што се лемењето или заварувањето, за да ги обезбеди и профилира скршените сегменти на скулптурата кои патем ги третира со голема претпазливост и внимание. Во крајна инстанца, тоа значи одржување стабилитет на скулптурата и доловување на саканите визуелни ефекти кои, исто така, се важен сегмент во творештвото на авторот Милошески. Според тоа, овие визуелни ефекти првенствено се врзуваат со имплементирањето на минималистичкиот концепт кој доминира во последните фази на авторот, со евидентна порака дека овој приод овозможува проширување на апстрактните идеи во свој сопствен реалитет, а не да биде миметичка претстава на реалноста. Клучните елементи на уметничкото дело, просторот и волуменот, ја наоѓаат својата рамнотежа и динамика во постојаната игра на наизменични тенки, едноставни форми, лансирани во вселената со сета тежина на тешко моделираниот метал. Трансформацијата на металот во уметничко дело, преку магијата на заварувањето, со најдобра примена на конструктивните вештини, во металните скулптури на Слободан Милошески ја бара идејата за трансценденција, за отворање кон друга димензија, кон свет во кој уметникот е господар. Обликувањето на скулптурите претставени на оваа изложба се чини дека е направено на едноставен начин и со леснотија, додека, од друга страна, е видлив капацитетот на авторот да ги примени своите специфични вештини во создавањето на хармонично комбинирани површини направени од метални елементи и конструкции. Тие во својата завршница продуцираат уметнички дела кои ѝ даваат значење на идејата за пречекорување на границите на искуството, за когнитивното во полето на металната уметност, а на тој начин го отвораат и патот за самиот чин на автосознание.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба. Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“. До сега има реализирано 26 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 80 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 15 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година,  наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“  доделена од ДЛУМ во 2014год, Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020год. и нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021год. Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје. Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/transcendencija-izlozba-na-skulpturi-na-slobodan-milosheski/feed/ 0