трансформатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 11:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трансформатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во РЕК Битола пристигнаа првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-rek-bitola-pristignaa-prvite-delovi-od-noviot-transformator-za-blok-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-rek-bitola-pristignaa-prvite-delovi-od-noviot-transformator-za-blok-3/#respond Tue, 22 Nov 2022 11:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=764745

Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композицијата што го пренесува 240 тони тешкиот трансформатор, денес ја помина главната капија на РЕК Битола. Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката одвои 6.431.000 евра. Ова е првпат во 40 години постоење на РЕК Битола да се набави ваква постројка. Транспортот на новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е најголемиот и најтежок вонгабаритен транспорт кој воопшто некогаш бил организиран во земјава. Трансформаторот се пренесува со специјална композиција преку копно низ Турција, потоа бродски до солунското пристаниште и од таму повторно по копно до РЕК Битола. За сигурен и безбеден транспорт на трансформаторот преземени се специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина. Откако сите делови од трансформаторот ќе пристигнат во РЕК Битола, ќе бидат потребни 10-тина дена за негова монтажа и ставање во погон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-rek-bitola-pristignaa-prvite-delovi-od-noviot-transformator-za-blok-3/feed/ 0
Трагедија во Неготино: Си го пронашла мажот мртов покрај трансформатор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-negotino-si-go-pronashla-mazot-mrtov-pokraj-transformator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-negotino-si-go-pronashla-mazot-mrtov-pokraj-transformator/#respond Tue, 31 Jul 2018 08:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=83015

Во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57). Случајот бил пријавен вчера во 7 часот, а телото на починатио било пронајдено покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-negotino-si-go-pronashla-mazot-mrtov-pokraj-transformator/feed/ 0
Размонтирале трансформатор и украле бакарни намотки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmontirale-transformator-i-ukrale-bakarni-namotki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmontirale-transformator-i-ukrale-bakarni-namotki/#respond Wed, 18 Apr 2018 11:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=42429

Непознати сторители извршиле тешка кражба на делови од електричен трансформатор, откако претходно го симнале од столб во близина на Бунец. Кражбата, вчера попладне, во полиција ја пријавил Н.М. (58) од Гостивар. По извршениот увид било конататирано дека во месноста „Врбенски манастир“, непознати сторители прво се качиле на столбот висок пет метри, каде бил поставен трансформаторот, го демонтирале и потоа спуштиле на земја. Со погоден алат го отвориле капакот и одзеле повеќе бакарни елементи (намотки). Трансформаторот е сопственост на Јавната установа „Илинден“-Детско одморалиште Бунец, Од СВР Тетово информираат дека се работи на откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета и имотната корист со која крадците се стекнале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razmontirale-transformator-i-ukrale-bakarni-namotki/feed/ 0