Транспаренси Интернешнл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 11:38:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Транспаренси Интернешнл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „ТИ-Македонија“: Четири матни настани во март, меѓу кои и за коридорите 8 и 10-д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-makedonija-chetiri-matni-nastani-vo-mart-megu-koi-i-za-koridorite-8-i-10-d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-makedonija-chetiri-matni-nastani-vo-mart-megu-koi-i-za-koridorite-8-i-10-d/#respond Fri, 07 Apr 2023 11:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=821482

Анкетата на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“, во рамки на проектот „Бистро-Матно“, како „Матни настани за месец март 2023“ година ги издвои: „’ИРД инженеринг‘ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради ’Бехтел и Енка‘“, потоа „Судир на интереси на Агенцијата за филм при распределба на средствата за ланскиот конкурс“. Трет матен настан е „Застарување на судски предмети“ и четврт „Тројцата ексдиректори од случајот „Маѓар телеком“ осудени во отсуство на по 8 години затвор“. За месец март се издвоени и два бистри настана и тоа: „Обвинителство отвори предмет за надзорот на автопатиштата на ’Бехтел и Енка‘“ и „Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра“. Првиот матен настан „’ИРД инженеринг‘ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради ’Бехтел и Енка‘“ се посочува во соопштението дека неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа. - Меѓународниот конзорциум „ИРД инженеринг“ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Понудата на „ИРД инженеринг“ е во износ од 1.374.304 070 денари (22,35 милиони евра). Неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа, истакнуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“. Во однос на вториот матен настан се посочува дека поради необјективното и пристрасно работење на Агенцијата за филм во ланскиот конкурс за финансирање на краткометражни и долгометражни филмови, „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ им препорача на Владата и на ресорното министерство да побараат од Агенцијата да го повтори конкурсот за 2022 година откако ќе обезбеди целосна непристрасност и објективност кај сите учесници. На Владата дополнително ѝ се препорачува да ги преиспита одлуките на Агенцијата за филм во овој конкурс и да преземе соодветни мерки. Во врска со третиот матен настан „Застарување на судски предмети“ се посочува укинувањето на пресудата против Драган Даравелски од страна на Кривичниот суд поради настапување на апсолутна застареност. - Даравелски баран со потерница 20-ина години, се појави на граница во јануари, кога беше уапсен. Но, веќе се знаеше дека кривичното дело му е застарено. Тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Сега нема да мора да ги врати ни парите, велат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“. Оттаму како втор случај го посочуваат застарувањето на судскиот предмет за Сашо Мијалков. Според информациите од обвинителството, делото „Примање награда за противзаконито влијание за предметот 'Титаник 2' застарува на 7-ми април“. - Овие предмети не успеаја да добијат правна разрешница, преку извршување на санкцијата и правосилно завршување на постапката, истакнуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“. И последниот, односно четвртиот матен настан е поврзан со тројцата ексдиректори од случајот „Маѓар телеком“ осудени во отсуство на по осум години затвор. - По осум години затвор во Основниот кривичен суд, во отсуство, добија тројцата поранешни директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Случајот „Маѓар Телеком“ во македонските правосудни органи трае уште од 2011 година. Станува збор за случај во кој поранешните директори на „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ за речиси 4 милиони евра, а буџетот на државата за околу два милиони евра, бидејќи Владата во „Телеком“ во тој период поседуваше 47 отсто од акциите. Случајот после 12 години неактивност на судот, се пресуди со првостепена судска одлука, без да се води постапката за актерите од РС Македонија, велат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“. За бистри настани во април се издвоени два и тоа: „Обвинителство отвори предмет за надзорот на автопатиштата на ’Бехтел и Енка‘“ и „Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра“. Во однос на првиот настан Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по допрен глас отвори предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата, кои се дел од коридорите 8 и 10-д. - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатиштата, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, посочуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“. Вториот позитивен или бистар настан е „Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра“. -Двајца скопјани добија кривична пријава откако се обиделе да поткупат службеничка од Општина Кавадарци со 500 евра со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи, соопштено е од полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-makedonija-chetiri-matni-nastani-vo-mart-megu-koi-i-za-koridorite-8-i-10-d/feed/ 0
Тасева: Ставот дека етичкиот кодекс не се однесува на Рашковски не е добар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/#respond Wed, 31 Mar 2021 09:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=490184

Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ во гостување во емисијата на „Утриски Брифинг“ кажа дека етичкиот кодекс на однесување треба да се однесува на секој кој што по било кој основ имаат работа или соработка со владата и дека ставот дека тој кодекс не се однесува на господинот Рашковски кој е вработен во владата како советник на премиерот Заев не е добар и дека ако е така етичкиот кодекс треба да се корегира. Инаку, Рашковски го следат неколку скандали изминатиот период како одење на одмор во сред пандемија и сомнителна набавка на софтвер. - Доколку навистина овој етички кодекс не се однесува за господинот Рашковски затоа што тој е таму под неккаков договор мислам дека етичкиот кодекс треба да се корегира. Не може да не се однесува и за оние лица кои по било кој основ имаат работа и соработка со владата кажа Тасева. Тасева потенцираше дека кој етички кодекс треба да ги вклучува и засега сите лица кој по било кој основ ќе стапат во договорен однос со владата и дека владата треба да ги предупреди за сите правила кои се наведени во истиот. Тој етички кодекс треба да се однесува и на лица од надвор кога ќе стапат во било каков договорен однос со владата. Треба владата веднаш да ги предупреди за етичкиот кодекс за правилата за судир на интереси за правилата за непотизам за правилата за доверливост за се она што значи професионално однесување во рамки на таа институција или етичко однесување сметам дека ставот дека тој кодекс не се однесува на господинот Рашковски треба да се корегира и дека не е добар заврши Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-stavot-deka-etichkiot-kodeks-ne-se-odnesuva-na-rashkovski-ne-e-dobar/feed/ 0
Николовски никако да се зафати за работа, директорката на Транспаренси најави дека ќе му дише во врат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/#respond Fri, 19 Feb 2021 11:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=470932

Неделава се појавија два огласа на страницата на Агенцијата за администрација коишто предизвикаа бура од реакции во јавноста, околу потребните квалификации на лицата-апликанти за работните позиции. За ова, одговорите треба да се бараат од оние кои ветиле дека ќе ги спроведуваат препораките на Државната комисија за спречување на корупција околу вработувањата во администрацијата. Имено, Генералниот секретаријат на Владата распиша оглас за позиција државен советник за општи работи со месечни примања над 38 илјади денари, а апликантот треба да има завршено политички или економски науки, и она што беше скандалозно дека лицето може да има завршено и кинезиологија, односно масер. Исто така, во Фондот за здравствено осигурување истовремено се бара советник за административни работи, чија плата ќе биде 34.000 денари, а лицето би било пожелно да има ликовно образование. Вчера во јавноста излезе уште еден случај, во кој една жителка на Скопје се вработила во Агенцијата за катастар во Скопје, манипулирајки со својата националност, такашто еднаш се пријавила како Албанка, а еднаш како Турчинка. И додека се редат корупциски скандали, вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски молчи и не презема ништо за да ги осуди или спречи ваквите скандалозни државни вработувања. Но, претседателката на Транспаренси интернешнл Слаѓана Тасева изјави дека будно ги следи сите сомнителни настани во коишто е замешана корупцијата. -Следиме се и гледаме се и токму ваквите нешта секако дека на крајот ќе бидат земени предвид и ќе влијаат во Извештајот за индексот за перцепција за корупција. Ние ќе продолжиме да мониторираме и да нотираме. Не треба да се бега од реалноста бидејќи е очигледен трендот на постојано одење надолу на индексот за перцепција на корупција, вели Тасева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-nikako-da-se-zafati-za-rabota-direktorkata-na-transparensi-najavi-deka-kje-mu-dishe-vo-vrat/feed/ 0
Чашуле: 111-то место според Транспаренси Интернешнл, според „Економист“ во Македонија владее хибриден режим, и се турка на сила попис, дел од „добрите“ политики на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/#respond Mon, 08 Feb 2021 09:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=465708

На сила го донесоа Законот за попис, сега на сила ќе го спроведат пописот. Но изгледа и дека таму нешто не им штима. Еве, претседателто Пендаровски кој збор не кажа, додека се носеше Законот и веднаш го потпиша указот со кој стапи на сила, неделава изјави дека не било ништо страшно ако пописот се одложи за некој месец, рече Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“. Чашуле додаде дека по изјава на Пендаровски и Заев срамежливо се согласи со него. -Па, чекајте малку, нели светските милијардери едвај чекаат да се преброиме за да ги инвестираат своите милиони тука. Ние сега ќе го одложуваме пописот, за месец - два? Немојте ви се молам. Шегата на страна, не знам дали нешто не им оди според план или едноставно видоа дека во сред епидемија пописот и не е возможен, еве како што видовме Хрватска го одложи својот, па сега и нашиве нешто се заплеткаа. Навистина, не знам. Ама затоа се согласувам со барањето на опозицијата, пописот да се одложи до 2022 година. Ако можевме да преживееме без него речиси две децении, нема да биде ништо страшно ако почекаме уште една година, истакна Чашуле. Чашуле посочи дека ако пописот се закаже за 2022 година како опозицијата што бара, тогаш нема да постои ризик за граѓаните каков што сега има поради пандемијата. -Ама, не тоа важи за нормални демократски држави, ние не сме таква. Еве, дека не сме таква ни стигна и светско признание од „Економист“ дека во Македонија владее хибриден режим, рече Чашуле. Чашуле додад дека поради СДСМ, Македонија е ставена во групата на хибридни режими и е на ниво со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Уганда, Либан итн. Со резултатот 5.89, земјава бележи пад според индексот на демократија во последниве четири години во однос на претходните години кога резултатот бил над 6. И овој извештај стигна пред само една недела, откако претходно Македонија се најде и на разочарувачкото 111-то место на непопуларната листа на Транспаренси Интернешнл, според индексот на корупција. А, тоа е најнизок ранг што Македонија го има откако се мери коруцијата во земјава. -Значи кратко и јасно, падот во двата извештаи е регистриран, за време на владеењето на СДСМ и Заев, нагласи Чашуле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-111-to-mesto-spored-transparensi-interneshnl-spored-ekonomist-vo-makedonija-vladee-hibriden-rezim-i-se-turka-na-sila-popis-del-od-dobrite-politiki-na-zaev/feed/ 0
Сламков: Состојбата со борбата против корупцијата е алармантна, 111 место на Транспаренси Интернешнл покажува дека помината е црвената линија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/slamkov-sostojbata-so-borbata-protiv-korupcijata-e-alarmantna-111-mesto-na-transparensi-interneshnl-pokazuva-deka-pominata-e-crvenata-linija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/slamkov-sostojbata-so-borbata-protiv-korupcijata-e-alarmantna-111-mesto-na-transparensi-interneshnl-pokazuva-deka-pominata-e-crvenata-linija/#respond Sat, 06 Feb 2021 12:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=465099

Поранешниот претседател на Државнака комисија за антикорупција, Ѓорѓи Сламков вели дека Македонија сега со 111 место, паднала многу ниско на лестата на Транспаренси Интернешенл, институција која го мери индексот на корупција, односно борбата против корупцијата во државата. Тој во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 истакна дека, овој показател ни покажува дека состојбата со борбата против корупцијата во државата е алармантна и дека во македонското општество веќе е помината црвената линија и затоа потребнен е, според него, нов институционален модел за борбата против корупцијата. Сламков додава дека вината за оввој несланев неуспех не треба да се бара во ДКСК, затоа што таа превентивно административно тело, кое што нема оперативни надлежности, таа само креира стратегии, политики, програми. - Поаѓајќи од тоа што лани бевме на 106 место, јас ја поставив тезата дека можеби сега е време да се пристапи кон промена институционалниот модел за борба против корупцијата. Јас сеуште се залагам и ќе се залагам во иднина, ние кога имаме вака алармантна состојба со показател, кој што покажува, дека во оштеството веќе црвената линија е помината, треба да преминеме кон суштиснки промени, односно да го смениме институционалниот модел за борба против корупцијата, истакна Сламков. Тој појасни дека, во негово време, кога тој беше претседател на комисијата, периодот 2013-2014 година Македонија беше позиционирана на високото 63 и 67 место на индекост на Транспаренси во борбата против корупцијата, што ја правеше државата пример во регионот за посветеноста во борбата против корупцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/slamkov-sostojbata-so-borbata-protiv-korupcijata-e-alarmantna-111-mesto-na-transparensi-interneshnl-pokazuva-deka-pominata-e-crvenata-linija/feed/ 0
Средба Николоски – Пина: Загрижувачки високото ниво на корупција во Македонија е отсликано и во последниот Извештај на Транспаренси Интернешнл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-nikoloski-pina-zagrizuvachki-visokoto-nivo-na-korupcija-vo-makedonija-e-otslikano-i-vo-posledniot-izveshtaj-na-transparensi-interneshnl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-nikoloski-pina-zagrizuvachki-visokoto-nivo-na-korupcija-vo-makedonija-e-otslikano-i-vo-posledniot-izveshtaj-na-transparensi-interneshnl/#respond Tue, 02 Feb 2021 16:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=463272

Денеска остварив средба со амбасадорката на Португалија, Марија Виргина Пина која што е задолжена и за Република Македонија. Португалија претседава со ЕУ од први јануари оваа година во следните шест месеци. И е вонредно означена за Македонија. Затоа што треба да се направи напор во рамки на португалското претседателство, Македонија конечно да ги почне преговорите за членство со ЕУ, изјави денеска за медиумите, Александар Николоски претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. - Со амбасадорката разменивме мислења околу актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, и ја информирав за загрижувачки високото ниво на корупција во Македонија, кое што е отсликано и во последниот Извештај на Транспаренси Интернешнл, каде што Македонија се наоѓа најниско во својата историја на 111-тото место. Исто така ја информирав за застојот во реформите, како за здравствената и економска криза со која што се соочува Македонија, вели тој. Николоски посочи дека ја информирал амбасадорката и за работата на Националниот Совет за евроинтеграции, каде што е тој  претседател, како едно тело во кое што треба да се обединат сите клучни политички фактори во европските интеграции на Македонија. - Она за што исто така ја информирав амбасадорката е немањето конкретна волја на власта да спроведе и да реализира реформи, како и затскривањето позади одредени потези на власта кои што само сугерираат за жал криминал и корупција. Тоа што би сакал да го нагласам е дека е мое задоволство што сум прв политичар од Македонија кој што има средба со амбасадорката откако Португалија претседава со ЕУ. Сметам дека ова е еден значаен чекор, дека е уште една можност ВМРО-ДПМНЕ и јас лично да ги покажеме нашите приоритети, и се надевам дека е поттик за власта да остварат подобри контакти со Португалија и со нивната амбасадорка. Затоа што сметам дека мора да се искористи португалското претседателство и да создаваме пријатели како држава кои што како пријатели ќе ни помагаат на овој европски пат, истакна тој. - Со амбасадорката разменивме мислења и за регионалниот контекст, за условувањата кои што Македонија ги има од Бугарија при што нагласив дека не може и нема да има разговори за македонскиот национален идентитет, за засебноста на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската култура, тоа се основни столбови на македонската држава и за истите не може да има разговори. Се надевам да го продолжиме овој конструктивен дијалог со амбасадорката Марија Виргина Пина и се надевам дека за скоро време ќе го посети и Скопје, каде што ќе можеме да ги продолжиме овие разговори, додаде Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-nikoloski-pina-zagrizuvachki-visokoto-nivo-na-korupcija-vo-makedonija-e-otslikano-i-vo-posledniot-izveshtaj-na-transparensi-interneshnl/feed/ 0
Тасева: Пресудата за Фени е директен атак врз Транспаренси Македонија заради извештајот кој што го пренесовме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-presudata-za-feni-e-direkten-atak-vrz-transparensi-makedonija-zaradi-izveshtajot-koj-shto-go-prenesovme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-presudata-za-feni-e-direkten-atak-vrz-transparensi-makedonija-zaradi-izveshtajot-koj-shto-go-prenesovme/#respond Mon, 01 Feb 2021 20:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=462833

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше тужбата за Транспаренси Интернешнл и за нејзе лично која ја добиле по прес конференција која се однесувала за случајот Фени. Имено таа посочи дека пресудата од таа тужба излегле веднаш откако Транспаренси Интернешнл го објавиле индексот на перцепција на корупцијата и според неа станува збор за оркестрирано атакување и нарушување на интегритетот на тој кој ја пренел пораката од Транспаренси Интернешнл. -Оваа состојба со објавувањето, тоа е одлука на граѓанскиот суд за тужба поднесена за клевета која што е поднесена против Транспаренси Интернешнл Македонија и против мене како претседател на Транспаренси Интерншнл за прес конфренцијата која што ја имавме за стечајот на Фени и повеќе од две години траеше тој судски процес. На 10 ноември судијата ја објави пресудата, но таа првостепена судска одлука која што не е објавена на веб страна на судот, која што адвокатот на Транспаренси Интернешнл која уште не ја добил од судот, а која што излезе во медиумите утредента после објавување на индексот за перцепција на корупција која очигледно за мене јас го толкувам како оркестрирано атакување и обид за дискредиртација и нарушување на интегритетот на тој кој што ја пренесува пораката. Значи јас ја пренесов пораката од Транспаренси Интернешнл. Ако некој мислел на тој начин да ја брани Владата да ја брани во однос на тоа дека сме толку ниско да покаже од каде сега излезе значи мислам дека не е постигната целта или дека е постигнат спротивен ефект затоа што таа пресуда која е првостепена според која сосема контардикторно Транспаренси Интернешнл нема пасивен легитимитет да биде тужен. Меѓутоа јас сум прогласена за одговорна за клевета и тоа во својство на физичко лице кое од дома дошло пред логото на Транспаренси во канцеларијата на Транспаресни да каже што мисли за Фени. Никој од тие кои ја објавија не кажа дека е тоа првостепена, ниту го дадоа изворот на информации и мислам дека не е добро на тој начин да се одговори на фактот дека ние се наоѓаме на 111 место на индексот за перцепција на корупцијата со тоа што ќе се напаѓа тој кој ја пренел пораката, рече Тасева во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-presudata-za-feni-e-direkten-atak-vrz-transparensi-makedonija-zaradi-izveshtajot-koj-shto-go-prenesovme/feed/ 0
Ивановска: ЕУ, ГРЕКО и Транспаренси потврдуваат дека политиката влијае врз бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-eu-greko-i-transparensi-potvrduvaat-deka-politikata-vlijae-vrz-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-eu-greko-i-transparensi-potvrduvaat-deka-politikata-vlijae-vrz-biznisot/#respond Mon, 01 Feb 2021 19:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=462796

Билјана Ивановска од ДКСК во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за високото ниво на корупција во државата и посочи дека веќе втора година поред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот. -Се е поинаку кога и од надвор ќе се покажат истражувањата кои ние веќе претходно сме ги алармирале во државата. Ако се прифати дефиницијата општо прифатена дека кај нас корупцијата станала начин за живеење мислам дека ова не е чудно. Во ризиците од корупција кои ги подготвуваме водечко беше влијанието политиката, потоа владеење на право односно невладеење на правото во однос на неказнивоста, интегритетот, донесување на закони постапки, и се спомнуваат во овој извештај на Транспаресни и тоа втора година по ред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот и тие препораки ги кажува и Греко. Истото тоа ни го кажува и Европската Комисија и тоа ние секако тоа така го ставаме на страна. Тие се состојбите во државата и оние работи кои сме ги дефинирале во националната стратегија како активности потребни за надминување на овие состојби час поскоро да се извршат, рече Ивановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-eu-greko-i-transparensi-potvrduvaat-deka-politikata-vlijae-vrz-biznisot/feed/ 0
Тасева: Ова е најлош резултат откако Македонија е на ранг листата на Транспаренси Интернешнл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-ova-e-najlosh-rezultat-otkako-makedonija-e-na-rang-listata-na-transparensi-interneshnl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-ova-e-najlosh-rezultat-otkako-makedonija-e-na-rang-listata-na-transparensi-interneshnl/#respond Mon, 01 Feb 2021 19:02:48 +0000 https://kurir.mk/?p=462793

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за последниот извештај на Транспаренси Интернешнл каде посочи дека ова е најлош резултат до сега откако Македонија е на ранг листата на Транспаренси Интернешнл. -Ова е најлош резултат до сега откако сме рангирани на ранг листата на Транспаренси за индексот за перцепцијата за корупцијата. Секоја година гледаме дека имаме многу голем пад на индексот за перцепција за корупција во Република Македонија и тоа треба да биде индикатор дека станува збор за нешто подлабоко и посериозно отколку дека тука некој влијае на некој начин на мислењето и перцепцијата на граѓаните. Поважно е да се каже дека овој индекс кој го објавува Транспаренси Интернешнл е композитен индекс, за да се формира резултатот кои ги други реномирани институции затоа што на индексот се рангирани 188 држави. Тие 7 истражувања кои ги имаме за нас се истражувања кои се спроведени во последните две години, во 2019 и 2020 година, рече Тасева во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taseva-ova-e-najlosh-rezultat-otkako-makedonija-e-na-rang-listata-na-transparensi-interneshnl/feed/ 0
Митовски: Аферата „Рекет 4“ не е само перцепција, туку реална состојба во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitovski-aferata-reket-4-ne-e-samo-percepcija-tuku-realna-sostojba-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitovski-aferata-reket-4-ne-e-samo-percepcija-tuku-realna-sostojba-vo-makedonija/#respond Mon, 01 Feb 2021 18:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=462780

Гостин вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија беше уредникот на Инфомакс, Александар Митковски. Тој зборуваше за актуелната тема во Македонија а тоа е корупцијата. Последните извештиа на Транспаренси Интернешнл укажуваат дека Македонија во последните години доживеала пад од 46 места, односно дека се наоѓа на 111 место. Актуелната власт во своја одбрана изјави дека се работела за перцепција. На тоа Митковски вели дека перпеција се создава кога поголем број на единки ќе се соочат со одредена ситуација. -Ако ние денес имаме сто луѓе и од тие сто луѓе 95 се соочиле со корупција, тогаш тие пренеле на уште 950 луѓе кои што перцепираат врз основа на искуството наовие кои што биле жртви на корупција дека постои голема корупција, посочи тој. Митковски во текот на емисијата ги напомена трите најголеми афери поврзани со рекет кои се обелоденија во јавноста, градоначалнико кој пукаше во полиција, градоначалници кои што киднапираа новинари. Тој исто така ја напомена и аферата која што Инфомакс ја откри за јавноста, а тоа е аферата Рекет 4 за обезвреднување на имот на Водно со цел некој од власта да го купи по цена далеку пониска од реалната. Според Митковски Рекет 4 не е само перцепција, туку реална состојба во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitovski-aferata-reket-4-ne-e-samo-percepcija-tuku-realna-sostojba-vo-makedonija/feed/ 0