транспаренси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 May 2021 17:43:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png транспаренси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсова: Постојано обвинувате за криминал, Мицкоски: Не е само обвинување, вистина е, 111 то место сме на извештајот на Транспаренси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsova-postojano-obvinuvate-za-kriminal-mickoski-ne-e-samo-obvinuvanje-vistina-e-111-to-mesto-sme-na-izveshtajot-na-transparensi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsova-postojano-obvinuvate-za-kriminal-mickoski-ne-e-samo-obvinuvanje-vistina-e-111-to-mesto-sme-na-izveshtajot-na-transparensi/#respond Mon, 31 May 2021 17:43:48 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517349

Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и за владините коруптивни скандали кои што се случуваат на дневна основа. Арсова од Сител телевизија му посочи на Мицкоски дека секојдневно зборува и ја обвинува власта за криминалите, на што Мицкоски одговори дека не ја обвинува власта, туку тоа го потврдува Транспаренси Интернешнал која Република Македонија ја смеси на 111-то место по корупција. Според Мицкоски, тоа е пораз за целата држава и за сите граѓани, поради тоа што етикетата ја носиме сите ние, иако таквиот имиџ на земјата го изградија исклучиво Зоран Заев и неговите соработници. -Република Македонија дојде на тоа ниво да може секојдневно да се изнесуваат скандали поврзани со криминал и власта, а за тоа никој да не одговара. Токму поради тоа е перцепцијата на новинарите и медиумите дека опозицијата секојдневно обвинува, но тука не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, туку податокот за една од најкоруптивните земји го кажа реномираната Транспаренси Интернешнал, додава Мицкоски. Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со секојдневни проблеми кои што им го отежнуваат животот, се соочуваат со економски проблеми кои што се рефлектираат на начинот на живеење, додека одреден број политичари и функционери материјално го зголемуваат своето богатство и бескрупулозно ја замајуваат јавноста со лаги и измами, заврши Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsova-postojano-obvinuvate-za-kriminal-mickoski-ne-e-samo-obvinuvanje-vistina-e-111-to-mesto-sme-na-izveshtajot-na-transparensi/feed/ 0
Сламков: Според Транспаренси во Македонија се зголемила корупцијата во време на корона, ова треба да го вклучи црвениот аларм за преземање на радикални мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/#respond Wed, 03 Feb 2021 14:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=463694

Индексот што го прави Транспаренси е најрелевантен индекс за корупцијата во светот. За Македонија исто како и минатата година индексот е направен врз база на седум истражувања. Ова е најлошата позиција што Македонија некогаш ја имала. Не нарекоа земја со корупција во време на корона. И ова треба веќе да го вклучи црвениот аларм за преземање на радикални мерки, вели професорот по казнено право на Европскиот универзитет Ѓорги Сламков. Тој во емисијата „Добро утро секое утро” на Алфа телевизија, истакна дека кога од 106-то сега Македонија е на 111-то место во светот за корупција, потребен е радикален чекор. -Скоро излезе уште еден индекс, тоа е на Херитиџ фондацијата. И таму сме паднати за околу седум, осум места во споредба на минатата година. Таму како основна причина е наведена владеењето на правото. Тие велат вака “ограничена судска независност и политизација на телото за надзор врз работата на судството. На крај завршуваат дека Македонија има сериозен проблем со корупцијата, посочи Сламков. Според него, Државната комисија за спречување на корупцијата е административно тело, превентивно тело кое креира политики и стратегии. Тоа не е оперативно тело. Комисијата кога ќе добие информации за извршено кривично дело доставува иницијативи до Јавното обвинителство и тука завршува нејзината работа. -Затоа сметам дека ние треба да пристапиме кон промена на институционалниот модел за борба против корупцијата. Треба да одиме на вториот модел кој што постои во светот, а тоа се агенции за борба против криминалот. Постојат два типа, во рамките на полицијата и во рамките на обвинителството. Како пример ќе го кажам хрватското искуство, со нивната канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал. ЈО треба да има квалитетни истраги, значи обезбедување на целокупен доказен материјал. Судските постапки за корупција да бидат во разумен рок пресудени и што е најбитно на крајот да дојде до издржување на казната и конфискација на имотот. Исто така што приметив е тоа што во Македонија замислете нема институција која што треба да се грижи за трагање, обезбедување и за конфискација на таков имот, рече Сламков. Но, сето тоа може да се постигне само доколку има силна политичка волја. А луѓето кои работат во институциите треба да имаат интегритет, да бидат отпорни на влијанија. И не смее извршната власт да се меша во судската власт. -Затоа во извештајот на ГРЕКО има 23 препораки за Македонија во врска со превенција од корупција и интегритет кај највисоките носители на извршната власт и кај носителите во агенциите за спроведување на законот, изјави Сламков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slamkov-spored-transparensi-vo-makedonija-se-zgolemila-korupcijata-vo-vreme-na-korona-ova-treba-da-go-vkluchi-crveniot-alarm-za-prezemanje-na-radikalni-merki/feed/ 0
Транспаренси поднесе кривична пријава до ОЈО за незаконски исплати во Агенцијата за филм на РМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-za-nezakonski-isplati-vo-agencijata-za-film-na-rm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-za-nezakonski-isplati-vo-agencijata-za-film-na-rm/#respond Mon, 06 Jul 2020 12:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=369901

Транспаренси Интернешнел Македонија денеска соопшти дека до Основното јавно обвинителство во Скопје поднело кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм. Кривичната пријава е поднесенa против вршителот на должност Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, казниво по член 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а во врска со член 34 од Законот за филмската дејност. Кривичната пријава е поднесена од Транспаренси Интернешнел Македонија заради тоа што не добивме впечаток дека Јавното обвинителство ќе го преиспита овој случај по допрен глас, а во објавените новинарски текстови се содржани доволно информации од кои може да се согледаат незаконските дејствија на пријавениот, а објавен е и доказен материјал кој секако претставува јавна информација и не би ја загрозил идната истрага, се наведува во соопштението од Транспаренси интернешнел Македонија. На овој начин, како што се посочува, се воведува правилото на неказнивост и недопирливост од правдата и се поттикнува своеволното и коруптивно однесување од поединци, кои иако од политиката се назначени на функциите треба работат во полза на јавниот интерес и да не бидат недопирливи за законот. -Го повикуваме обвинителството за овој случај веднаш да поведе постапка за утврдување на одговорност за сторено кривично дело како и да започне соодветна финансиска истрага и да го проследи текот на парите, се наведува во соопштението од Транспаренси Интернешнел Македонија. Во образложението доставено до медиумите, од организацијата посочуваат дека на прес-конференција оддржана на 24 јуни 2020 година, директорот за Агенцијата за филм, изјави дека филмските проекти избрани на конкурсите на Агенцијата за филм ги финансирал без банкарска гаранција, и дека тоа го сторил со примена на член од договорите склучени со филмските продуценти според кој „Агенцијата нема да ја активира банкарската гаранција, како и нема да го раскине договорот доколку продуцентот не одговара на обврските од овој договор поради причина на виша сила, односно ако исполнувањето на обврската станала невозможна поради вонреден настан кој се склучил по склучување на Договорот, а кој во времето на склучување на договорот не можел да се предвиди, ниту да се спречи, избегне или отстрани“. Со ваквото постапување кое е во спротивност со Законот за филмската дејност и со склучените договори на Агенцијата за филм со филсмките проекти избрани на конкурсите на Агенцијата за филм, директорот на Агенцијата сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба“ 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а делото е сторено со повреда на членот 34 од Законот за филмската дејност. Како  што пишува Транспаренси Интернешнел Македонија согласно член 34 од Законот за филмската дејност, продуцентите избрани на конкурс на Агенцијата, се стекнуваат со право да склучат договор со Агенцијата доколку достават договори со други продуценти, правни и физички лица со кои потврдуват дека ги обезбедиле во целост средствата предвидени во буџетот за реализација на филмскиот проект и банкарска гаранција во висина од 25% од износот на средствата кои се обезбедени од Агенцијата. Во Законот за филмска дејност строго е предвидена структурата на Договор, а во овој случај пријавениот го изменил текстот на договорот, со што постапил спротивно на законот и на тој начин ја злоупотребил својата службена положба и овластување. Имено, членот 8 од Договорот во никој случај не е и не може да биде основ директорот да додели средства за нова фаза од реализација на проектот без банкарска гаранција. Тој регулира затекната состојба, во која средствата за одредена фаза од реализацијата на проектот се веќе доделени и е приложена банкарска гаранција, и тоа е сторено пред да настане некој настан кој претставува виша сила или некој вонреден настан. На овој начин, посочуваат од Транспаренси со работа спротивна на Законот за филмската дејност и склучените договори, директорот на Агенцијата за филм доделил средства за финансирање на повеќе од 30 филсмки проекти во износ од 50.000.000,00 денари, средства кои се обезбедени во Буџетот на Република Македонија. Со преведувањето на средствата, без да биде приложена банкарска гаранција, директорот на Агенцијата за филм не ги заштитил средствата на Агенцијата, кои се буџетски средства и со тоа го оштетил Буџетот на Република  Македонија, се посочува во соопштението од Транспаренси Интернешнел Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-za-nezakonski-isplati-vo-agencijata-za-film-na-rm/feed/ 0
Транспаренси Интернешнел Македонија: Овие неколку уредби со законска сила содржат ризик од корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/#respond Mon, 27 Apr 2020 12:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=338022

Транспаренси Интернешнел Македонија ги следи и анализира уредбите со законска сила донесени од Владата на Р.Македонија од аспект на ризик од корупција. Во овие рамки, а од почетокот на прогласената вонредна состојба, од ТИМ истакнуваат дека се издвоени неколку уредби за кои укажуваат дека во себе содржат ризик од корупција, што ќе се има во предвид при натамошно следење на нивното спроведување. Станува збор за Уредбата со законска сила за примена на законот за заштита на наслението од заразни болести во време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за јавно обвинителски службеници, истражителите и другите вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Трета е Уредбата со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба – предност при изборот им се дава на оние понудувачи кои најбрзо ќе достават респираторни машини кои ја исполнуваа спецификацијата, а четврта е Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба. -Следењето на спроведувањето на овие уредби ќе се одвива преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, укажуваме и бараме од сите надлежни органи и институции навреме самите да објавуваат редовни и ажурирани информации за постапувањата во врска со овие уредби, да се изготвуваат редовни извештаи кои ќе бидат објавени на веб страната на Владата и на надлежните органи. Исто така бараме Владата да обезбеди навремено постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер, затоа што во овој период истото се одвива со големи задоцнувања, соопштија од Транспаренси. Дополнително, од таму велат дека во интерес на градење на доверба од граѓаните во однос на располагање со буџетот и другата финансиска и нефинансиска помош добиена во услови на оваа вонредна состојба, бараат Владата претходно да ги објавува политиките за прераспределба на буџетски средства како износот, количината и распределбата и сите донации кои се добиени од било кој извор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transparensi-interneshnel-makedonija-ovie-nekolku-uredbi-so-zakonska-sila-sodrzat-rizik-od-korupcija/feed/ 0
Македонија се дави во корупција: Уназадување за 17 места во само една година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-davi-vo-korupcija-unazaduvanje-za-17-mesta-vo-samo-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-davi-vo-korupcija-unazaduvanje-za-17-mesta-vo-samo-edna-godina/#respond Thu, 22 Feb 2018 10:01:23 +0000 http://kurir.mk/?p=23858

На листата на „Транспаренси“, Македонија бележи пад за 17 места на индексот на корупција. Земјава се наоѓа на најлошата позиција до сега- 107-мо место. Корупцијата во Македонија цвета. Се наоѓаме зад Етиопија, Танзанија, Замбија, Брегот на слоновата коска... По доаѓањето на СДСМ на власт, се почесто излегуваат во јавноста скандали од работењето на функционерите поставени од Зоран Заев. Потсетуваме на мал дел од нив, со кои јасно се увидува дека „Транспаренси“ е во право кога ја сместува земјава меѓу најкорумпираните.

„Фероинвест“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев добил тендер од 2.6 мил. евра во ЕЛЕМ

09.09.2017 Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра.

Објавени документи дека Шекеринска местела тендер за Пуцко петрол

19.12.2017 Нов скандал се поврзува со актуелната власт на Зоран Заев и Министерството за одбрана, каде министерка е Радмила Шекеринска. Компанијата „Пуцко петро" ДООЕл од село Пласница го добила тендерот за на мазут. „Пуцко петрол" го добил тендерот, иако според Републичката комисија за енергетика не ги исполнувал основните услови за учество на овој тендер. -По нашата преписка со МО и со РКЕ, од министерството денеска ни одговорија дека сега, по завршувањето на целата процедура околу тендерот, поднеле официјално барање до „Пуцко петрол" и до РКЕ за одговор на прашањето дали компанијата од Пласница има или нема лиценца за мазут, пишува МКД.мк .

Непотизмот е начин на владеење на СДСМ: Си вработуваат членови на семејствата и свои партиски послушници

15.02.2018 Фрчат огласи за вработување во државната и јавната администрација. Речиси и да не помине ден кога Владата предводена од СДСМ има распишано оглас за вработување. Иако во предизборниот период ветуваа намалување на државната администрација и стопирање на сите вработувања, веќе 8 месеци како се на власт и покрај сите препораки од ЕУ дека администрацијата ни е превработена, сепак вработувањата никако да запрат. Во таканаречениот план за итни реформски приоритети насловен како 3-6-9, СДСМ вети дека администрацијата ќе биде професионална, отчетна и непартиска се со цел да биде ставена во функција на граѓаните. Емисијата„Проверено“ на 24 Вести, излезе со детална анализа за масовната партизација во владините институции. Таму обвинуваат и за непотизам и јасно предочуваат кој, каде и како вработувал. Драги Рашковски не е единствениот од СДСМ кој си ги вработува своите најблиски. Така на пример градоначалнилката на Битола, Наташа Петровска си го вработи својот брат кој бил единствен пријавен на конкурсот за наставник во едно од училиштата. Во ова не заостанува ни нејзиниот партиски колега градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски каде речиси по истиот пример си ја вработи својата сопруга. Ист таков пример ни доаѓа и од Неготино каде градоначалникот Тони Делков и таму си ја вработи својата сопруга. Во сите овие случаи како единствени кандидати за овие работи места се јавуваат брачните другари на градоначалниците. Ова е класичен судир на интереси и се коси со законот за судир на интереси кои овие градоначалници на еден дрзок начин ги прекршуваат. Но ова е само капка во морето што го прават партиските функционери на СДСМ. Секојдневно се објавуваат огласи за високи позиции во државата без најосновните критериуми за тоа како некој треба да влезе на работа. Емисијата “Проверено“ отркива фрапантни докази за паризираноста на администрацијата. Од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев дури тројца вработени се во управни или надзорни одбори. Значи малку им е платата што ја добиваат од Владата како редовно вработени, па сега како докажани професионалци дополнително се “наградени“ со уште плус дополнителни приходи. Поранешната новинарка Марина Узунов, а сегашна вработена кај Анѓушев е дополнително вдомена во управниот одбор на ТИРЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-davi-vo-korupcija-unazaduvanje-za-17-mesta-vo-samo-edna-godina/feed/ 0