транспарентност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 13:58:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png транспарентност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Брвеница на прво место за активна транспарентност во Полошкиот регион https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-brvenitsa-na-prvo-mesto-za-aktivna-transparentnost-vo-poloshkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-brvenitsa-na-prvo-mesto-za-aktivna-transparentnost-vo-poloshkiot-region/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=855898

Општина Брвеница е рангираната на прво место за активна транспарентност во Полошкиот регион во истражувањето што секоја година го прави Центарот за граѓански комуникации околу тоа колку институциите самите ги објавуваат информациите од јавен карактер без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до нив. Во рангирањето се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Општина Брвеница има резултат од 92,8 % за активна транспарентност, а според Центарот годинава добиле нови 10 проценти поени. -И оваа година напреднавме во делот на јавното информирање а нашата цел е секоја информација без исклучок да стигне до секој граѓанин навремено и точна, изјави градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. На табелата за Полошки регион Општина Тетово со 80% е на второ место, додека Теарце со 79,7% на трета позиција. Според Центарот за граѓански комуникации просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %).]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-brvenitsa-na-prvo-mesto-za-aktivna-transparentnost-vo-poloshkiot-region/feed/ 0
ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-pobara-pogolema-transparentnost-za-vakcinite-zaradi-borba-protiv-dezinformaciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-pobara-pogolema-transparentnost-za-vakcinite-zaradi-borba-protiv-dezinformaciite/#respond Mon, 18 Oct 2021 08:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=581322

Европскиот парламент неделава ќе упати повик за поголема транспарентност во врска со развојот, купувањето и дистрибуцијата на вакцините како противмерка на ширењето дезинформации. Ова е на дневен ред на вечерашната седница на европратениците во Стразбур. Во нацрт-резолуцијата се наведува дека досега податоците дадени од Европската комисија, производителите на вакцини и земјите од ЕУ се недоволни. Се очекува ЕП в четврток да го повика комитетот да ја покаже целосната содржина на потпишаните договори за снабдување со вакцини и да разјасни дали овие договори се прекршени. Европратениците се очекува да инсистираат на појаснување на сумите од европскиот буџет во развојот на вакцините како и за договорените цени за испорака. Нацрт -резолуцијата ги повикува да побараат објавување на детални податоци од клиничките испитувања на вакцини, што може да помогне да се отфрли двоумењето на луѓето да се вакцинираат, како и да се спротивстави на дезинформациите, се вели во соопштението на ЕП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-pobara-pogolema-transparentnost-za-vakcinite-zaradi-borba-protiv-dezinformaciite/feed/ 0
ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола: Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-bitola-instituciite-na-sistemot-rabotat-transparentno-koga-ovozmozuvat-zasegnatite-strani-i-javnosta-da-ima-navremen-pristap-do-informaciite-koi-gi-kreiraat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-bitola-instituciite-na-sistemot-rabotat-transparentno-koga-ovozmozuvat-zasegnatite-strani-i-javnosta-da-ima-navremen-pristap-do-informaciite-koi-gi-kreiraat/#respond Tue, 12 Jan 2021 12:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=454255

Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ - Битола на прес-конференцијата на СДСМ за транспарентноста на општина Битола.. Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните. А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај. Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население. Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери. Може да се пофалите со вашата НЕтранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти. Свежо ни е сеќавањето од вчерашните полавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура. Сето тоа не потсети на сеуште неисплатените штети од поплавите од јули минатата година. Важно општинската комисијата за штети во состав: Александар Цуцуловски, Митре Стојановски, Стефче Митревски, Елизабета Колевска и Марјан Јовановски ги доби своите паушали. Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди, итн. Срамно и жално е да се лажат битолчани. ТРАНСПАРЕНТНОСТ ... тоа е ваша лоша страна, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ - Битола.