трансплантација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 10:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трансплантација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина вториот човек кому му беше пресадено срце од свиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-vtoriot-chovek-komu-mu-beshe-presadeno-srtse-od-svina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-vtoriot-chovek-komu-mu-beshe-presadeno-srtse-od-svina/#respond Thu, 02 Nov 2023 10:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895711

Лоренс Фосет, 58-годишен пациент со терминална болест на срцето и второто лице кое прими генетски модифицирано срце од свиња, почина на 30 октомври, се вели во соопштението од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд во Балтимор, каде е извршена трансплантацијата. Фосет имаше трансплантација на 20 септември и живееше шест недели - пократко од првиот примател, и покрај дополнителните мерки на претпазливост во Мериленд. , На почетокот Фосет добро закрепнуваше од операцијата. Одеше на физикална терапија, поминуваше време со членовите на семејството и играше карти со сопругата. Но, во деновите пред неговата смрт, неговото срце почнало да покажува знаци на отфрлање на органите; со други зборови, неговиот имунолошки систем го препознал срцето на свињата како туѓо и го нападнал. Отфрлањето е исто така најголемиот предизвик во традиционалните трансплантации на човечки органи, пишува магазинот „Вајрид“ („Wired“). Во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд и на други места, истражувачите ја проучуваа можноста за трансплантација на животински органи на луѓе - позната како ксенотрансплантација - како начин да се намали недостигот на човечки органи. „Имаме намера да спроведеме сеопфатна анализа за да ги идентификуваме факторите што можат да се спречат во идните трансплантации“, рече Мухамед Мохиудин, кој ја надгледува програмата за ксенотрансплантација на универзитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-vtoriot-chovek-komu-mu-beshe-presadeno-srtse-od-svina/feed/ 0
Изведена комплексна реконструкција на подлактица со коскено ткиво од донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=890123

Минатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ беше изведен комплициран оперативен зафат, реконструкција на горен екстермитет, во кој на 44 годишен маж повреден со огнено оружје му беше направена трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор. -Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Oштетена e една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот користена е фибула од починат донор и истата е фиксирана со плочки и штрафови - објаснува Д-р. Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој учествуваше во транспланатацијата заедно со Д-р. Александар Савески. Пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и враќање на комплетната функција на раката. Ова е трета по ред транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22 во последниве три години откако на Клиниката за Ортопедија започна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/feed/ 0
Нова шанса: Еден донор утрово спаси четири животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=858362

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. -Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, информираат од Министерството за здравство. Оттаму упатуваат уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shansa-eden-donor-utrovo-spasi-chetiri-zhivoti/feed/ 0
Новата година започна со хуманост: Извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/#respond Wed, 04 Jan 2023 12:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=783772

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање. - Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали. Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. - Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-godina-zapochna-so-humanost-izvrshena-ushte-edna-transplantacija-na-crn-drob-bubrezi-i-koskeni-tkiva/feed/ 0
Бубрег на починато момче (28) со ретка крвна група се трансплантира кај 22 годишник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/#respond Wed, 01 Sep 2021 08:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=557649

На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство. – Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови, се вели во соопштението од МЗ. Од МЗ посочуваат дека се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот. Министерството за здравство укажува голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои покажаа што значи хуманост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bubreg-na-pochinato-momche-28-so-retka-krvna-grupa-se-transplantira-kaj-22-godishnik/feed/ 0
Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/#respond Thu, 01 Jul 2021 05:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=530217

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови, информира на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. -Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари,пишува Филипче. Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-zapochnaa-dve-transplantacii-na-bubrezi-od-pochinat-donor/feed/ 0
УБАВА ВЕСТ: Пациентите на кои им беше трансплантирано срце од починат донор се во добра и стабилна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubava-vest-pacientite-na-koi-im-beshe-transplantirano-srce-od-pochinat-donor-se-vo-dobra-i-stabilna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubava-vest-pacientite-na-koi-im-beshe-transplantirano-srce-od-pochinat-donor-se-vo-dobra-i-stabilna-sostojba/#respond Mon, 14 Jun 2021 14:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=523275

Пациентите на кои им беше трансплантирано срце од починат донор се во добра и стабилна состојба. -Претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетив пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор. Двата пациенти се во добра и стабилна состојба, информираше министерот Венко Филипче. Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пацент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба. -Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, додава Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubava-vest-pacientite-na-koi-im-beshe-transplantirano-srce-od-pochinat-donor-se-vo-dobra-i-stabilna-sostojba/feed/ 0
Хуманост во најтешки моменти: За една година трансплантирани четири срца и 10 бубрези https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanost-vo-najteshki-momenti-za-edna-godina-transplantirani-chetiri-srca-i-10-bubrezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanost-vo-najteshki-momenti-za-edna-godina-transplantirani-chetiri-srca-i-10-bubrezi/#respond Fri, 11 Jun 2021 10:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=521964

Најмалку три животи ќе бидат спасени со органите на 44 годишната жена кај која вчера била дијагностицирана мозочна смрт. Медицинските тимови во период од 24 часа направија експлантација и трансплантација на повеќе органи. Од Министерството за здравство информираат дека завршена е трансплатацијата на срце, а во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Нова шанса ќе добијат двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа. Според податоците од Министерсвото во изминатата една година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрези. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива. -Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти, велат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanost-vo-najteshki-momenti-za-edna-godina-transplantirani-chetiri-srca-i-10-bubrezi/feed/ 0
Завршена трансплантацијата: Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка повторно чука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshena-transplantacijata-rano-utrovo-srceto-na-44-godishnata-pacientka-povtorno-chuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshena-transplantacijata-rano-utrovo-srceto-na-44-godishnata-pacientka-povtorno-chuka/#respond Fri, 11 Jun 2021 05:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=521828

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. -Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем, напиша Филипче на Фејсбук. Министерот најавува повеќе детали во текот на денот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshena-transplantacijata-rano-utrovo-srceto-na-44-godishnata-pacientka-povtorno-chuka/feed/ 0
Живот и надеж: Органите на 44 годишна жена нова шанса за тројца пациенти, четврта срцева трансплантација во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/#respond Fri, 11 Jun 2021 05:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=521818

Медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт. Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на органите – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај. – Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следува експлантацијата на коскени ткива. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот Филипче на Фејсбук. Претходно, неколку часа екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа на подготовка на донорот и реципиентите. Целата постапка ја водат болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivot-i-nadez-organite-na-44-godishna-zena-nova-shansa-za-trojca-pacienti-chetvrta-srceva-transplantacija-vo-makedonija/feed/ 0