трансплатација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 20:07:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трансплатација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За прв пат извршена трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/#respond Fri, 25 Nov 2022 20:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=766727

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од Министерството за здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од Министерството. -Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prv-pat-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-vo-makedonija/feed/ 0
Времето на мајка ми истекуваше, ризикот беше уште поголем – хрватски фудбалер стана херој во својата земја, сега се врати и на теренот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/#respond Mon, 22 Aug 2022 12:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=722050

Фудбалерот на хрватскиот второлигаш Цибалија, Роберт Периќ-Комшиќ, веќе со недели е во центарот на спортското внимание. Овој, 23-годишен фудбалер, без многу да размислува, реши да ја стави на пауза својата професионална кариера за да го спаси животот на својата мајка. Напаѓачот на Цибалија, донираше 70% од црниот дроб на жената која му подари живот. Неговата мајка претходно имала три неуспешни трансплантации и не ѝ останувало уште многу време за живеење. Откако другите нејзини опции се покажале како ризични, тој одлучил да отпатува во Турција и да биде нејзин донор. Само четири месеци откако беше направена операцијата во Истанбул, Роберт се врати на зелениот терен. „Во оваа приказна, мајка ми е поголем херој од мене. Да не му го даде Бог на никого она што таа го преживеа во изминатите 13 години. Имаше три неуспешни трансплантации на црн дроб од починат донор… Ризикот беше огромен, а времето на мајка ми истекуваше. Беше во животна опасност, стомакот ѝ се полнеше со вода и беше прашање на денови… Во моментот кога дознав дека сите други опции се исцрпени, се спакував и одлетав за Истанбул“, изјави Роберт. Играчот на хрватскиот второлигаш додаде дека не сака да биде нарекуван херој затоа што тоа би го направил секој кој што живеел во функционално семејство. „Мама мора да прима терапија, но тоа не е за неа никаква новост, затоа што со години е под лекови. Мене сите резултати ми се уредни, црниот дроб два месеци по операцијата беше целосно регенериран. Бегам од некакви приказни за херојство, го направив она што би го направи секој кој растел во функционално семејство. Мене мајка ми ми даде живот, а јас ѝ го продолжив нејзиниот“, додаде Роберт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vremeto-na-majka-mi-istekuvashe-rizikot-beshe-ushte-pogolem-hrvatski-fudbaler-stana-heroj-vo-svojata-zemja-sega-se-vrati-i-na-terenot-foto/feed/ 0
Почина човекот на кого му беше трансплатирано срце од свиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chovekot-na-kogo-mu-beshe-transplatirano-srce-od-svinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chovekot-na-kogo-mu-beshe-transplatirano-srce-od-svinja/#respond Wed, 09 Mar 2022 16:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=644219

Првиот човек на кој му беше пресадено срце од свиња почина два месеци по револуционерниот експеримент, соопшти денеска болницата во Мериленд, чии експерти ја извршиле оваа комплицирана процедура. Дејвид Бенет (57) почина вчера во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд. Лекарите не ја наведоа точната причина за смртта, само рекоа дека неговата состојба почнала да се влошува неколку дена претходно. Синот на Бенет ја пофали болницата што го понудила последниот експеримент, велејќи дека семејството се надева дека тоа ќе помогне во понатамошните напори да се стави крај на недостигот на органи. - Ние сме благодарни за секој иновативен момент, секој луд сон, секоја непроспиена ноќ вложена во овој историски напор, рече синот на Дејвид, Бенет Јуниор по операцијата во соопштението објавено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд. - Се надеваме дека оваа приказна може да биде почеток на надежта, а не крај. Лекарите со децении се обидуваат еден ден да искористат животински органи за спасувачка трансплантација. Бенет, мајстор од Хагерстаун, Мериленд, беше кандидат за овој последен обид само затоа што инаку се соочи со сигурна смрт - тој беше несоодветен за трансплантација на човечко срце, приковани за кревет и апарати за спасување животи. По операцијата на 7 јануари, синот на Бенет изјави за АП дека неговиот татко знаел дека нема гаранција дека ќе успее. Претходните обиди за такви трансплантации - или ксенотрансплантација - беа неуспешни во голема мера затоа што телата на пациентот брзо го отфрлија органот од животните. Овој пат, хирурзите од Мериленд користеле генетски модифицирано свинско срце; Научниците го модифицирале животното за да ги отстранат гените од свињите кои предизвикуваат експресно отфрлање и додале човечки гени за да му помогнат на телото да го прифати трансплантираниот орган. Во почетокот, свинското срце функционирало, а болницата во Мериленд периодично објавувала информации дека Бенет полека закрепнува. Минатиот месец болницата објави видео на кое се гледа како Дејвид Бенет го гледа „Супер Боул“ од болничкиот кревет додека паралелно вежба под надзор на физиотерапевт. - Многу сме погодени од смртта на господинот Бенет. Тој се покажа како храбар и благороден пациент кој се бореше до крај - изјави д-р Бартли Грифит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-chovekot-na-kogo-mu-beshe-transplatirano-srce-od-svinja/feed/ 0
ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Пресадено свинско срце на човек, неговите зборови ќе ве остават со солзи во очите! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prv-pat-vo-istorijata-presadeno-svinsko-srce-na-chovek-negovite-zborovi-kje-ve-ostavat-so-solzi-vo-ochite-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prv-pat-vo-istorijata-presadeno-svinsko-srce-na-chovek-negovite-zborovi-kje-ve-ostavat-so-solzi-vo-ochite-video/#respond Tue, 11 Jan 2022 08:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=617886

Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек на кој му била пресадена свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор. Дејвид не бил кандидат за трансплантација на човечки органи бидејќи, според медиумите, сам себе се „дисквалификувал“. Бенет бил на апарати со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи. - Знаев дека ова е мојата последна шанса и сакам да живеам. Шансите се мали, но ова е мојата последна шанса. Или ќе умрам или ќе ме оперираат, рекол Бенет пред да биде ставен под анестезија. Операцијата е направена во петокот, а Бенет засега се опоравува, се чувствува добро и дише без респиратор. Операцијата, изведена од тим од Медицинскиот универзитет на Мериленд (САД), имаше за цел да ja покаже изводливоста на трансплантација на свинско срце во човечко тело, овозможена со новите „преуредувања“ на гените. Ако ова вградување се покаже успешно, научниците се надеваат дека органите од свиња успешно ќе го надополнат недостатокот на човечки донори. – Ова е револуционерна операција која нѐ донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно, рече д-р Бартли Грифит. Тој ја изврши операцијата на вградувањето на срцето од свиња на човек. – Засега сме претпазливи, но оптимисти дека оваа прва ваква операција во светот ќе обезбеди важна нова опција за пациентите во иднина!, додаде д-р Грифит. И други свински органи се тестираат за трансплантација на луѓе, како што се бубрег, црн дроб и бели дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе беа неуспешни поради генетски разлики што предизвикаа отфрлање на органите или поради вируси кои претставуваа опасност од инфекција. Научниците го решија овој проблем со отстранување на можно штетните гени. Околу 110.000 Американци во мигов чекаат за вградување органи, а повеќе од 6.000 пациенти годишно во САД умираат без да го добијат потребниот орган, покажуваат податоците на интернет-страницата „Органдонор“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prv-pat-vo-istorijata-presadeno-svinsko-srce-na-chovek-negovite-zborovi-kje-ve-ostavat-so-solzi-vo-ochite-video/feed/ 0
На клиниките за Кардиохиругија и Урологија – уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikite-za-kardiohirugija-i-urologija-ushte-edna-transplantacija-na-srce-i-bubrezi-od-pochinat-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikite-za-kardiohirugija-i-urologija-ushte-edna-transplantacija-na-srce-i-bubrezi-od-pochinat-donor/#respond Wed, 25 Aug 2021 09:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=554796

Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од починат донор, 42 годишната пациентка, чија последна желба била нејзините органи да бидат донирани. Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikite-za-kardiohirugija-i-urologija-ushte-edna-transplantacija-na-srce-i-bubrezi-od-pochinat-donor/feed/ 0
Министерството за здравство соопшти во каква состојба е пациентот кој доби ново срце, 30 и 23 годишни пациенти ќе добијат бубрег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-soopshti-vo-kakva-sostojba-e-pacientot-koj-dobi-novo-srce-30-i-23-godishni-pacienti-kje-dobijat-bubreg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-soopshti-vo-kakva-sostojba-e-pacientot-koj-dobi-novo-srce-30-i-23-godishni-pacienti-kje-dobijat-bubreg/#respond Fri, 11 Jun 2021 10:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=521946

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат донор. Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Од Министерството информираат дека рано утрово заврши трансплантацијата на срце кај пациент кој подолго време боледува од срцева слабост. Пациентот е во стабилна состојба и закрепнува по операцијата. -Благодарност до тимовите за експлантација и трансплантација од Клиниката за Урологија предводени од д-р Сашо Дохчев и д-р Сотир Ставридис, кои изминативе 20 часа ги работеа интервенциите во операционите сали. Благодарност до медицинскиот персонал од Клиниката за нефрологија и Клиниката за трансфузиологија кои ги подготвија младите пациенти кои ги примија органите. Во исчекување сме на следната трансплантација на коски, по експлантацијата која во раните утрински часови ја заврши тимот за трансплантација од Клиниката за ортопедија, се вели во сооптението. Трансплантацијата на органи е тимска работа и во неа учествуваат пореку десет клиники и околу стотина лекари, медицински сестри и болничари во координација со Министерството за здравство и Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова Мијовска. Голема благодарност до болничките координатори од КАРИЛ и Неврохирургија кои ги водат пациентите во мозочна смрт и разговараат со смејството за можноста за донирање на органите, во тие најчувствителни моменти. Благодарност и до тимовите во Рентген институот, од Институтот за трансфузиологија, од Клиниката за нефрологија и Клиниката за кардологија како и тимовите за трансплантација од хируршките клиники и тоа Кликината за кардиохирургија, Урологија и Ортопедија, како и од приватната болница Жан Митрев. Во период од само 24 часа од поставување на дијагнозата за мозчна смрт сите овие тимови направија експлантација и трансплантација на повеќе органи и покажаа како беспрекорно функционира здравствениот ситем. Најголема благодарност за семејството за 44 годишната жена која ноќва спаси најмалку три животи. Благодарност до нејзиниот сопруг, нејзините деца и најблиското семејство. Тие покажаа што значи хуманост во најтешки моменти. Во изминатата една година во земјава се направени пет трансплантации од починат донор и притоа се трансплантирани четири срца и 10 бубрези. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-zdravstvo-soopshti-vo-kakva-sostojba-e-pacientot-koj-dobi-novo-srce-30-i-23-godishni-pacienti-kje-dobijat-bubreg/feed/ 0
Состојбата на пациентката на која и беше трансплатирано срце е дефинитивно стабилна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-pacientkata-na-koja-i-beshe-transplatirano-srce-e-definitivno-stabilna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-pacientkata-na-koja-i-beshe-transplatirano-srce-e-definitivno-stabilna/#respond Mon, 31 May 2021 13:11:36 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517248

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е стабилна. Вчера имаше неколку ревизии, имаше некои мали крварења после што се најдоа некои технички извори на крварења што се решија и денеска е дефинитивно стабилна ги нема тие знаци што ги имаше вчера. Јас верувам дека тоа значи дефинитивно стабилизирање на состојбата, дека нема да се случи некаква друга хируршка компликација, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тоа се информации од изутрината и непосредно пред настанот телефонски зборувал со докторите кои ја следат нејзината состојба. – Верувам во таа насока ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Сега е ситуација кога секој час, секоја минута е битна. Се пратат параметрите на секој час и во делот на анализа на крвната слика и во делот на параметрите на дишењето, работата на срцето. Се уште е рано, меѓутоа добри се знаците, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sostojbata-na-pacientkata-na-koja-i-beshe-transplatirano-srce-e-definitivno-stabilna/feed/ 0
Двајцата пациенти на кои им беа трансплатирани бубрези се чувствуваат добро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajcata-pacienti-na-koi-im-bea-transplatirani-bubrezi-se-chuvstvuvaat-dobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajcata-pacienti-na-koi-im-bea-transplatirani-bubrezi-se-chuvstvuvaat-dobro/#respond Mon, 31 May 2021 12:51:47 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517235

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа. Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ, информираат од Министерството за здравство. - Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска. Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска - национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија, велат од МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvajcata-pacienti-na-koi-im-bea-transplatirani-bubrezi-se-chuvstvuvaat-dobro/feed/ 0
27 годишно момче од Македонија доби ново срце – донор е семејство на 20 годишна девојка која починала во сообраќајна несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godishno-momche-od-makedonija-dobi-novo-srce-donor-e-semejstvo-na-20-godishna-devojka-koja-pochinala-vo-soobrakjajna-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godishno-momche-od-makedonija-dobi-novo-srce-donor-e-semejstvo-na-20-godishna-devojka-koja-pochinala-vo-soobrakjajna-nesrekja/#respond Sat, 17 Apr 2021 08:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=498427

Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија беше извршена трансплантација на срце кај 27.годишно момче. кое подолго време чекало донор. Сложената операција траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава. Ова е втора операвција на пресадување на срце во историјата на Македонија. Донорот инаку е 20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи. Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“.. Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godishno-momche-od-makedonija-dobi-novo-srce-donor-e-semejstvo-na-20-godishna-devojka-koja-pochinala-vo-soobrakjajna-nesrekja/feed/ 0
На 16-годишна пациентка ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-godishna-pacientka-e-izvrshena-transplantacija-na-matichni-kletki-od-nesroden-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-godishna-pacientka-e-izvrshena-transplantacija-na-matichni-kletki-od-nesroden-donor/#respond Thu, 23 Jul 2020 19:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=380552

На 16-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор, а материјалот за пресадување во земјава стигна преку патешествие, низ пет градови во Полска и Германија, информира на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-16-godishna-pacientka-e-izvrshena-transplantacija-na-matichni-kletki-od-nesroden-donor/feed/ 0