транспортери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Apr 2020 12:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png транспортери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Транспортерите  со околу 200 камиони го блокираа Скопје: Бараат да се укине акцизата и воведување на прогресивен данок (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/#respond Tue, 28 Apr 2020 12:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=338653

Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево  се движеше низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата „Макам-транс“ изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот. Колоната од транспортери започна да се движи од клучката кај Хиподром за влез во Скопје, преку Владата и Собранието каде преку свирење го искажаа својот револт. Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. -Би сакала да пратам порака до сите економисти и тие што се јавуваа и говореа дека транспортерите најмногу заработуваат и имаат високи цени да ми кажат како успеавме да донесеме над 200 камиони на протест ако имаат толку многу работа? Што значи нашата работа е преполовена, единствено нешто што од Бог ни падна се цените на нафтата бидејќи се друго ако успееме да добиеме од секоја од мерките значи и треба да вратиме. Така да ова беше предупредувачки протест за да не видат. Ова се огромни инвестиции кои што се вложени кај транспортерите, ние се бориме со невидени работи кои што се случуваат на терен, дали се конвои, судири во тие конвои, нашите возачи остануваат по десетина дена на пат што значи се зголемуваат трошоците за нивни дневници, вели претседателката на асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ Билјана Муратовска. Таа апелира до Владата сите овие барања кои што се доставени и ако сакаат да бидат сите солидарни и рамноправни нека воведат прогресивен данок. -Најбогатите каде што влегуваат банките, осигурителните компании и телекомуникациските оператори и сите други што земаат огромни профити нека платат 2 проценти данок и да го наречеме данок за ковид-19 и назад да се навраќа по еден процент на сите па се до најмалите и без да ги исклучиме асоцијациите како нас и сите други и да одвоиме по 0,5 проценти и да помогнеме на стопанството, додава Муратовска. Протестот  се одвиваше согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата од коронавирусот поради која што се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз. -Дали ќе не послушаат или не тоа е еден огромен срам за нив кога ќе видат колку возила поминаа, секоја Влада треба да е за народот, а не обратно, додаде на крајот Муратовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-so-okolu-200-kamioni-go-blokiraa-skopje-baraat-da-se-ukine-akcizata-i-voveduvanje-na-progresiven-danok-video/feed/ 0
Транспортерите на „Фени” го блокираа патот Кавадарци-Дреново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/#respond Thu, 01 Mar 2018 12:45:21 +0000 http://kurir.mk/?p=26243

Транспортери на руда за „Фени” денеска повторно излегоа на протест поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот, во висина од околу четири милиони евра. Целосно е блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, појасни дека не го прифаќаат минатонеделниот предлог од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати. - Ќе бидеме тука се додека не се исполнат нашите барања, исплата во целост на долгот. „Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите  права, нагласи Пејовски. Тој појасни дека викендов имале и понуда половина од парите да ја добијат сега, а остатокот после една година. Но и тоа не било прифатливо за нив. Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-na-feni-go-blokiraa-patot-kavadarci-drenovo/feed/ 0
Транспортерите од „Фени” не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/#respond Wed, 21 Feb 2018 16:26:35 +0000 http://kurir.mk/?p=23732

Транспортерите изјавија дека не постигнале договор со претставниците на „Џи Сол“ околу барањата кои ги имаат. Имено, транспортерите од здружението „Кипер“ кои побаруваат околу 4 милиони евра од Фени велат дека претставниците на „Џи Сол“ не го одржале нивното ветување дека долгот ќе им биде вратен целосно туку дека им понудиле дел да им биде исплатен сега а дел потоа на рати. - Претставниците на „Џи Сол” не го одржаа своето ветување дека ќе го вратат долгот на транспортерите кои го имаат пријавено како побарување во стечајната постапка за „Фени”, преку „Нова логистик” Кавадарци. На вчерашниот состанок со вицепремиерот Анѓушев беше договорено да не исплатат во целост, а не како што кажаа денес на состанокот, да платат дел, а другиот дел на некои рати. Ние не се согласуваме на тоа и нема ништо од тој договор. Утре ќе имаме пак состанок и од понеделник ќе продолжиме со блокади. Вицепремиерот им кажа ако немате пари да исплатите на транспортерите да си одите дома, има други фирми кои сакаат да го купат „Фени”, нагласи Трајче Пејовски, претседател на Здружението. Транспортерите велат додека не им се исплати целосно долгот нема да престанат со блокади и протести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/transporterite-od-feni-ne-postignale-dogovor-so-pretstavnicite-na-dzi-sol/feed/ 0