трансродово лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 15:06:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трансродово лице – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата Франциск до трансродово лице: Бог нѐ сака такви какви што сме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=859925

„Бог нѐ сака такви какви што сме“, рече папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми. Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела. Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка, дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“. Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“. „Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск. Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права. Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/feed/ 0