трансвер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 13:36:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трансвер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгија го изгласа Договорот за трансфер на затвореници со Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-go-izglasa-dogovorot-za-transfer-na-zatvorenici-so-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-go-izglasa-dogovorot-za-transfer-na-zatvorenici-so-iran/#respond Thu, 21 Jul 2022 13:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=708486

Белгиските пратеници доцна синоќа дадоа „зелено светло“ за билатерален договор за трансфер на осудени затвореници со Иран, јави дописничката на МИА од Брисел. Текстот помина со 79 гласа „за“, 41 „против“ и 11 „воздржани“. Причината за значајниот број гласови против и воздржани е што овој договор ќе овозможи трансфер на ирански затвореник во Белгија осуден за подготвување на терористички напад. Станува збор за Асадолах Асиди, поранешен дипломат, осуден лани на 20 години затвор за планирање атентат врз иранската опозиција во егзил во Белгија. Од друга страна пак со овој Договор се отвора конечно можност за белгискиот државјанин и хуманитарен работник, Оливие Вандекастеле, да биде ослободен од иранскиот затвор и да се врати во Белгија. Вандекастеле беше уапсен на 24 февруари во Техеран. Дел од опозицијата во Белгија го критикува усвојувањето на овој Договор, пред сѐ во редовите на десничарите, каде се смета дека со ова се отвора можност за „ослободување на терористи“. Поддржувачите на Договорот инсистираат дека е важно да се ослободат белгиските државјани како Вандекастеле кој ќе биде предмет на размена на затвореници со Асиди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-go-izglasa-dogovorot-za-transfer-na-zatvorenici-so-iran/feed/ 0
Баерн потпиша петгодишен договор со Французинот Упамекано за 42.5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-potpisha-petgodishen-dogovor-so-francuzinot-upamekano-za-42-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-potpisha-petgodishen-dogovor-so-francuzinot-upamekano-za-42-5-milioni-evra/#respond Sun, 14 Feb 2021 16:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=468653

Европскиот и светски првак Баерн Минхен го договори денеска трансферот на Дајот Упамекано, потпишувајќи петгодишен договор со францускиот фудбалер. Според договорот, Упамекано ќе му се приклучи на бундеслигашот од Минхен пред стартот на сезоната 2021/22. Финансиските детали од договорот не се соопштени, а германските медиуми објавија дека Баерн ја активирал откупната клаузула во висина од 42.5 милиони евра. -Среќни сме што можевме да потпишеме договор со Упамекано. Уверени сме дека Дајот ќе биде многу важен член на нашиот тим во годините што доаѓаат, соопшти Баерн. Дваесетидвегодишнот француски фудбалер ќе остане до крајот на сезоната во редовите на Лајпциг, кој е второпласиран во Бундеслигата со четири бодови заостанување и натпревар помалку од лидерот Баерн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-potpisha-petgodishen-dogovor-so-francuzinot-upamekano-za-42-5-milioni-evra/feed/ 0