траса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 08:58:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png траса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОД ДЕНЕСКА: Линијата „4“ на ЈСП со нова траса на движење https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-linijata-4-na-jsp-so-nova-trasa-na-dvizenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-linijata-4-na-jsp-so-nova-trasa-na-dvizenje/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=661189

Од денеска автобусите кои сообраќаат на линија 4 во реонот на Ѓорче Петров се движат по нова, изменета траса од досегашната, односно минуваат од кај пазарчето и црквата, информира ЈСП Скопје. Во насока од 11 Октомври кон Хром, од булевар „Партизански одреди“ возилата сообраќаат до кружната крстосница кај црквата „Свети Апостол Петар и Павле“, потоа вртат лево по булевар „Македонска војска“, па продолжуваат лево по улица „Ѓорче Петров“ и кај кружниот тек (споменик на Ѓорче Петров) вртат десно по улица „Воин Драшковиќ“ до крајната/почетната постојка во Хром. Посочениот режим важи и во обратна насока, односно од Хром кон 11 Октомври. Новиот режим на сообраќање е согласно измената на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, која беше донесена на последната Седница на Совет на Град Скопје со која се усвоија и нови возни редови за повеќе линии. Со одлуката, извршено е усогласување на возните редови на линиите 4, 4а, 64а, 73 и 163 кои се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk). -Посочените корекции се направени врз основа на искажаните потреби на корисниците на јавниот превоз и извршените анализи на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING, се со цел давање поквалитетни превозни услуги и поголема достапност на корисниците до мрежата на линии, информираат од претпријатието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-deneska-linijata-4-na-jsp-so-nova-trasa-na-dvizenje/feed/ 0