трчање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 09:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трчање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Докторите предупредуваат дека можете да станете зависни од трчање – посебно ако спортувате за да побегнете од проблемите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doktorite-predupreduvaat-deka-mozhete-da-stanete-zavisni-od-trchane-posebno-ako-sportuvate-za-da-pobegnete-od-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doktorite-predupreduvaat-deka-mozhete-da-stanete-zavisni-od-trchane-posebno-ako-sportuvate-za-da-pobegnete-od-problemite/#respond Tue, 31 Jan 2023 09:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=794070

Џогерите кои рекреативно трчаат по улиците за да ги избегнат своите проблеми би можеле да бидат изложени на ризик да развијат зависност од вежбање. Како што стојат работите, околу секој четврти „тркач“ покажува знаци на зависност и избира да не поминува време со своите сакани за наместо тоа да трча. Една нова студија покажува кои типови на луѓе се најмногу изложени на ризик. Студијата, која опфатила 227 рекреативни тркачи, открила најсилна врска со зависноста од вежбање кај оние кои користеле трчање за да ги блокираат негативните мисли. Луѓето кои користеле трчање за да си го подобрат животот имале помали шанси да станат зависни. И двата типа на луѓе трчањето го гледаат како бегство, но истражувачите нагласуваат дека ставот е важен. – Луѓето кои не можат а да не го користат трчањето за да избегаат од своите проблеми, имаат помала контрола врз своето трчање и можат да станат зависни, па дури и да се чувствуваат засрамени и депресивни по трчањето – објасни д-р Фроди Стенсенг, кој ја водел студијата на норвешкиот универзитет во Наука и технологија. Студијата, објавена од Дејли Мејл, ги анкетирала тркачите за нивната благосостојба, симптомите на зависност од вежбање и нивните ставови за трчањето. Откриено е дека учесниците кои трчале од два до 15 часа неделно биле помалку задоволни од својот живот доколку користат трчање за да избегаат од своите проблеми. Прашалникот даден на учесниците ги процени нивните ставови кон трчањето врз основа на тоа колку силно се согласуваат со 11 изјави за тоа како се чувствуваат кога трчаат. Оние кои повеќе се согласуваа со изјавите како „Сакам да побегнам од себе“ и „Ги исклучувам тешките работи за кои не сакам да размислувам“, го искористиле трчањето како негативно бегство. Оние кои го користеле трчањето за позитивен ескапизам имале поголема веројатност да се согласат со изјавите како „Јас сум исполнет со позитивна енергија што се пренесува во други делови од мојот живот“. И двата става се донекаде поврзани со зависност од вежбање, но луѓето кои го користеле трчањето како „негативно бегство“ покажале посилни знаци на нездрава опсесија со трчање. Ова беше оценето врз основа на согласност со изјавите како „Не можам да намалам колку долго вежбам“ и „Попрво би вежбал отколку да поминувам време со семејството или пријателите“. – Овие наоди можат да ги просветлат луѓето во разбирањето на сопствените мотивации кога трчаат – заклучува д-р Стенсенг.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doktorite-predupreduvaat-deka-mozhete-da-stanete-zavisni-od-trchane-posebno-ako-sportuvate-za-da-pobegnete-od-problemite/feed/ 0
Само 10 минути трчање на ден го продолжува животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/samo-10-minuti-trchane-na-den-go-prodolzhuva-zhivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/samo-10-minuti-trchane-na-den-go-prodolzhuva-zhivotot/#respond Tue, 10 Jan 2023 07:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=785326

Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно. Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80 отсто од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот. Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање. – Иако има луѓе кои ги поместуваат границите на трчањето, како оние кои учествуваат на маратони, на пр., има предности и од покусите трчања, како што се оние од 10 минути дневно, објаснува Бол. Само 10 минути трчање дневно се одлични за согорување калории и за губење на тежината за секој што има за цел да намали некој вишок килограми. – Трчањето е одлична кардиовежба и неверојатен начин да ги постигнете вашите цели на слабеење. Во зависност од вашата брзина и тежина, може да очекувате да согорите околу 150 калории трчајќи само 10 минути, додава Бол. Покрај тоа, кусото секојдневно трчање помага да се зајакнат мускулите на нозете, густината на коските, како и подобрување на здравјето на срцето и крвоточниот систем, а на крајот и на психичкото здравје.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/samo-10-minuti-trchane-na-den-go-prodolzhuva-zhivotot/feed/ 0
MOZZART заедно со маратонците на долги патеки, застана зад „November run Gevgelija 2022“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozzart-zaedno-so-maratoncite-na-dolgi-pateki-zastana-zad-november-run-gevgelija-2022/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozzart-zaedno-so-maratoncite-na-dolgi-pateki-zastana-zad-november-run-gevgelija-2022/#respond Wed, 09 Nov 2022 06:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=757727

Регионалниот лидер во игри на среќа MOZZART секогаш застанува зад квалитетните домашни настани, а овој викенд беше заедно со „кралицата на спортовите“ – атлетиката, затоа што ја поддржа организацијата на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“ – еден од најголемите и најдобро организирани атлетски натпревари во Македонија. На настанот зад кој застана Mozzart како општествено одговорна компанија имаше вкупно две трки, на пет и десет километри, во машка и женска категорија. На нив настапија над 700 натпреварувачи од единаесет земји. Освен од Македонија, имаше и гости од Србија, Грција, Косово, Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија. Од натпреварувачите од Македонија, најголем број дојдоа од Скопје, вкупно 344, по што следуваа Гевгелија со 200, Битола со 43, Штип со 32, Струмица со 28, Кавадарци со 21, Велес со 18, Охрид со 17 и Прилеп со 16 пријавени натпреварувачи.
„Секогаш ни претставува вистинско задоволство да ги помагаме домашните спортски настани и да го промовираме спортот. Посебно радува што сме заедно со еден од најголемите и најдобро организираните атлетски натпревари во Македонија, за што говори податокот на пријавените натпреварувачи. Се надеваме дека оваа соработка ќе трае уште долго, а ние како општествено одговорна компанија сме подготвени секогаш да застанеме зад квалитетот“, изјавија од менаџментот на Mozzart.
Победници во трката на пет километри во женска конкуренција беше Магдалена Станковска, додека кај мажите најдобар беше Астрит Криезиу од Косово. На 10 километри најуспешна кај жените беше македонската најдобра маратонка Адријана Поп Арсова која постави и нов национален рекорд во оваа дисциплина, додека кај мажите најдобро време имаше Муса Хајдари од Албанија.
„Задоволни сме како ги дочекавме сите натпреварувачи и како мина целиот овој настан кој е од големо значење за атлетиката во Македонија и за градот Гевгелија. Голема благодарност до компанијата Mozzart што застана зад организацијата на меѓународниот атлетскиот настан и помогна сѐ да биде во најдобар ред“, изјави Игор Коцевски, еден од организаторите на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“.
Mozzart како одговорна компанија и поддржувач на домашниот спорт не е само дел од овој атлетски митинг, туку застана зад повеќе локални спортски турнири, секој месец се делат дресови преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ кои ги добија преку сто клубови, а исто така е поддржувач и на бројни спортски колективи во Македонија, но и пошироко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/mozzart-zaedno-so-maratoncite-na-dolgi-pateki-zastana-zad-november-run-gevgelija-2022/feed/ 0
ВИДЕО: Оваа жена руши рекорди, има 105 години и освојува златни медали во трчање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ovaa-zena-rushi-rekordi-ima-105-godini-i-osvojuva-zlatni-medali-vo-trchanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ovaa-zena-rushi-rekordi-ima-105-godini-i-osvojuva-zlatni-medali-vo-trchanje/#respond Mon, 11 Jul 2022 07:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=703092

Рамбаи има 105 години, а тркачката кариера ја започнала минатата година и како што вели не планира наскоро да се откаже. Веќе освоила голем број златни медали на локални натпреварувања. Почната да трча во северноиндиската држава Харјан во својата старосна категорија и често била единствена натпреварувачка, но тоа не и пречи. Да се учествува е поважно од да се освојуваат медали, објаснува Рамбаи која не ги слуша повиците да семејството да се откаже и смири. Тврди дека тоа нема да се случи наскоро бидејќи неодамна го открила трчање, со оглед на фактот дека не знаела дека постојат категории за повозрасни старосни групи. Учествувала на трка на 100 метри во Вадодар која ја завршила за 45,40 секунди. Златен медал освоила на 19 јуни во трчање на 200 метри со време од 52,17 секунди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-ovaa-zena-rushi-rekordi-ima-105-godini-i-osvojuva-zlatni-medali-vo-trchanje/feed/ 0
Подолго или побрзо трчање: Што е подобро за нашето тело и организам? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/podolgo-ili-pobrzo-trchanje-shto-e-podobro-za-nasheto-telo-i-organizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/podolgo-ili-pobrzo-trchanje-shto-e-podobro-za-nasheto-telo-i-organizam/#respond Fri, 01 Apr 2022 14:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=657002

Џогирањето е една од омилените активности на луѓето кои се грижат за својата физичка активност. Нема сомнеж дека трчањето е здраво и многу придонесува за здравјето на телото и општата состојба. Ги движи мускулите и ја забрзува циркулацијата. Според тренерот Џеси Џонс, најдобро е да се комбинираат брзо и долго трчање, бидејќи и двата вида тренинзи имаат добар ефект врз човечкото тело, но на различни начини. – За согорување на масти, а со тоа и слабеење, подобрување на метаболизмот и согорување на вишокот калории, подобро е да трчате брзо. Помага и за градење мускули, па затоа е одлично за зголемување на мускулната маса, вели Џеси. Џеси вели дека подолгото трчање, од друга страна, исто така промовира добро кардиоваскуларно здравје бидејќи го зголемува протокот на крв низ телото. Покрај тоа, долгите растојанија ја зголемуваат издржливоста на телото и капацитетот на белите дробови. Од друга страна, тренерот на еден тркачки клуб, Вил Гуге, вели дека овие два типа на трчање не треба да се споредуваат, бидејќи нема едно подобро. – Подигање на прагот на толеранција со брзо трчање, така што еден ден ќе можете да одржувате поголеми брзини на подолги растојанија. Подолгото трчање е одлично ако сакате да започнете со помалку интензивно вежбање, а потоа постепено да додавате брзина – објаснува Вил. Така, според упатените, нема да погрешите за кој метод и да се одлучите, а најдобро е да ги комбинирате. – Важно е краткото и брзото трчање да се комбинира со долго, но побавно, бидејќи тие се надополнуваат – објаснува тренерот Луис Акпата и додава дека подолгото џогирање помага за подобрување на основата на срцето, но и ја зајакнува волјата и менталната сила, воопшто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/podolgo-ili-pobrzo-trchanje-shto-e-podobro-za-nasheto-telo-i-organizam/feed/ 0
Фантастични промени: Што се случува во телото после 30 минути трчање? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fantastichni-promeni-shto-se-sluchuva-vo-teloto-posle-30-minuti-trchanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fantastichni-promeni-shto-se-sluchuva-vo-teloto-posle-30-minuti-trchanje/#respond Thu, 06 Jan 2022 17:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=616545

Начинот на живот, деловните обврски и постојаниот стрес драстично ни ги променија навиките, па прво се откажавме од стандардните физички активности. Повеќето луѓе попрво би одбрале какво било превозно средство наместо пешачење, а да не зборуваме за трчање. И тоа е голема штета бидејќи научниците докажаа дека трчањето го намалува нивото на лошиот холестерол, мастите, триглицеридите и шеќерот во крвта. Ризикот од развој на разни болести, како што се болести на срцето и крвните садови и дијабетес тип 2, е намален. Покрај телото, трчањето благотворно делува и на умот. Трчањето го намалува ризикот од депресија, а го намалува нивото на стрес, анксиозноста и доброто расположение. Трчањето, како и другите физички активности, го поттикнуваат ослободувањето на хормоните на среќата. Трчањето е бесплатно, достапно и се што ви треба се добри патики и силна волја. Запомнете дека секој почеток е тежок. Ќе бидат потребни неколку недели за вашето тело да се навикне на трчање, особено ако не сте во добра форма. Интересно е да се погледне што се случува во нашето тело за време на половина час трчање: Првите неколку секунди Вашите мускули почнуваат да користат аденозин трифосфат, кој е главниот извор на енергија во клетката. Клетката може да функционира нормално само кога е достапна доволна количина на аденозин трифостат. Првите 90 секунди За да се направи колку што е можно повеќе аденозин трифосфат, клетките почнуваат да го разградуваат гликогенот, форма на гликоза која гради мускули. Клетките ќе ја користат гликозата што е во вашиот крвоток, поради што физичката активност е добра за намалување на нивото на шеќер во крвта. Вашето тело почнува да користи се повеќе и повеќе гликоза. Мускулите почнуваат да ослободуваат млечна киселина, која испраќа сигнали до мозокот дека сте под физички стрес. Следните неколку минути Вашето срце почнува да пумпа крв побрзо и ја насочува кон мускулите. Значително помалку крв се насочува кон делови од телото кои моментално не се потребни, како што е дигестивниот систем. За најдобро искористување на гликозата, на мускулите им е потребно зголемено ниво на кислород, што доведува до брзо и тешко дишење. Трчањето го активира најголемиот мускул во телото – глутеус максимус (задникот). Ги активира и мускулите на нозете и стомакот, кои ви помагаат да останете исправени и да ги контролирате движењата. Почнувате да согорувате калории и резерви на маснотии. Потрошувачката на гликоген и зголемениот внес на кислород ќе го подигнат нивото на телесната температура. Со цел да се олади, телото почнува да ја насочува крвта кон вашата кожа, што предизвикува црвенило. Се јавува потење, кое ефикасно го лади телото и ги отстранува токсините. Следните 10 минути Ако сте во пристојна форма, вашите мускули и нивното снабдување со аденозин трифосфат се доволни за да продолжите да трчате. Вашето тело може ефикасно да носи кислород и да консумира масти и шеќер. Ако сте во полоша состојба, снабдувањето со аденозин трифосфат не е доволно за да се обезбеди правилно функционирање на мускулите. Мускулите не можат доволно брзо да добијат кислород, а млечната киселина почнува да се ослободува се повеќе и повеќе. Ќе ви биде потешко секоја минута. По 30 минути Конечно е готово. Од трчање преминувате во одење, енергијата почнува да ви опаѓа, а дишењето постепено станува нормално. Веројатно се чувствувате одлично и имате високо ниво на енергија. Вашиот мозок го ослободува хормонот допамин. Многу е веројатно дека ќе сакате да јадете нешто слатко. Не грижете се бидејќи гликогенот потрошил молекули на гликоза, така што калориите што ги внесувате нема да се претворат во масти, туку во извор на енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fantastichni-promeni-shto-se-sluchuva-vo-teloto-posle-30-minuti-trchanje/feed/ 0
Ако трчате за да ги намалите килограмите – правите голема грешка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-trchate-za-da-gi-namalite-kilogramite-pravite-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-trchate-za-da-gi-namalite-kilogramite-pravite-golema-greshka/#respond Wed, 07 Apr 2021 07:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=493460

Многумина мислат дека мора да застанат на лента за трчање за да ги намалат килограмите. Фитнес експертот Сара Линдзи предупреди дека тоа всушност може да ја влоши ситуацијата. -Немојте очајнички да се обидувате да ги намалите килограмите со трчање по лента или возење велосипед. Многумина кои ја зголемиле тежината за време на локадунот мислат дека прво треба да трчаат, а потоа да ги зацврстат мускулите во теретана. Но, основа на сè се тренинзите со тегови, без разлика на вашата цел, објасни таа. 40-годишната поранешна Олимпијка предупреди дека трчањето само ја влошува ситуацијата бидејќи не може да вежбаме по исти стандарди како пред пандемијата. -Може да ризикувате повреда. Дури и за најспособните луѓе е опасно да се вратат во теретана мислејќи дека можат да подигнат иста тежина како пред една година. Вашето тело едноставно не е подготвено за тоа, тврди Линдзи. Затоа, препорачува да направите план за тренинг и прво да се движите во домот и околу него. -Не заборавајте, кога не тренирате, вашиот фокус треба да биде на закрепнувањето, вели таа за Daily Mail.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-trchate-za-da-gi-namalite-kilogramite-pravite-golema-greshka/feed/ 0
Откриено: Што е ПРОТИВОТРОВ за пандемискиот стрес? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/#respond Thu, 18 Feb 2021 13:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=470555

Квалитетната релаксација е поважна од порано со оглед на пандемијата и предизвиците што таа ги носи. Еден начин е трчањето, но и кој било друг вид на вежба. „Напнатоста што ја чувствуваме треба да се ослободи“, вели Инго Фобосе, професор на Универзитетот за спорт во Келн. Неговиот совет е буквално да избегате од стресот. Вежбањето ослободува ендорфин и ги намалува хормоните на стресот. Покрај тоа, дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажале студиите. Но, ако сакате да го ублажите стресот на овој начин, внимавајте да не претерате. Ако претерате со вежбање кога веќе сте нервозни, може да предизвикате спротивен ефект и да го зголемите нивото на кортизол, хормонот на стрес. Во идеални ситуации, ќе вежбате надвор, на свеж воздух и дневна светлина, што е исто така добро за вас. Спортот ослободува хормони како серотонин и допамин кои помагаат во концентрацијата, го подобруваат расположението и го зголемуваат сопственото чувство на благосостојба, вели спортскиот научник Јохана Руп. Многу е важно да изберете спорт во кој уживате. Ако вежбањето не е забавно за вас, тоа нема да помогне ниту во ослободувањето од стресот, туку само ќе стане друго малтретирање.Ако преферирате возење велосипед од трчање, седнете на велосипед, а можете да играте и пинг-понг во парк или само да прошетате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/feed/ 0
Три вежби за загревање пред трчање https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-vezbi-za-zagrevanje-pred-trchanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-vezbi-za-zagrevanje-pred-trchanje/#respond Mon, 22 Jun 2020 08:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=360652

Физичката активност е многу важна за здрав живот, а трчањето е препорачлива активност и за спортистите и за луѓето кои се рекреираат според нивните можности. Без оглед на тоа колку често трчате и во каква физичка форма сте, не смеете да заборавите да се загревате пред трчање. Телото секогаш треба да биде подготвено пред интензивна физичка активност, а трчањето спаѓа во тоа, пишува Stylist. Вежбањето и истегнувањето се составен дел и важно е да се знае дека сите вежби немаат ист ефект на организмот и во тој случај треба да обрнете внимание да не дојде до спротивен ефект. Погледнете кои вежби се корисни за згревање пред трчање: 1. Исчекори Добри се за истегнување на нозете и помагаат за општа стабилност, силина и еластичност. 2. Кревање на една нога Оваа вежба ги растегнува тетивите и ги активира мускулите. Треба да застанете на десното стапало и благо да го свиткате коленото така што левата нога да биде малку над земјата. 3. Странично подигање на колената Оваа вежба е добар начин за активирање на глутеусот (задникот), а пред почетокот на трчање оваа вежба ќе ја намали можноста од повреда. Потребно е да легнете на страна со едната нога преку другата и колената да гледаат на предната страна, а стапалата да бидат во линија со глутеалните мускули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tri-vezbi-za-zagrevanje-pred-trchanje/feed/ 0
Овие работи сигурно не ги правите пред спиење, а се најдобра активност против несоница https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-raboti-sigurno-ne-gi-pravite-pred-spienje-a-se-najdobra-aktivnost-protiv-nesonica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-raboti-sigurno-ne-gi-pravite-pred-spienje-a-se-najdobra-aktivnost-protiv-nesonica/#respond Mon, 23 Dec 2019 21:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=281386

Речиси и да нема човек во светот кој немал проблем со тешко заспивање и несоница, во ситуации кога ништо не можело да помогне. Недостатокот на сон може да предизвика ужасни последици по нашето здравје. Но, дали сте се обиделе проблемот да го решите со помош на физичка активност? Трчање Кога сте под стрес или се чувствувате како преплавени со негативна енергија, лесното трчање може да ви помогне да се релаксирате. Најчесто, доволни се само 20 минути, за да се изморите, а да не се исцрпите целосно и полесно да заспиете. Прошетка Ако не ви се трча, тогаш размислете за вечерна прошетка. Секако, ефектот е послаб отколку од трчањето, па затоа може прошетката да трае и 30-40 минути. Јога Можете да пронајдете видео-упатства за почетничка јога или да се запишете на курс за да бидете сигурни дека правилно ги изведувате вежбите. Подигнување тегови Прилагодете ја тежината на своите способности и започнете секојдневно да вежбате, онолку колку што можете, без да се напрегнувате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-raboti-sigurno-ne-gi-pravite-pred-spienje-a-se-najdobra-aktivnost-protiv-nesonica/feed/ 0