Треблинка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 06:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Треблинка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува одбележувањето 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/#respond Thu, 09 Mar 2023 06:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=809737

Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март - Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот ан смртта Треблинка. Собранието информираше дека негови делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година. Собраниска делегација, во состав: Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска, денеска ќе положи цвеќе во Битола пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара. Утре, 10 март, собраниска делегација во состав: Емилија Рамбабова и Никола Мицевски цвеќе ќе положи пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип. В недела, 12 март, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе оддадат почит на жртвите Евреи од Скопје. Цвеќе ќе биде положено и пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/feed/ 0
Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/#respond Wed, 27 Jan 2021 06:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=460320

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. -Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР. На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи, ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста” од Младински образовен форум – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/feed/ 0
Промоција на „Изгубено детство“ од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-izgubeno-detstvo-od-shela-altarac-shtipjanka-koja-go-preziveala-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-izgubeno-detstvo-od-shela-altarac-shtipjanka-koja-go-preziveala-holokaustot/#respond Tue, 26 Jan 2021 06:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=459799

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот – 27 јануари, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), во соработка со невладината организација „Акта нон верба“, денеска ќе промовира мемоари на преживеаната Шела Алтарац, родена во Штип, која била собрана во Монополот со останатите штипски, битолски и скопски Евреи, кои подоцна биле депортирани во Треблинка. Нејзината трогателна приказна за преживувањето во тешките денови на Втората светска војна се документирани во мемоарите „Изгубено детство“, каде што во детали ги објаснува чувствата и предизвиците од трагичните моменти на нејзиното детство. Таа денеска живее во Израел, со своите деца и внуци. ИДКНА (Одделот за холокауст образование и истражување) и невладината „Акта нон верба“ ги објавија нејзините мемоари во книгата „Изгубено детство“ на четири јазици – македонски, албански, англиски и хебрејски. На промоцијата, како што соопшти ИДКНА, со кратко видео ќе се обрати и авторката Шела Алтарац, а обраќање ќе има и првиот вицепремиер Артан Груби. Институтот соопшти и дека во соработка со израелскиот амбасадор Дан Оријан, утре на МТВ2 во 22:30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Земете го девојчето“, посветен на Шела Алтарац, а направен од Меморијалниот центар „Јад Вашем“ од Ерусалим. На МТВ1 во 16 часот, пак, ќе биде прикажан филмот „Пица од Аушвиц“. Датумот 27 јануари Собранието на Обединетите нации во 2005 година го изгласа со резолуцијата 60/7 како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. За време на холокаустот беа убиени шест милиони Евреи, од кои 7144 од Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocija-na-izgubeno-detstvo-od-shela-altarac-shtipjanka-koja-go-preziveala-holokaustot/feed/ 0