трендови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 08:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трендови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Pinterest откри кои модни трендови ќе владеат во 2023-та година – најави големо модно враќање на овој детал https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/#respond Thu, 22 Dec 2022 08:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=778936

Популарната американска платформа, специјализирана за фотографија и инспиративни слики, штотуку го објави своето шесто Pinterest Predicts, годишен извештај за трендовите што ќе ја одбележат новата календарска година. Врз основа на истражувањето на повеќе од 400 милиони месечни корисници, платформата веќе неколку години предвидува трендови во бројни категории кои би требало да доживеат голем успех во следните 12 месеци. Во последната година, 80 проценти од трендовите предвидени во извештајот на Pinterest Predicts се покажаа како точни, што доволно зборува за неговата релевантност. Меѓу различните трендови кои ќе продолжат да доминираат во 2023 година, сосема очекувано, се оние инспирирани од трендовите од почетокот на милениумот. Таканаречената естетика на Y2K е вечен хит што особено стана тренд кај членовите на генерацијата Z и на социјалната мрежа TikTok. Настрана од Y2K, облеката и додатоците инспирирани од футуризмот, сајбер-уличната облека и пост-апокалиптичната мода воопшто би можеле да станат голем тренд според Pinterest. Карнерите, тантелата, тулот и другите проѕирни материјали ќе станат неизбежни на многу парчиња, а ресите како моден детал раководството на Pinterest ги гледа како голем тренд за враќање во годината што претстои.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pinterest-otkri-koi-modni-trendovi-kje-vladeat-vo-2023-ta-godina-najavi-golemo-modno-vrakjanje-na-ovoj-detal/feed/ 0
Пет трендови за состаноци кои ќе ја одбележат 2022 https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-trendovi-za-sostanoci-koi-kje-ja-odbelezat-2022/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-trendovi-za-sostanoci-koi-kje-ja-odbelezat-2022/#respond Wed, 29 Dec 2021 14:14:33 +0000 https://kurir.mk/?p=614563

Овие 5 трендови кои доаѓаат во 2022 година ќе одредат како изгледаат љубовните состаноци во текот на пандемијата. Додека се збогуваме од 2021 година, новата 2022 ќе ја дочекаме со нови трендови. Што научивме од оваа година? Луѓето научија да комуницираат и излегуваат преку онлајн апликации за состаноци, да размислуваат повеќе за тоа дали треба да излезат со некој кој не го познаваат и посвесно да влегуваат во врска. Но, сега кога повеќе не сме во карантин, што може да очекуваме од 2022? Потврден идентитет Што значи ова? Пред пандемијата беше поверојатно да излеземе на состанок на слепо или да се сретнеме со некој со кој комуницираме преку апликација, но да го немаме видено на снимка. Карантинот промени се и повеќето луѓе не се волни да губат време со некој непознат. Првин проверка, па пијалак и флерт. Дигитален термин Одиме чекор понатаму и откриваме дека постојат апликации за виртуелна реалност за закажување на виртуелен состанок пред вистинскиот. Можеби вака не звучи многу привлечно, но ќе биде тренд во 2022 година. Вакцинирани или не Без разлика дали ви се допаѓа или не, вакцинацијата одигра огромна улога во нашите животи во 2021 година и на крајот го подели човештвото. Како тоа влијае на романтичните врски? Веројатно тоа ќе биде првото прашање на првиот состанок и одговорот ќе биде пресуден за развојот на односот понатаму. Крај на спонтаниот состанок Ова се други времиња и веќе не е така лесно да делувате спонтано и да закажете термин во последен момент со некој кој не го познавате. Можеби ова е и крај на врските за една ноќ. Трезвен состанок Некогаш беше незамисливо да излезеш на состанок, а да не испиеш нешто. Но, изгледа дека за генерацијата Зед не треба алкохол за да се чувствува попријатно и тоа е навистина добра вест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/pet-trendovi-za-sostanoci-koi-kje-ja-odbelezat-2022/feed/ 0