трескавец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 14:16:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трескавец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се гради водоводот на Трескавец, со проект ќе се заштитува Црквата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-gradi-vodovodot-na-treskavets-so-proekt-ke-se-zashtituva-tsrkvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-gradi-vodovodot-na-treskavets-so-proekt-ke-se-zashtituva-tsrkvata/#respond Sat, 05 Aug 2023 14:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=863685

Почна да се гради водоводот до манастирот Трескавец без кој не може да бидат ставени во употреба обновените конаци. Проектот опфаќа каптажа, цевковод, главен и помошни дренажни канали за собирање на водата и резервоар. Сега се работи на ископи на потисниот цевковод и на каптажата. Ќе има изведба на дренажен канал од изворот Овоштарник. -Со тој дренажен канал од 120-тина метри би се донесла водата до каптажата и со потисен цевковод водата ќе се однесе до резервоарот. Ќе има и споредни дренажни канали што би ја прифатиле водата што се цеди, вели Николина Рувческа, градежен инженер, надзор од ЈП за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп. Дарежливоста на изворите не е голема. Нема официјални мерења, користени се дел што ги има направено отец Калист и дарежливоста изнесува околу 0,4 литри, а според постарите мерења е 0,8 литри вода во секунда. Во проектната документација е земен податокот дека дарежливоста е 0,5 литри вода во секунда. Еден дел од местото е водорично и со дренажата ќе се прифатат и тие води и се смета дека во влажен период би имале и 1 литар во секунда. -Резервоарот ќе биде со две комори - за санитарна вода што ќе се хлорира за потребите на Манастирот и „пожарна“ вода и ќе биде резерва и нема да се троши за санитарни потреби, туку во случај на пожар. Во резервоарот ќе бидат 43 кубни литри санитарна и 43 кубни литри вода за евентуална интервенција при пожари. Предвидено е и хлорирање, пречистување на водата, објаснува Рувческа. За ова, Владата преку Тав Македонија има обезбедено околу 100 000 евра, а кофинансираат и прилепските градски власти. Главно за електриката и во хлорирањето на водата. Прилепскиот Завод и музеј има стручен тим и надзор кој учествува активно во изведбените работи. Моментално, стручниот тим од Музејот нема најдено предмети или артехакти кои може да го загрозат текот на изградбата на водоводот до манастирот. -Стручниот тим ја разгледа целата траса. Задоволни сме како се одвиваат работите досега. Нема пронајдено археолошки предмети кои би ја одложиле изградбата на водоводот, потврдува Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј-Прилеп. Паралелно со изградбата на водоводот се изготвува и проект за заштита, конзервација и реставрација на манастирската црква „Успение на пресвета Богородица“ за која експертите рекоа дека најголемиот проблем за бесценетите фрески е влагата. Проектот треба да биде готов до крајот на годинава. -Ангажиран е тим од домашни и странски експерти. Мислам дека ќе најдеме соодветно решение и крајно време е да се направи исчекор за заштита на Црквата од сите временски влијанија и непогоди. За да можеме, прво, да ја запреме влагата, а потоа да ја санираме и реконструираме Црквата, вели Цветкоски. Конаците на манастирот Трескавец беа уништени во големиот пожар пред 10 години, на 4 февруари 2013 година. За нивната обнова државата одвои околу два милиона евра, но не може да се направи технички прием и да бидат пуштени во употреба додека не се изградат водоводот и мини пречистителната станица. Трескавец е светски познато културно наследство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-gradi-vodovodot-na-treskavets-so-proekt-ke-se-zashtituva-tsrkvata/feed/ 0
Меѓународен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата „Успение на пресвета Богородица“ на Трескавец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-tim-ke-go-reshava-problemot-so-vlagata-vo-tsrkvata-uspenie-na-presveta-bogoroditsa-na-treskavets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-tim-ke-go-reshava-problemot-so-vlagata-vo-tsrkvata-uspenie-na-presveta-bogoroditsa-na-treskavets/#respond Wed, 18 Jan 2023 13:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=788961

Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица поставија некулкумесечен рок за да почне реализацијата. -Стручен тим од Музејот, со стручен тим од странство, со професори од земјава, направивме увид и заклучено е дека мора, конечно, да се направат конкретните елаборат и проект. Увид направи истакнатиот професор од Грција Акваридис Препис, направи испитувања и дојде до сознанија кои ги очекуваме официјално. Составен е стручниот тим – со професорот, со стручни лица од Музејот, професори од Градежниот факултет од Скопје, стручни лица од ИЗИС. Дојдовме до сознанија дека најголем проблем во Црквата е влагата која мора прво таа да се отстрани. Влагата доаѓа од водата што влегува во манастирскиот комплекс. Значи, двата проекти кои ги поднесовме до Министерсвото за култура се однесуваат за заштита од тој аспект – од хидрогеолошки и од геолошки аспект за заштита на Цркавта, за дури потоа да почнеме со заштита и реставрација на покривот, на тремот, на олтарот. Верувам во поддршката на Министерството за култура. Крајно време е да се посветиме на решавањето на проблемот со заштитата на Црквата во Трескавец за да не се доведеме во опасност да го загубиме ова непроценливо културно богатство, вели Цветкоски. Ова е голем зафат, вреден неколку милиони денари, но од Музејот веруват дека меѓународниот стручен тим целосно ќе ја даде сликата за она што најитно треба да се работи, а прво е решавањето на влагата во Црквата. Цветкоски констатира дека локалната самоуправа уште не почнала со активностите за водоводот и пречистителната станица што се услови за официјално ставање во употреба на обновените конаци на манастирот по пожарот од пред 10 години. Инаку, за обновата на Трескавец државата досега вложи околу 2,5 милиона евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-tim-ke-go-reshava-problemot-so-vlagata-vo-tsrkvata-uspenie-na-presveta-bogoroditsa-na-treskavets/feed/ 0
Домашни и странски експерти почнуваат да ја скенираат состојбата во манастирот Трескавец и црквата „Успение на пресвета Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/#respond Sat, 24 Sep 2022 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=736952

Стручнни лица денеска ќе направат увид на состојбите во манастирот Трескавец и на црквата „Успение на пресвета Богородица“, а во почетокот на ноември експерт од Грција ќе го проучува големиот проблем што е опасност за црквата – влагата која веќе има направено одредена штета во Црквата. Директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски очекува да се најде решение за проблемот кој може да нанесе големи штети на непроценливото богатство – архитектурата и фрескоживописот. – Наидовме на проблеми и мислам дека во наредниот период ќе имаме големо разбирање од Министерството за култура. Пред сѐ, влагата во црквата и во трпезаријата е голем проблем. Затоа ја најавувам посетата на стручни лица од земјава и од странство. Еминентниот грчки стручњак, професорот Препис се очекува да дојде во почетокот на ноември. Се надевам дека со негова помош ќе најдеме некакво решение со кое ќе можеме да почнеме да работиме на заштитата и решавањето на главниот проблем – влагата. За реставрација и конзервација на црквата и на трпезаријата за догодина од Министерството за култура бараме 1,5 милиона денари. Во тек е изработката на основниот проект за конзервација и реставрација на архитектурата, на фрескоживописот на црквата. Веќе е почната превентивната заштита. Од Министерството имаме поддршка, вели Цветкоски. Отец Калист од манастирот Трескавец се надева дека ќе се забрзаат активностите за заштита на црквата зашто залудни се сите досегашни проекти ако не се забрза динамиката од која не се задоволни. – Веќе 18 години континуирано имаме проекти за заштита и за истражувачки работи на комплексот Трескавец. Имаме континуирана поддршка од Министерството за култура, но не сме задоволни од динамиката со која се одвиваат проектите. Се надевам дека конечно ќе ги забрзаме работите. Сето досега направено би било бесмислено доколку набрзо не почне со реконструкција, консолидација на црквата, со заштита на фрескоживописот, ни изјави отец Калист. Што се однесува до изградбата на водоводот и канализацијата до манастирот што е услов за новоизградените конаци да бидат ставени во употреба, само бирократска процедура ги кочи работите. -Во врска со изградбата на водоводот, обезбедени се средствата проектот е направен повеќе од една деценија, избрана е и фирмата и очекувам за брзо да почне реализацијата. Досегашниот одговор за ова е дека станува збор за бирократска процедура, одговара отец Калист. Од прилепскиот Завод и музеј потсетуваат дека во последните пет-шест години во манастирскиот комплекс Трескавец се инвестирани преку 2,5 милиона евра од кои најмногу во обновата на конаците. Водоводот е обврска на Општина Прилеп, а одвоените средства се околу 100.000 евра. Во февруари 2023 ќе се навршат 10 години од катастрофалниот пожар што ги изгоре манастирските конаци. Обновата се одвиваше забрзано, но не може да се стават во употреба зашто не се изградени водоводот и канализацијата. Научнаа фела пролетоска на конференција предупреди дека забрзано треба да се заштити црквата, односно фрескоживописот и архитектурата, а влагата, што признаваат и од Заводот и музеј, веќе има направено одредена штета. За ова се потребни домашни и ангажирање странски експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/domashni-i-stranski-eksperti-pochnuvaat-da-ja-skeniraat-sostojbata-vo-manastirot-treskavec-i-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Трескавец чека интензивна заштита и од странски експерти, особено црквата „Успение на Пресвета Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treskavec-cheka-intenzivna-zashtita-i-od-stranski-eksperti-osobeno-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treskavec-cheka-intenzivna-zashtita-i-od-stranski-eksperti-osobeno-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/#respond Sun, 28 Aug 2022 09:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=725026

Манастирот Трескавец ќе добие интензивна заштита со програмата за наредната година и проект за конзервација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ што подразбира ангажирање домашни и странски експерти, најавува научниот советник, археологот Бранко Ристески од прилепскиот Институт за старословенска култура. Македонските научници пред три месеци на конференција за заштитата на културното наследство, преку примерот на светско признатото културно богатство – манастирскиот комплекс Трескавец, предупредија и алармираа дека комплексот итно треба да се заштити, особено Црквата која е во опасност од подземните води и временските неприлики. -Завршниот сегмент на работилницата на крајот на мај, токму во манастирот Трескавец, беше оформување тело кое би ги актуализирало проблемите со кои се соочува Трескавец, а тоа значи севкупната заштита на културното наследство. МАНУ писмено се обрати до Владата, особено до Министерството за култура и до МПЦ. Стигна повратен одговор дека овие институции целосно ќе се стават во заштитата на културното наследство на комплексот Трескавец. Од Министерството за култура се добиени гаранции дека во програмата за наредната, 2023 година, едно од централните места ќе заземе заштитата на манастирот, особено црквата  „Успение на Пресвета Богородица“, што подразбира изработка на проект за конзервација со ангажирање на домашни и меѓународни експерти, како и заштитата на античкиот локалитет и заокружување на сознанијата за античката населба Колобаиса, објаснува Ристески. Тој додаде дека Институтот подготви предлог проект за доистражување на материјалните остатоци од античката населба Колобаиса во функција на изработка на проект за конзервација на досега откриените остатоци, а кое вели, ќе има големо значење во заштитата на комплексот од пожари и непогоди.  Сериозно се сфаќаат гаранциите на институциите, во спортивно, посочува Ристески, би било срам пред светот неповратно да се загуби ова бесценето културно наследство. -Сакаме да веруваме дека најповиканите и најкомпетентните институции по три месеци од одржувањето на научната конференција соодветно реагираат. Во овој период најсоодветно што може да се направи е планирањето за наредната година, интензивирање на активностите. Оваа година се смета за подготвителна за севкупните и обемни зафати за 2023 година. Сите сме сведоци, дури и оние кои не се експерти, дека постои сериозна закана за уништување, особено на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, па и на другите културни содржини. Состојбата е несомнено алармантна, без поголеми анализи. Ова е можеби последен момент кога може нешто посериозно да се направи. Од тие причини сум уверен дека не се само празни зборови, бидејќи за година-две ќе имаме ситуација која ќе биде за срам на целата општествена заедница, бидејќи несомнено имаме обврска да го заштитиме ова културно наследство кое спаѓа во светската културна оставнина. Многу е реално и извесно да падне и да се урне црквата. Има услови за девастација, почнувајќи од подземните води, ерозијата на теренот од временските услови и непогоди. Сето е евидентно и за лаиците, а камоли за стручните лица, вели археологот Ристески, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп. Како културен комплекс Трескавец е од 12 век, а архелошките остатоци упатуват на милениумски континуитет на културно-социолошко наследство од Пелагонискиот регион. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treskavec-cheka-intenzivna-zashtita-i-od-stranski-eksperti-osobeno-crkvata-uspenie-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Два научни собира во Прилеп и работилница на манастирот Трескавец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dva-nauchni-sobira-vo-prilep-i-rabotilnica-na-manastirot-treskavec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dva-nauchni-sobira-vo-prilep-i-rabotilnica-na-manastirot-treskavec/#respond Thu, 26 May 2022 06:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=681608

Два научни собира и работилница на манастирот Трескавец организира деновиве Институтот за старословенска култура од Прилеп. Дваесетина научници од земјава денеска ќе говорат на тема „Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашава држава“, а утре е научниот собир кој ќе ја третира темата на „Сеопфатна заштита на материјалното културно наследство засновано врз мултидисциплинарни научни сознанија“. В сабота, во манастирот Трескавец ќе се одржи работилница за проблемите со кои се соочуваат истражувачите при заштитата на културното наследство. Како што објасни вчера на прес-конференцијата Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура кој е организатор на научните собири поддржани од Министерствата за образование и наука и за култура, како археолошко и културно наследство, манастирот е вистински пример за истражувачите. – Научните сознанија се исклучени или минимално се користени при постапките на стручната заштита, конзервацијата и ревитализацијата на културните добра и сметаме дека како научна институција мора да ги апострофираме научните сознанија. Имаме евидентни пропусти во правната, законската заштита на културното наследство, а недостасува и соодветна финансиска поддршка на научно-истражувачката работа. Работилницата на манастирот Трескавец е повеќе тркалезна маса на која сите чинители ќе може да ги истакнат сите проблеми, аспекти и конструктивни приоди за решавањето на проблемите. Тие може соодветно да се илустрираат на културниот комплекс Трескавец, изјави Ристески. На двата научни собира ќе учетвуваат преку 30 еминентни научници од земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dva-nauchni-sobira-vo-prilep-i-rabotilnica-na-manastirot-treskavec/feed/ 0
„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за наградата Најдобра филмска локација во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=441913

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец во Прилепско е меѓу петте финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN), а областа на Прилепско, каде што се снимаше „Врба“, влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји. – Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Има два вида динамика за тоа како употребата на локациите се доживува од публиката – македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува дури и како дел од националниот идентитет. Публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски – и локациите – како претставување на оваа мала земја, но исто така и како нешто универзално, вели продуцент на „Врба“, Јане Ќортошев во преставувањето на финалистот „Врба“. На официјалната страница на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти кое ќе трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да се гласа на линкот: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU – „Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата, соопшти продукцијата. Останатите финалисти за наградата Најдобра филмска локација во Европа се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrba-so-mariovo-i-treskavec-vo-trka-za-nagradata-najdobra-filmska-lokacija-vo-evropa/feed/ 0