трет бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Jun 2021 16:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трет бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Третиот бран на коронавирус во Африка може да биде најлош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-tretiot-bran-na-koronavirus-vo-afrika-moze-da-bide-najlosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-tretiot-bran-na-koronavirus-vo-afrika-moze-da-bide-najlosh/#respond Thu, 24 Jun 2021 16:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=527594

Третиот бран на пандемијата на коронавирус во Африка се шири брзо и тешко го погодува континентот каде има недостиг на вакцини, предупреди регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО). -Во Африка, третиот бран добива на интензитет, се шири побрзо и удира посилно, рече Матшидисо Моети, директорка на СЗО за Африка. -Поради брзото зголемување на бројот на случаи, последниот бран може да биде најлош во Африка досега, предупреди таа на виртуелна прес-конференција. Според СЗО, бројот на заразени расте пет недели по ред од почетокот на третиот бран на 3 мај. На 20 јуни, 48-от ден од почетокот на третиот бран, Африка пријави околу 474.000 новозаразени, што е зголемување за 21 процент во однос на првите 48 дена од вториот бран. СЗО соопшти дека пандемијата повторно се шири во 12 африкански земји. Во Демократска Република Конго (ДРК) околу 77 проценти и во Уганда околу 97 проценти од дијагностицираните случаи се поврзани со индискиот сој. -Оваа варијанта, прва откриена во Индија, е пријавена во 14 африкански земји, додаде СЗО. Повторното ширење на пандемијата во Африка се случува во време на недостиг на вакцини на континентот каде што, според СЗО, нешто повеќе од 1 процент од населението е целосно вакцинирано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-tretiot-bran-na-koronavirus-vo-afrika-moze-da-bide-najlosh/feed/ 0
Третиот бран зема замав: 1.299 новозаболени и 24 починати лица, Филипче порачува граѓаните да бидат спокојни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretiot-bran-zema-zamav-1-299-novozaboleni-i-24-pochinati-lica-filipche-porachuva-gragjanite-da-bidat-spokojni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretiot-bran-zema-zamav-1-299-novozaboleni-i-24-pochinati-lica-filipche-porachuva-gragjanite-da-bidat-spokojni/#respond Sun, 21 Mar 2021 08:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=485448

Бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 и натаму не се намалува. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 1.299 случаи со Ковид-19, 24 починати и 413 оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. -Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. На инфективните оддели се лекуваат 1289 пациенти со Ковид-19, од кои 543 се во Скопје. За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 84 пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројот на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а на активни случаи изнесува 15.038 од кои 7736 се во Скопје. Министерот Филипче вчера изјави дека се соочуваме со навистина силен бран, секој ден има голем број новодијагностицирани случаи и сето тоа бара една организација и прераспределба на пациентите кои се јавуваат во болниците по регионите и пациентите на кои им е потребен хоспитален третман во скопските јавно-здравствени установи. – Со модуларните болници се зајакнува капацитетот во болниците, на бројот на болнички кревети. Над 30 дополнителни кревети многу значи за болницата во Кочани, заради тоа што таа услужува огромен број пациенти во државата. Тука доаѓаат пациентите од Берово, од Виница, од Пехчево, од Пробиштип, од Каменица итн. Пациентите традиционално бараат лекарска услуга и во други специјалности заради тоа што болницата е позната по својата експертиза, а сега со начинот на прераспределба на работата голем дел од капацитетите се посветени на третман на пациенти со Ковид -19, истакна вчера министерот Филипче по посетата на Општата болница во Кочани. Во Скопје во тек е вакцинација на здравствените работници. Досега се вакцинирани 6142 здравствени работници. На веб страницата kovid19vakcinacija.mk e oбјавено дека досега 111014 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19. Министерот Филипче вчера изјави дека масовната вакцинација на населението ќе почне или со вакцината на „Астра Зенека“ или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон земјава. -Секојдневно сме во комуникација, производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме, рече Филипче. Оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе има сериозно висок процент вакцинирани здравствени работници, особено на тие кои работат со ковид пациенти. – Првата група вакцинирани здравствени работници од 4000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со вакцината на „Фајзер“. Допонително со руската вакцина уште 700 до 800 лекари од 3000 треба да завршат. Буквално од сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матични лекари, стоматолози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со динамика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од Ковид. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сериозно висок процент вакцинирани здравствени работници посебно тие кои работат со ковид пациенти. Ќе бидат сите заштитени за да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено, додаде Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretiot-bran-zema-zamav-1-299-novozaboleni-i-24-pochinati-lica-filipche-porachuva-gragjanite-da-bidat-spokojni/feed/ 0
Третиот бран на коронавирус го затвори Париз на еден месец – еве како ќе се одвива животот таму во наредните 30 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-bran-na-koronavirus-go-zatvori-pariz-na-eden-mesec-eve-kako-kje-se-odviva-zivotot-tamu-vo-narednite-30-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-bran-na-koronavirus-go-zatvori-pariz-na-eden-mesec-eve-kako-kje-se-odviva-zivotot-tamu-vo-narednite-30-dena/#respond Sat, 20 Mar 2021 09:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=485113

Едномесечното затворање стапи на сила во Париз и други француски региони денеска, бидејќи државата се обидува да го сузбие третиот бран на коронавирус-инфекции. Секој трети од 67 милиони луѓе во Франција е под влијание на построгите мерки. Но, ова затворање ќе биде поблаго од претходните затворања. Во 16-те административни региони, сите дуќани што не се потребни престануваат да работат, но книжарниците и продавниците за музички инструменти можат да продолжат да работат. Учениците можат да одат на училиште. На луѓето им е дозволено да се движат, но само во радиус од 10 километри од местото на живеење. Ситуацијата во поширокиот регион во Париз е особено загрижувачка. Пациенти беа префрлени во болници во други делови на земјата поради недоволно легла во одделите за интензивна нега. Бројот на нови инфекции на 100.000 жители за една недела се искачи на 450 во поширокиот регион во Париз. - Ја знаеме причината за овој трет бран: доаѓањето на таканаречената британска варијанта, што сега претставува скоро три четвртини од инфекцијата, изјави завчера премиерот Жан Кастекс. - Овие мерки можат да бидат проширени и на други делови од земјата, предупреди Кастекс. Покрај Париз, новите правила важат и за неколку области на север и на департманот Приморски Алпи, чиј центар е Ница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretiot-bran-na-koronavirus-go-zatvori-pariz-na-eden-mesec-eve-kako-kje-se-odviva-zivotot-tamu-vo-narednite-30-dena/feed/ 0
Бугарија во исчекување на трет бран од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-vo-ischekuvanje-na-tret-bran-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-vo-ischekuvanje-na-tret-bran-od-koronavirusot/#respond Thu, 04 Feb 2021 14:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=464246

“Имаме околу три недели до следниот пик на коронавирусот во нашата земја. Во претходниот бран пикот го достигвнавме за седум недели, а сега сме на најниското ниво, бидејќи во моментов бројот на пациентите е 113 на 100.000. Нивоата од кои сега тргнуваме се многу повисоки,и немаме седум недели, туку само три недели”. Ова на денешниот редовен брифинг на Националниот оперативен штаб на Бугарија, го изкјави неговиот началник, генералот Венцислав Мутафчииски, кој, исто така, даде податоци за смртноста, која, според него е опадна на ниското ниво од 7,9 отсто и повторно се искачи. -Колку и да ми е непријатно што сум во улогата на лош гласник, не можам да го премолчам фактот, ова е реалната состојба, додаде Мутафчииски. Тој го даде примерот на Воено-медицинската академија, каде е директор, дека во неа само во понеделникот биле примени 13 лица, а толку многу пациенти биле примени и пред една недела. -Бројките докажуваат дека има будење, дефинитивно во Ќустендил, но и во другите области, објасни Мутафчииски. Националниот здравствен инспектор, Ангел Кунчев, ги цитираше податоците од Европскиот центар за контрола на болести во Стокхолм. Според нив, 14-дневниот морбидитет е 90 на 100.000, што Бугарија повторно ја смести на 26-то место во ЕУ, шестото место на Балканот, а смртноста е 9,9 отсто, што е 13-то место во ЕУ. -Тоа што не тера да бидеме внимателни е развојот на ситуацијата внатре во земјата според областите. Највисока инциденца во земјата ја има во Ќустендил, а најниска во Тарговиште. Инфицираните се движат од 20 до 60 во осум области. Софија се врати во црвената зона, објасни Кунчев. Тој додаде дека пет земји на ЕУ се во црвената зона, а во текот на целиот февруари ќе има зголемување на морбидитетот и во Бугарија. Тоа може да се направи или според моделот на Франција- со бавно зголемување или како во Португалија, Шпанија – со целосно зголемување на случаите, полнење на болниците и доживување на кризата, како во ноември. -Тоа што е постигнато е кревко. Европа е во ќор-сокак, се подготвува за трет бран. Не сакам да бидеме несериозени, туку да бидеме подготвени за тоа доколку бранот дојде до нас, со силата што во моментов ја има во Европа, рече тој. Министерот за здравство Костадин Ангелов, од своја странја, повторно го даде примерот на Португалија, каде има речиси 14.000 жртви на коронавирусот. Мутафчииски ги повика медицинските директори да ги збијат своите редови и да се подготват за тоа што ги чека. -Фактот дека различни работи се дозволени не значи дека се безбедни, категоричен е тој, посочувајќи дека фактот дека спортските сали се отворени не значи дека се безбедни,„ тие се најопасното место “. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-vo-ischekuvanje-na-tret-bran-od-koronavirusot/feed/ 0
Студија: Два милиона луѓе во Британија треба да се вакцинираат неделно за да се спречи трет бран на епидемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-dva-miliona-lugje-vo-britanija-treba-da-se-vakciniraat-nedelno-za-da-se-sprechi-tret-bran-na-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-dva-miliona-lugje-vo-britanija-treba-da-se-vakciniraat-nedelno-za-da-se-sprechi-tret-bran-na-epidemijata/#respond Tue, 29 Dec 2020 07:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=449645

Велика Британија треба да вакцинира два милиони луѓе неделно за да спречи ширење на третиот бран на коронавирусот. Тоа е заклучокот на студијата на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. Велика Британија има повеќе од 71.000 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 2,3 милиони потврдени случаи. Во студијата, авторите посочуваат дека со цел да се намали притисокот во единиците за интензивна нега под нивоата за време на првиот бран, најголемите ограничувања треба да останат на сила во јануари, училиштата да останат затворени и да се вакцинираат 2 милиона луѓе неделно. Доколку не се извршат масовни имунизации, болничките приеми, единиците за интензивна нега и смртните случаи во 2021 година може да ги надминат оние во 2020 година, предупредува студијата, додавајќи дека имунизацијата на 2 милиона луѓе неделно ќе има многу големо влијание. Во четвртокот влстите соопштија дека 600.000 луѓе таму ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер/БиоНТех.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-dva-miliona-lugje-vo-britanija-treba-da-se-vakciniraat-nedelno-za-da-se-sprechi-tret-bran-na-epidemijata/feed/ 0
Ниедзиелски: На Полска и се заканува трет бран на пандемија на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niedzielski-na-polska-i-se-zakanuva-tret-bran-na-pandemija-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niedzielski-na-polska-i-se-zakanuva-tret-bran-na-pandemija-na-kovid-19/#respond Mon, 14 Dec 2020 13:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=443124

Полска се соочува со реална закана од трет бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Ниедзиелски. Тој рече дека ќе препорача рестриктивните мерки што се во сила во моментов да се продолжат најмалку до 17 јануари. Полската Влада се очекува утре да го донесе националниот план за вакцинација против коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niedzielski-na-polska-i-se-zakanuva-tret-bran-na-pandemija-na-kovid-19/feed/ 0
Австриските лекари предупредуваат дека трет бран не би можел да се совлада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-lekari-predupreduvaat-deka-tret-bran-ne-bi-mozel-da-se-sovlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-lekari-predupreduvaat-deka-tret-bran-ne-bi-mozel-da-se-sovlada/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=441895

Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на зараза со коронавирусот за болниците би можел да се совлада само условно. Нивото на дневни зарази сè уште е високо, истакнаа тие, додавајќи дека состојбата на одделите за интензивна нега сè уште е тешка. Специјалистот за интензивна нега Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена има тешки случаи меѓу пациенти на 20 и 30-годишна возраст. Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочи дека болничкиот персонал со недели е изложен на екстремни напори, поради големиот број на пациенти со Ковид-19. – Тој напор не може да се издржи на долг рок, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-lekari-predupreduvaat-deka-tret-bran-ne-bi-mozel-da-se-sovlada/feed/ 0
СЗО предупредува на трет бран на корона вирусот во Европа на почетокот на 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-tret-bran-na-korona-virusot-vo-evropa-na-pochetokot-na-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-tret-bran-na-korona-virusot-vo-evropa-na-pochetokot-na-2021-godina/#respond Sun, 22 Nov 2020 12:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=432790

Давид Набиро, специјалниот советник за Ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите пропуштат да направат се што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран. – Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг, предупреди Набаро. Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат запрени. – Кога стапката на инфекција ќе се намали, а ќе се намали, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови, се прашува Набаро. Тој ги пофали азиските земји каде стапката на инфекција е исклучително ниска бидејќи, како што истакна, рестриктивните мерки таму не беа олеснети предвреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-tret-bran-na-korona-virusot-vo-evropa-na-pochetokot-na-2021-godina/feed/ 0
СЗО предвидува и трет бран со КОВИД 19, ако владите не спречат ширење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predviduva-i-tret-bran-so-kovid-19-ako-vladite-ne-sprechat-shirenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predviduva-i-tret-bran-so-kovid-19-ako-vladite-ne-sprechat-shirenje/#respond Sun, 22 Nov 2020 09:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=432728

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година, ако владите го повторат неуспехот со спречување на вирусот. „Тие не ја изградија потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако го ставија под контрола првиот бран на зараза“, рече претставникот на СЗО, Давид Набаро, во интервју за швајцарските медиуми. „Сега имаме втор бран. Ако тие не ја изградат потребната инфраструктура, ќе имаме трет бран на почетокот на следната година“, предупредува Британецот Набаро, чија кампања да стане генерален директор на СЗО во 2017 година не успеа. Набаро ги пофали одговорите на азиските земји како Јужна Кореја, каде стапката на зараза е релативно ниска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predviduva-i-tret-bran-so-kovid-19-ako-vladite-ne-sprechat-shirenje/feed/ 0
Германски виролог: Мора да сметаме и на втор и на трет бран на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/#respond Fri, 10 Jul 2020 12:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=373311

Германскиот виролог Хендрик Штрек смета дека ќе има втор и трет бран на заразата со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот. Во изјава за локална телевизија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцина. Во блиска иднина, тој не гледа продор во развојот на вакцина, и покрај фактот што огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет. Поради тоа, тој препорачува општеството да се адаптира и да научи да живее со вирусот. – Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа конкретно значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е и сега случај. Исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, објасни еден од водечките германски виролози. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-virolog-mora-da-smetame-i-na-vtor-i-na-tret-bran-na-kovid-19/feed/ 0