трет ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 09:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трет ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРЕТ ДЕН: На фудбалските терени ќе истрчаат Меси, Мбапе, Левандовски, Ериксен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tret-den-na-fudbalskite-tereni-kje-istrchaat-mesi-mbape-levandovski-eriksen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tret-den-na-fudbalskite-tereni-kje-istrchaat-mesi-mbape-levandovski-eriksen/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=764599

Третиот ден од Мундијалот во Катар започнува во 11 часот. На програмата се четири натпревари, а навивачите ќе уживаат во долг фудбалски ден. Денеска на терен излегуваат фудбалски мајстори како Лионел Меси, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски, Кристијан Ериксен и други... Први на терен ќе излезат Аргентинците, од 11:00 часот, а на стадионот „Лусаил“ ќе им се придружат репрезентативците на Саудиска Арабија. Веднаш потоа Данците ќе ги „нападнат“ Тунижаните. Натпреварот е од 14 часот. По 44 години, во 17 часот на фудбалскиот терен заедно ќе истрачаат Мексико и Полска. Фудбалскиот ден завршува со натпреварот меѓу селекциите на Франција и Австралија закажан со почеток во 20 часот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tret-den-na-fudbalskite-tereni-kje-istrchaat-mesi-mbape-levandovski-eriksen/feed/ 0
Денеска е Воскресение Христово – Трет ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-voskresenie-hristovo-tret-den-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-voskresenie-hristovo-tret-den-2/#respond Tue, 26 Apr 2022 05:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=667755

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта. Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-voskresenie-hristovo-tret-den-2/feed/ 0
Во Јапонија трет ден рекорден број на новозаболени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-tret-den-rekorden-broj-na-novozaboleni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-tret-den-rekorden-broj-na-novozaboleni-od-kovid-19/#respond Sat, 01 Aug 2020 07:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=384585

Јапонија пријави 1.579 нови случаи со Ковид-19 и уште пет смртни случаи. Тоа е трет ден по ред како во Јапонија е регистриран рекорден број на инфицирани со новиот коронавирус. Јапонскиот премиер Шинѕо Абе вчера изјави дека внимателно се следи ситуацијата и оти фокусот е на тестирањето. Во Јапонија од почетокот на пандемијата регистрирани се 36.548 заразени лица, од кои починале 1.024. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-tret-den-rekorden-broj-na-novozaboleni-od-kovid-19/feed/ 0
Трет ден од самитот на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-od-samitot-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-od-samitot-na-eu/#respond Sun, 19 Jul 2020 13:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=378410

Трет ден од самитот на лидерите на ЕУ кој се обидуваат да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата со Ковид-19 е во тек во Брисел. Се разговара за пакетот вреден 1,824 милијарди евра, што вклучува повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за наплата (750 милијарди евра). За време на претходните два дена маратонски разговори, лидерите во ЕУ не успеаја да се договорат за неколку клучни прашања, вклучително и односот помеѓу грантовите и заемите на кои земјите-членки можат да сметаат од фондот за наплата, како и за управување со тој фонд. Групата на т.н. „штедливи држави“ (Холандија, Австрија, Данска, Шведска и Финска) се залагаат за помалку грантови, но и построги услови за распределување на средства. Премиерот на Холандија, Марк Руте, инсистира на тоа дека распределбата на средствата од фондот за наплата подразбира едногласна одлука на земјите-членки, односно можност за вето. Во исто време, „штедливите“ бараат фондовите за грант што земјите-членки на ЕУ ги добиваат врз основа на заедничко задолжување на ЕУ на светските пазари на капитал, да не надминуваат 375 милијарди евра. Земјите од јужна Европа, Италија и Шпанија, кои се најтешко погодени од кризата бараат поголема финансиска помош од Унијата и укажуваат на недостиг на солидарност. Предлогот на претседателот на Европскиот совет кој е на маса е 450 милијарди евра грантови и 300 милијарди за заеми. Лидерите на ЕУ 27, исто така, не се согласуваат во врска со идејата за почитување на владеењето на правото како услов за пристап до фондовите на ЕУ. За тој предлог на Европската комисија, на кој најмногу се инсистира Холандија, најмногу се спротивставуваат од Унгарија и Полска, против кои Брисел веќе почна прекршочни постапки токму заради проблемите со владеењето на правото во тие држави. Пристигнувајќи на третиот ден од самитот, лидерите изразија претпазлив оптимизам за можноста за постигнување договор. Францускиот претседател Емануел Макрон, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, бугарскиот премиер Бојко Борисов, па дури и унгарскиот премиер Виктор Орбан сметаат дека е можно денеска да се надминат несогласувањата и да се направи напредок и можеби компромис. Канцеларката Ангела Меркел е помалку оптимист за можноста за постигнување договор на третиот ден од самитот, додавајќи дека има добра волја, но и дека има многу различни позиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-od-samitot-na-eu/feed/ 0