трета доза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 19:08:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трета доза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фајзер сака трета доза анти-ковид вакцина за деца од пет до 11 години во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-saka-treta-doza-anti-kovid-vakcina-za-deca-od-pet-do-11-godini-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-saka-treta-doza-anti-kovid-vakcina-za-deca-od-pet-do-11-godini-vo-sad/#respond Thu, 14 Apr 2022 19:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=663231

Фармацевтската компанија Фајзер денеска соопшти дека сака да ја прошири вакцинацијата со третата, „засилена“ доза против коронавирусот во САД на здрави деца на возраст од пет до 11 години. Американските власти претходно ги повикаа сите луѓе на возраст од 12 години и постари да примат трета доза од вакцината за подобра заштита од најновите варијанти на коронавирусот, а неодамна дозволија да се даде четврта доза на 50-годишници и постари. Нова студија покажа дека третата доза дадена на децата шест месеци по втората го зајакнала нивниот имунолошки одговор, соопшти Фајзер. Овие податоци не се објавени или потврдени од независни експерти. Компанијата наведува дека во наредните денови ќе побара од американските власти да одобрат давање на трета доза на здрави деца на возраст од пет до 11 години и оти податоците ќе ги сподели со европските и другите регулаторни тела. Вакцината на Фајзер е единствената што децата во САД можат да ја примат. Децата од пет до 11 години добиваат една третина од дозата дадена на лица на возраст од 12 и повеќе години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajzer-saka-treta-doza-anti-kovid-vakcina-za-deca-od-pet-do-11-godini-vo-sad/feed/ 0
Постои мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, вели Д-р Петличковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/#respond Tue, 08 Feb 2022 14:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=628715

За целосно вакцинирани се сметаат лицата со примена трета доза вакцина против КОВИД-19. Во овие две години наназад се покажа дека вакцинацијата е единствениот начин да се намали смртноста, бидејќи тоа што ни се случува со примање на две дози и на трета доза вакцина не значи дека сме отпорни од болеста со појавата на нови варијанти, истакна денеска д-р Марија Димзова од Клиниката за инфективни болести, која е член на Комисијата за заразни болести. Одговарајќи на новинарски прашање на прес-конференцијата по состанокот на Комисијата, рече дека апелираат граѓаните да се вакцинираат, да се намали сериозноста односно тежината на болеста и да се намали процентот на смртни исходи. – Имаме пациенти кои се хоспитализирани и на 90 години. Значи, некогаш и самите коморбидитети и како и самите години влијаат врз успехот на болеста. Станува збор за пациенти кои како коморбидитети имаа карциноми, пациенти кои примаат хемотерапија итн., додаде д-р Димзова. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека и во светот заокружен циклус на вакцинација веќе се однесува точно или на три дози или некаде има комбинации прележаност по две дози. Но, посочи тој, поентата е дека трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има еден мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите тоа да се случи се многу мали. Потенцира дека не знае дали ќе стане задолжителна третата доза, но, посочи, сигурно ќе биде силна препорака, бидејќи постојат многу научни докази дека е излез. – Нас ни е јасно дека треба да се движиме накај трета доза. Не зборуваме за сезонска вакцинација. Зборуваме за трета доза. Во Англија што често ја земаме за пример над 65 проценти од населението има примено трета доза. Кај нас е околу пет проценти. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е сега таа дупка да ја пополниме. Натаму ќе се насочиме, да стимулираме, да објаснуваме и да поттикнуваме вакцинација со трета доза, рече д-р Петличковски. Посочи дека анализата која ја правеле на хоспитализирани и починати има за цел да одговори зошто имавме релативно висока стапка на смртност и проблем кој го лоцирале е слабата застапеност на третата доза. – Втор проблем, односно втора дискусија која ја отворивме е шифрирањето на починатите од КОВИД и тука се обврзавме во следнава недела да имаме еден работен состанок со Статистика, со Институт за епидемиологија кои го изготвуваат овој шифрарник за да направиме абдејт, бидејќи изгледа дека шифрирањето се води по методологија која е од почетокот можеби на пандемијата, така што веројатно има тука некој развој и размислуваме да го освежиме начинот на шифрирање, односно на класифицирање на болеста, додаде д-р Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postoi-mal-procent-moznost-i-chovek-vakciniran-so-tri-dozi-da-zavrshi-losho-veli-d-r-petlichkovski/feed/ 0
Грција: Секој кој нема да прими трета доза ќе се смета за невакциниран! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sekoj-koj-nema-da-primi-treta-doza-kje-se-smeta-za-nevakciniran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sekoj-koj-nema-da-primi-treta-doza-kje-se-smeta-za-nevakciniran/#respond Tue, 11 Jan 2022 09:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=617917

Грција не остава на случајноста и ги засилува мерките за заштита од коронавирусот, а како што пренесуваат темошните медиуми, боцкањето со трета доза од вакцината станува задолжително од следниот месец. Министерот за здравство Танос Плеврис изјави дека, почнувајќи од 1 февруари, луѓето кои нема да примат трета доза нема да можат да пристапат до места кои се резервирани за вакцинирани, оти нивниот вакцинален сертификат ќе се смета за нецелосен. – Сите оние луѓе кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, нема да можат да пристапат до местата резервирани за вакцинирани. Мерката ќе биде активирана на 1 февруари оваа година. Тоа значи дека сите оние кои не примиле дополнителна доза, а поминале седум месеци од претходната, ќе се сметаат за невакцинирани. Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица – појасни министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sekoj-koj-nema-da-primi-treta-doza-kje-se-smeta-za-nevakciniran/feed/ 0
„Три дози од Фајзер штитат од сојот омикрон, но четири пати помалку од делта сојот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/#respond Sun, 12 Dec 2021 09:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=607258

Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон. Заклучоците од истражувањето се слични со оние шро претходно неделава беа презентирани од БооНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус. Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец. -Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Иако имаат некои против делта, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба. „Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата, или за околу четири пати помала“, додаде таа. Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации. Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/feed/ 0
Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-amerikancite-da-primat-treta-doza-od-vakcinata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-amerikancite-da-primat-treta-doza-od-vakcinata-protiv-kovid-19/#respond Fri, 03 Dec 2021 06:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=603354

Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот. Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и да ги заострат условите за тестирање на сите луѓе кои доаѓаат во САД, без разлика дали се вакцинирани. Додека некои земји во светот ги затвораат границите или повторно воведуваат карантин, Бајден истакна дека засега нема да воведе дополнителни мерки освен препораката Американците да носат маски во затворени простории, на јавни места. – Експертите сметаат дека бројот на случаи на коронавирус ќе продолжи да се зголемува во наредните недели оваа зима, поради што мора да бидеме подготвени, изјави американскиот претседател за време на посетата на Националниот институт за здравство во Вашингтон. Тој рече дека неговата нова стратегија „не вклучува затворања и карантини“ и дека се надева на поддршка. – Објавувам одлучен план во борбата против Ковид-19 и мислам дека треба сите да не обедини, додаде Бајден. Спроведувањето на указот на Бајден за задолжителна вакцинација во поголемите компании е блокирано пред судовите во некои американски сојузни држави, поради што претседателот ги повика компаниите да наложат имунизација на своите работници, за да можат да останат отворени без ширење на инфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-amerikancite-da-primat-treta-doza-od-vakcinata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Американските истражувачи потврдуваат: Третата доза на Фајзер вакцината го смалува ризикот од коронавирусот за повеќе од 80 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/#respond Wed, 01 Dec 2021 08:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=602310

Третата доза од вакцината против коронавирус на Фајзер го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или повеќе преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат. - Проценивме дека ризикот од инфекција е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на засилената доза - потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според списанието ЈАМА Интернал Медицин. Си-Ен-Ен објави дека тимот на Јеил следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години кои примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек преку здравствената служба Макаби во Израел. Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-istrazuvachi-potvrduvaat-tretata-doza-na-fajzer-vakcinata-go-smaluva-rizikot-od-koronavirusot-za-povekje-od-80-otsto/feed/ 0
Фаучи апелираше до вакцинираните Американци да примат трета доза од вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/#respond Mon, 22 Nov 2021 07:46:08 +0000 https://kurir.mk/?p=598074

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи повика милиони Американци кои веќе биле целосно вакцинирани против коронавирус да примат трета доза од вакцината за да одржат оптимална заштита од вирусот. Според податоци од владините Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони досега добиле дополнителна доза, додека околу 60 милиони луѓе се невакцинирани. Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека „нема нејаснотии“ кога станува збор за потребата да се прими трета доза поради намалената ефикасност на првите дози од вакцината која доаѓа со тек на време. Експертот рече дека третата доза од вакцината им дава на луѓето „подолг период на заштита“, иако не е јасно дали оние кои биле вакцинирани можеби ќе треба да продолжат да примаат дополнителни дози на секои шест месеци или една година. – Ќе анализираме што значи тоа кога ќе се добие дополнителна доза, ќе ја следиме науката, рече Фаучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-apelirashe-do-vakciniranite-amerikanci-da-primat-treta-doza-od-vakcinata/feed/ 0
САД одобрија трета доза на вакцината против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-treta-doza-na-vakcinata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-treta-doza-na-vakcinata-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 19 Nov 2021 15:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=597493

Здравствените власти на САД денеска соопштија дека одобриле трета доза вакцина против Ковид за сите возрасни лица кои биле целосно вакцинирани пред најмалку шест месеци. Американската агенција за лекови (ФДА) соопшти дека ова вонредно одобрение за вакцина издадено за Фајзер и Модерна овозможува „да се обезбеди континуирана заштита од Ковид-19, посебно од сериозни последици што можат да се појават, како што се хоспитализација и смрт“. Двете фармацевтски компании претходно соопштија дека добиле одобрение од ФДА, пренесува Хина. „Ова вонредно одобрување доаѓа во критично време кога започнува зимата и се соочуваме со зголемување на бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 низ целата земја“, рече претседателот на Модерна Стефан Бансел. Луѓето на возраст над 18 години кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон, која се дава во една доза во САД, имаа право на втора доза два месеци по имунизацијата. Кај лицата вакцинирани со Фајзер и Модерна, третата доза досега беше наменета само за некои групи: оние над 65 години, возрасните изложени на ризик да развијат тешка форма на болеста и оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата. Веста доаѓа во време кога бројот на нови инфекции повторно се зголемува во САД, со просечни 85.000 нови случаи на Ковид-19 дневно (имаше околу 70.000 на крајот на октомври) и околу 1.000 смртни случаи дневно. Некои американски држави, како Калифорнија, веќе почнаа да одобруваат дополнителни дози за возрасни, дури и пред здравствените агенции да го препорачаат тоа, со надеж дека ќе го спречат ширењето на епидемијата пред Божик и Нова Година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-treta-doza-na-vakcinata-protiv-koronavirusot/feed/ 0
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ: Здравствениот центар Врање одобри трета доза и за нашите граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/#respond Fri, 19 Nov 2021 11:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=597362

Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено. -Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање. Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“. Инаку, бустер дозата на вакцината против Ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза). Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-КОВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vazna-informacija-za-site-makedonci-zdravstveniot-centar-vranje-odobri-treta-doza-i-za-nashite-gragjani/feed/ 0
Овие работи треба да ги знаете пред да одлучите дали ќе примите трета доза вакцина против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-treba-da-gi-znaete-pred-da-odluchite-dali-kje-primite-treta-doza-vakcina-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-treba-da-gi-znaete-pred-da-odluchite-dali-kje-primite-treta-doza-vakcina-protiv-koronavirus/#respond Fri, 19 Nov 2021 08:22:22 +0000 https://kurir.mk/?p=597226

Шест месеци по втората доза од вакцината против Ковид, потребна е трета вакцинација, се согласуваат имунолозите. Дали тестот за антитела може да открие кога точното време за т.н бустер доза? Не е спорно дека нивото на заштита од коронавирус значително се зголемува по примањето на третата доза од вакцината. Сепак, многумина се прашуваат дали навистина им е потребна таа трета доза. Можеби им останале доволно антитела во телото по претходните две вакцини? Ако си ги поставувате истите прашања, можеби размислувате за тест за антитела за да можете да одлучите за трета доза. Но, експертите сметаат дека споменатите тестови се корисни само до одреден степен. Во оваа статија, која ја пренесува Фактор, има одговори на голем број важни прашања за тоа. Кои се придобивките од дополнителната вакцинација? Зголемената доза навистина ќе го зајакне вашиот имунолошки систем и ќе го направи поспремен за одбрана на телото во случај на инфекција со вирусот Сарс-КоВ-2. Сепак, често употребуваниот термин „засилувач“ не е целосно точен, вели германскиот имунолог Карстен Ватцл, бидејќи дополнителната вакцинација всушност го враќа она што недостасува. Навистина, засилената доза не само што ќе го врати нивото на вашиот имунитет, туку и ќе обезбеди поефикасна заштита од онаа што сте ја имале по втората доза. Секој пат кога имунолошкиот систем ќе дојде во контакт со патогени или вакцина, тој станува посилен и поотпорен, објаснува Ватцл. Дали ни треба тест за антитела пред третата доза? Тестирањето на антитела не е без причина. Сакате да знаете на кое ниво е вашата заштита по претходните вакцини и врз основа на тие информации проценете дали ви треба дополнително. Во овој контекст, тестот за антитела може да разјасни некои работи, вели Андреас Бобровски, претседател на Професионалното здружение на германски лабораториски лекари. Сепак, тој не го препорачува за општа употреба. Од ваквите тестови, важни информации за тоа колку биле успешни првите две дози можат да добијат оние кои се подложни на инфекции или генерално се со намален имунитет, објаснува тој. Имено, научниците не се согласија за нивото на антитела кои гарантираат сигурна заштита, што значи дека и по ваков тест може да се чувствувате несигурни. Што ни кажуваат резултатите од тестовите за антитела? Според Бобровски, тестот ги проверува нивоата на IgG антитела кои се формираат како резултат на вакцинацијата. Имуноглобулините (антитела) се протеински молекули создадени од имунолошкиот систем како одговор на влегувањето на туѓа супстанција во телото (антиген). Постојат пет класи на имуноглобулини: IgA, IgM, IgG, IgE и IgD. IgG се наоѓа во меѓуклеточниот простор и го штити од инфекција. Со докажување на присуството на ова антитело може да се покаже дека имало претходно заболување или дека е извршена имунизација. IgM првиот од имуноглобулинот реагира на инфекција и укажува на акутната фаза на болеста. Ако одлучите да тестирате за антитела, важно е методот на тестирање да обезбеди резултати што може да се споредат. Ова е можно доколку се примени стандардот на Светската здравствена организација, изразен во BAU/ml (BAU = Binding Antibody Units). Сепак, не постојат утврдени граници за BAU/ml над кои едно лице се смета за заштитено, забележува Ватцал, кој верува дека не е важно да се знае количината на антитела пред третата доза. Дали има проценки за тоа колку малку се уште има? „Оценката под 21,8 BAU/ml покажува дека не можеме да сметаме на заштитата што инаку ја обезбедуваат IgG антителата“, откри Бобровски. „Од друга страна, оценките над 21,8 BAU/ml се голема сива зона каде што е тешко да се одреди кога заштитата е доволно ефикасна“, вели Бобровски. „Според моја проценка, вредностите над 500 се доволно високи и во тој случај не треба да брзате за трета доза“, вели д-р Бобровски.
Извор: Индекс.хр
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-raboti-treba-da-gi-znaete-pred-da-odluchite-dali-kje-primite-treta-doza-vakcina-protiv-koronavirus/feed/ 0