трета смена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Aug 2020 07:31:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трета смена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравствен дом Скопје повторно воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиника Чаир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstven-dom-skopje-povtorno-voveduva-treta-smena-za-magnetna-rezonanca-vo-poliklinika-chair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstven-dom-skopje-povtorno-voveduva-treta-smena-za-magnetna-rezonanca-vo-poliklinika-chair/#respond Sun, 30 Aug 2020 07:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=396736

Здравствен дом Скопје информира дека од септември повторно се воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир и веќе може да се закаже преку електронскиот систем МојТермин. Сите други служби на здравствен дом функционират редовно. Продолжува редовната работа на кабинетите за дигитална мамографија во поликлиниките Букурешт и Чаир, како и работата на Итната медицинска помош, прераспределбата на специјалисти интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во Клиничка болница Штип и во болницата во Куманово. „Во изминатиот период во континуитет се одвиваа прегледите во скопските поликлиники, а постојано работеа и дополнителните дежурни служби. Сега главната новина се однесува на повторното воведување трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир. Апаратот за магнетна резонанца и апаратот за мамографија се нови современи дигитални апарати со кои се прават навистина квалитетни прегледи“- посочува директорот, д-р Виктор Исјановски и дополнува дека на месечно ниво, магнетна резонанца прават околу 250 пациенти. Побарувањата за ваквите прегледи се големи, а не станува збор само за пациенти од Скопје, туку и за, околу 30 проценти, пациенти од останатите градови во државата. Затоа, како што истакнува Исјановски уште лани е донесена одлука за воведување трета смена, со цел да се намали и чекањето за ваквите прегледи. Од институцијата информираат дека новина е и воведувањето дигитални апарати за снимање скелет графии, кои се пософистицирани и со сосем мала доза на зрачење во поликлиниките во Чаир, Јане Сандански и во Ѓорче Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstven-dom-skopje-povtorno-voveduva-treta-smena-za-magnetna-rezonanca-vo-poliklinika-chair/feed/ 0