трета светска војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 14:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трета светска војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мнозинството Унгарци веруваат дека постои ризик од трета светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-ungartsi-veruvaat-deka-postoi-rizik-od-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-ungartsi-veruvaat-deka-postoi-rizik-od-treta-svetska-vojna/#respond Mon, 24 Apr 2023 14:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=827002

Повеќе од половина од Унгарците, 54 отсто од нив, веруваат дека постои „реална опасност“ војната меѓу Русија и Украина да ескалира во трета светска војна, а 55 отсто сметаат дека една од завојуваните страни може да употреби нуклеарно оружје, покажува истражувањето кое денеска го објави институтот Незопонт. Од Пандорка Арсовска-Гацова 15:46, 24 април, 2023 Истражување: Повеќето Унгарци веруваат дека постои ризик од трета светска војна Будимпешта, 24 април 2023 (МИА) - Повеќе од половина од Унгарците, 54 отсто од нив, веруваат дека постои „реална опасност“ војната меѓу Русија и Украина да ескалира во трета светска војна, а 55 отсто сметаат дека една од завојуваните страни може да употреби нуклеарно оружје, покажува истражувањето кое денеска го објави институтот Незопонт. Кога избувна војната пред повеќе од една година, многу Унгарци веруваа дека таа наскоро ќе заврши, додека денес само 42 отсто од Унгарците веруваат дека не постои реална закана од избувнување на светска војна, а речиси исто толку (41 отсто) гледаат дека нема закана за распоредување на нуклеарно оружје, објави истражувачкиот центар. Меѓу оние кои се плашат од светска војна, 81 отсто се плашат и од распоредување нуклеарно оружје, а само 16 отсто мислат дека светска војна би се водела без такво оружје. Телефонската анкета е спроведена помеѓу 17 и 19 април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-ungartsi-veruvaat-deka-postoi-rizik-od-treta-svetska-vojna/feed/ 0
Трамп: Се наоѓаме на работ на трета светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-naogame-na-rabot-na-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-naogame-na-rabot-na-treta-svetska-vojna/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:43:21 +0000 https://kurir.mk/?p=803674

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска оцени дека светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна и дека актуелниот американски претседател Џо Бајден го турка светот во војна со своите постапки за поддршка на Украина. „Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби несвесно, нè турка во она што наскоро може да се претвори во трета светска војна“, рече Трамп во видеото објавено на неговиот профил на Трут Сошал (Truth Social). По повод годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, тој изјави дека војната никогаш немаше да се случи ако тој беше на чело на земјата, бидејќи додека бил претседател ги отфрлил сите „погубни совети“ на вашингтонските генерали, бирократи и дипломати кои знаат само како да ги вовлечат САД во земјата, во конфликтот, но не и како да излезат од него.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-naogame-na-rabot-na-treta-svetska-vojna/feed/ 0
Резников: Третата светска војна веќе е почната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-tretata-svetska-vojna-vekje-e-pochnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-tretata-svetska-vojna-vekje-e-pochnata/#respond Thu, 30 Jun 2022 07:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=697643

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, изјави за „Скај Њуз“ дека доколку Русија ја заземе Украина, и други европски земји ќе бидат следни на тој пат. Резников кажа дека нема смисла „да се обидуваме да не ги ескалираме тензиите со Русија, бидејќи војната е веќе тука“. Тој смета дека Третата светска војна веќе е почната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-tretata-svetska-vojna-vekje-e-pochnata/feed/ 0
Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/#respond Fri, 29 Apr 2022 06:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=669509

Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна. Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека „мора да направат се што е можно за да го спречат тоа“. Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“. „На Украина и треба помош и ја заслужува нашата целосна посветеност и целосна поддршка“, рече генералниот секретар на ОН по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Гутереш повика и на отворање коридор за евакуација од украинскиот град Мариупол, велејќи дека градот е под опсада и „во криза“. „На илјадници цивили им е потребна помош за да си ги спасат животите. На многу постари луѓе им е потребна медицинска нега или нивната подвижност е ограничена, им треба начин да избегаат од апокалипсата“, додаде тој. Генералниот секретар вчера се сретна со претседателот на Украина и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по посетата на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/feed/ 0
Зеленски: Подготвен сум за преговари со Путин, но ако не успеат тоа може да доведе до „Трета светска војна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-podgotven-sum-za-pregovari-so-putin-no-ako-ne-uspeat-toa-moze-da-dovede-do-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-podgotven-sum-za-pregovari-so-putin-no-ako-ne-uspeat-toa-moze-da-dovede-do-treta-svetska-vojna/#respond Sun, 20 Mar 2022 14:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=650230

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е подготвен да преговара со рускиот колега Владимир Путин, но предупреди дека ако обидите за преговори не успеат, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до „Трета светска војна“. – Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во изминатите две години. И мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен. Украинскиот претседател истакна дека ако постои еден процент шанса да се запре таа „војна“, тогаш треба да ја искористат таа шанса. – Мораме да го направиме тоа. Ние губиме луѓе секој ден, невини луѓе на теренот, додаде Зеленски. Тој нагласи дека руските сили дошле, како што рече, „да ги истребат и убијат“ и дека Украина мора да покаже дека е достојна за својот народ и армија. – Но, за жал, нашето достоинство нема да спаси животи. Така што, мислам дека треба да искористиме каков било формат, секоја шанса за да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин, порача украинскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-podgotven-sum-za-pregovari-so-putin-no-ako-ne-uspeat-toa-moze-da-dovede-do-treta-svetska-vojna/feed/ 0
Борел: Ако завојуваме со Русија ќе почне трета светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ako-zavojuvame-so-rusija-kje-pochne-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ako-zavojuvame-so-rusija-kje-pochne-treta-svetska-vojna/#respond Thu, 10 Mar 2022 09:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=644636

Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. –Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо. Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор. –Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ako-zavojuvame-so-rusija-kje-pochne-treta-svetska-vojna/feed/ 0
Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=640018

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствената алтернатива на санкциите е трета светска војна, на што тој се надоврза и порача дека трета светска војна може да биде само „нуклеарна војна“. Тој вели дека тоа е само во главите на западните политичари – и не е во главите на рускиот народ, пренесува Би-Би-Си. – Ако се води вистинска војна против нас, тогаш оние што прават такви планови треба да размислат за тоа, а според мене такви планови се прават, изјави тој на денешната прес-конференција во Москва, која се уште е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/feed/ 0
Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-imame-dve-opcii-edna-od-niv-e-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-imame-dve-opcii-edna-od-niv-e-treta-svetska-vojna/#respond Sat, 26 Feb 2022 21:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=637299

Американскиот претседател Џо Бајден, во емисијата на Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е трета светска војна. -Имаме две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. Втората опција е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи, рече Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-imame-dve-opcii-edna-od-niv-e-treta-svetska-vojna/feed/ 0
„Нејшенал Интерест“: Кина и Русија главни закани за Трета светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nejshenal-interest-kina-i-rusija-glavni-zakani-za-treta-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nejshenal-interest-kina-i-rusija-glavni-zakani-za-treta-svetska-vojna/#respond Sun, 23 Dec 2018 13:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=143928

Американското издание „Нејшенал Интерест“ во својот годишен рејтинг на закани кои можат да предизвикаат светски конфликт во годината што следува, на првите две места ги стави Пекинг и Москва. Пјонгјанг не е ниту на трето место како можна главна светска закана во 2019 година. Во својата анализа изданието оценува дека ова се потенцијалните жешки точки каде догодина може да се разгори масовен регионален конфликт што би довел во Трета светска војна. На прво место е Јужно Кинеското Море, каде може да започне конфликт помеѓу САД и Кина инициран не поради споровите во овој воден басен, туку поради трговската војна што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја започна против Пекинг. Канада и САД неодамна упасија високо официјално лице на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“, што водеше кон реципроциттени мерки од страна на Кина против еден канадски државјанин и американски компании. Изданието смета дека заострената трговска војна може да премине во жесток конфликт со регионални и потоа светски последици. На второ место е Украина. Причината е инцидентот кај Керченскиот Теснец во Азовско Море каде руската поморска флота заплени три украински бродови и уапси десеттина членови на нивните екипажи, поради, според Москва, нарушување на руските територијални води од страна на пловилата. Пресретнувањето на бродовите ги разгори тензиите во регионот каде со години тлее конфликт. Како резултат на ова Киев прогласи воена состојба во повеќе украински региони што би можело да биде повод за безредија во Украина. Трета најверојатна жешка точка во 2019 година би можело да стане регионот на Персискиот Залив. Нестабилноста на Блискиот Исток може да се префрли во Иран и тоа да испровоцира почеток на светска војна. Иран е под жестоки американски санкции, потсетува американското издание. На последно место е Корејскиот Полуостров. Неизвесноста околу можното рестартирање на нуклеарната програма на Северна Кореја би можело да биде причина за светски конфликт догодина, смета „Нејшенл Интерест“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nejshenal-interest-kina-i-rusija-glavni-zakani-za-treta-svetska-vojna/feed/ 0
Предвидувањето на Нострадамус станува вистина: Вака познатиот пророк го најави почетокот на Третата светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predviduvanjeto-na-nostradamus-stanuva-vistina-vaka-poznatiot-prorok-go-najavi-pochetokot-na-tretata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predviduvanjeto-na-nostradamus-stanuva-vistina-vaka-poznatiot-prorok-go-najavi-pochetokot-na-tretata-svetska-vojna/#respond Wed, 11 Apr 2018 07:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=38930

Еден од најпознатите и најчесто зборувани пророци, Нострадамус, предвидел дека Третата светска војна ќе започне на Блискиот исток. Најновите случувања во светот на неговите предвидувања му даваат сосема логичен момент. Имено, светските медиуми под ознаката „итно“ информираат дека во наредните 72 часа се очекува напад на американските сили на Сирија. Русите пак, недвосмислено ставија до знаење дека во тој случај жестоко ќе одговорат. По актуелните случувања во Сирија, многумина се присетија на зборовите на пророкот кој наводно предвидел дека најголемиот судир во историјата на човештвото ќе започна на Блискиот исток. -Војната ќе започне меѓу две големи светски сили и ќе трае 27 години. Моментот на големо насилство ќе се совпадне со појава на комета на небото. Тероризмот и природните катастрофи ќе ја уништат нашата планета додека гигантски планети не се доближат до Земјата, рекол Нострадамус. Ова предвидување се толкува како визија за избувнување на војна меѓу Русија и САД, вклучително и нивните сојузници. Некои толкувања велат дека војната ќе избие на подрачјето на Франција по терористички напади и инвазијата на Арапи и муслимани во Европа. За постаниот француски пророк се смета дека предвидел голем број светски случувања, како големиот пожар во Лондон, Наполеон и Адолф Хитлер, па се до нападот на 11 септември на Светскиот трговски центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predviduvanjeto-na-nostradamus-stanuva-vistina-vaka-poznatiot-prorok-go-najavi-pochetokot-na-tretata-svetska-vojna/feed/ 0