трето дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Mar 2022 10:10:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трето дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се породи манекенката Софија Милошевиќ: Фудбалерот на Реал Мадрид е далеку од дома, па прослави со колегите – ова е полот на бебето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-porodi-manekenkata-sofija-miloshevikj-fudbalerot-na-real-madrid-e-daleku-od-doma-pa-proslavi-so-kolegite-ova-e-polot-na-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-porodi-manekenkata-sofija-miloshevikj-fudbalerot-na-real-madrid-e-daleku-od-doma-pa-proslavi-so-kolegite-ova-e-polot-na-bebeto/#respond Mon, 28 Mar 2022 10:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=654487

Манекенката Софија Милошевиќ се породи по втор пат доцна во неделата во Мадрид, пренесуваат српските медиуми. Како што пренесуваат тие, фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ заедно со манекенката го добија своето второ дете.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Породувањето поминало во најдобар ред, а манекенката и синот се чувствуваат одлично. Лука се чувствува одлично и добивањето на синот го прослави со соиграчите во Данска каде во моментов е со српската репрезентација, а дел од соиграчите се шегувале како само синови прават.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Парот се зема на 8 септември 2020 година, а манекенката и со првото дете исто така се породи во Мадрид. Инаку за фудбалерот ова е трето дете, со оглед на тоа дека од врската со Анџела Маниташевиќ го има синот Давид.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-porodi-manekenkata-sofija-miloshevikj-fudbalerot-na-real-madrid-e-daleku-od-doma-pa-proslavi-so-kolegite-ova-e-polot-na-bebeto/feed/ 0
Нема пари за трето дете: Кој ги излажа мајките и трудниците – Царовска или Шахпаска? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-treto-dete-koj-gi-izlaza-majkite-i-trudnicite-carovska-ili-shahpaska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-treto-dete-koj-gi-izlaza-majkite-i-trudnicite-carovska-ili-shahpaska/#respond Fri, 12 Feb 2021 11:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=467762

„Додатокот за трето дете не е укината, туку таа се трансформира. За прво, второ и трето дете ќе даваме еднократни финансиски средства во висина од 5, 20, и 60.000 денари. Вака како што досега беше поставено,  додатокот за трето дете беше погрешен. И за тоа нѐ укоруваа и УНИЦЕФ и Светска банка и ММФ. Сега тие го поздравија новото законско решение и ја известија Владата дека очекуваат тоа да се усвои и да се имплементира“. Ова во интервју за Дојче Веле во 2018-та година го истакна тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, која денес е министер за образование. Изминатиов период, повеќе трудници кои го очекуваат своето трето дете и мајки кои се породиле по трет пат, ја контактираа редакцијата на КУРИР и ни посочија дека оваа мерка не се спроведува. Најавата на Царовска и Владата на СДСМ дека ќе се исплаќа еднократна парична помош за трето дете била само една од низата лаги кои им се сервирани на граѓаните. -По раѓањето на своето трето дете, ги подготвив документите кои беа потребни и бев да аплицирам за еднократна парична помош. Бев одбиена со објаснување дека тие пари ќе ми следуваа само ако сум во социјално загрозена категорија. Додека бев бремена, баш прашав дали ќе ми следува таков додаток и добив потврден одговор, вели една скопјанка која ја контактираше редакцијата на КУРИР. -Бремена сум 9-ти месец со своето трето дете. Иако беше најавено дека ќе ми следува еднократна помош бидејќи Владата на СДСМ ја укина мерката помош од минатата Влада, сега дознав дека не ми следува ништо. Ве молам да ме информирате што вели законот. Јас слушнав дека оваа Влада ветуваше 60.000 денари еднократно, вели трудница која е наш читател. -Сигурно дека не раѓаме трето дете за пари. Но, нека им е срам што лажат, а и нас да ни е срам што уште им верувавме. Аплицирав за еднократната помош за трето дете и бев одбиена. Според месечните примања на мене и мојот сопруг, не сме биле во групата на која им следуваат овие пари. Кои се тие групи и кој ги прави? Следуваат или не? Срамота е што ни прават вака, ако нема секој месец помош, барем нека ја има таа еднократната што ја ветија кога најмногу ни треба, барем во првите месеци, истакна жена од Скопје. -За првородено даваат 5.000, а за трето дете ништо. Моето трето не е помалку од ничие прво или второ! Класична дискриминација. Зошто тогаш има еднократна помош за прво и второ?! Без никаков услов?! А за третородено, со веќе две дечиња дома, државата не ми дава ниту еден денар, истакна друга скопјанка во своето сведоштво до редакцијата на КУРИР. Што ветуваше Мила, а не спроведува Јагода? Како што веќе напоменавме, Мила Царовска беше јасна во своите најави дека за третородено дете ќе следува еднократна парична помош. Но, бидејќи се покажа дека Мила не ја зборувала вистината, сега новата министерка Јагода Шахпаска не спроведува ништо. Мила ветувала лаги, а Јагода ги прикрива истите. Тоа се докажа откако КУРИР во име на овие мајки постави прашања до МТСП. Им беа потребни ДВЕ НЕДЕЛИ да смислат што да одговорат. Одговор добивме дури денес, а во истиот, МТСП на чие чело е денес Шахпаска од СДСМ тврди дека МТСП на чие чело беше Царовска од СДСМ, никогаш не дало вакво ветување. Одговорот кој ни го пратија две недели подоцна, ви го пренесуваме во продолжение: „Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата објавен во Сл.весник на РСМ бр.104/19, правото на родителски додаток за дете се остварува по материјалната состојба на семејството на мајката и се однесува за сите деца родени од 24.03.2020 година. Конкретно, ова право се остварува доколку вкупниот просечен приход на семејството на мајката по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е понизок од висината на минималната нето плата утврдена за претходната година. Родителскиот додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од десет години, во висина од 8.209,00 денари, кој износ се зголемува согласно трошоците на живот објавени од Државниот завод за статистика. Еднократна парична помош за новороденче за првородено дете изнесува  5000,00 денари и второновородено дете во износ од 20.000,00 денари. Еднократна парична помош за трето дете нема, ниту имало во минатото. Измената  и  дополнувањето  на Законот за заштита на децата доаѓа како резултат на неефикасноста на претходно законско решение, кога парични средства за трето дете добиваа и семејства кои се во добра економска состојба. Статистичките податоци не покажаа раст на наталитетот туку напротив за период од 15 години(2001-2016) овој процент паднал од 13.3% на 11.1%. Овие податоци покажуваат дека претходното законско решение ниту го зголемил наталитетот на населението, ниту пак се овозможило парите да завршат во  семејствата на кои им е навистина најпотребно. Министерството за труд и социјална политика креира политики и мерки со цел помош и поддршка на ранливите категории на граѓани односно оние на кои тоа им е најпотребно“. Кој ги лаже мајките: МТСП на Шахпаска или МТСП на Царовска? Бидејќи актуелниот состав на МТСП изгледа не е информиран со тоа што претходното раководство го ветуваше или пак, напротив, има идеја да ги изманипулира мајките дополнително, КУРИР ви објавува што вети екс-министерката. На 8-ми ноември 2018-та година, рамо до рамо со премиерот Зоран Заев, Царовска најави дека мерката за трето дете се трансформира. -Мерката трето дете не се укинува туку се трансформира. Воведуваме праведно право за демографски развој и додаваме право за прво дете, за второ и за трето дете со цел да нема дискриминација. За првото дете еднокаратен износ од пет илјади денари, за второто дете едонкратен износ од 20.000 денари, а за третото дете еднократен износ од 60.000 денари, истакна Царовска. Бидејќи во одговорот кој денес го добивме од МТСП ни посочуваат дека жените кои се со најниски примања можат само да земат еднократна парична помош, потсетуваме дека екс-министерката од СДСМ, Царовска, вети дека еднократната помош ќе биде 60.000 денари, а за мајките од социјално ранливите категории ќе има други, дополнителни додатоци. -Дополнително граѓаните кои се во социјален ризик, добиваат право да остварат детски и образовен додаток, дури и оние кои се на минимална плата. Многу е важно дека трето дете како политика ја чини државата на годишно ниво повеќе од 2 милијарди и 600 милиони денари, но резулатите не се постигнати, рече Царовска пред две години. Некоја од овие две социјалдемократки, министри за труд и социјална политика и пред се жени и мајки, покажа целосна негрижа за другите жени и мајки. Не само што покажаа негрижа туку или едната даваше лажни ветувања или другата лаже за да не ги исполни тие ветувања. Трето нема. Како што нема ни пари за трето дете. Толку од грижата за децата, мајките, наталитетот, подобар живот...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-pari-za-treto-dete-koj-gi-izlaza-majkite-i-trudnicite-carovska-ili-shahpaska/feed/ 0
Пере од „Нокаут“ чека трето дете – го откри и полот на бебето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pere-od-nokaut-cheka-treto-dete-go-otkri-i-polot-na-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pere-od-nokaut-cheka-treto-dete-go-otkri-i-polot-na-bebeto/#respond Thu, 24 Sep 2020 15:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=408014

Фронтменот на македонскатата група „Нокаут“, која долги години опстојува на музичката сцена, Никола Перевски-Пере очекува трето дете заедно со неговата втора сопруга Јована. Пере од претходниот брак со новинарката Александра ги има двете ќерки Михаела и Каја. Тој во интервју за „Женски магазин“ откри дека и третото дете ќе биде девојче. – Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Со неа почнувам нов живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми ја дава најголемата поддршка во работата. Наскоро ќе станеме родители на девојче. По трет пат ќе станам татко на ќерка. Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години. Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум. Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот - открива Пере.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pere-od-nokaut-cheka-treto-dete-go-otkri-i-polot-na-bebeto/feed/ 0
Криси Тејген и Џон Леџенд очекуваат трето дете: Веста ја откриваат во новиот спот на Џон (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/krisi-tejgen-i-dzon-ledzend-ochekuvaat-treto-dete-vesta-ja-otkrivaat-vo-noviot-spot-na-dzon-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/krisi-tejgen-i-dzon-ledzend-ochekuvaat-treto-dete-vesta-ja-otkrivaat-vo-noviot-spot-na-dzon-video/#respond Fri, 14 Aug 2020 09:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=390661

Криси Тејген и Џон Леџенд ќе станат семејство од пет членови! Криси Тејген и Џон Леџенд, наводно, го очекуваат своето трето дете заедно, а веста ја откриваат во музичкото видео на Џон за неговата нова песна „Wild“. Кон крајот на видеото, Тејген го допира нејзиното стомаче кое личи на трудничко. Тејген и Леџенд се во брак од 2013 година и имаат две деца, Луна и Мајлс Стивенс. Двојката ја сподели веста за бременоста во музичкото видео на Леџенд за неговата нова песна „Диви“, во кој е и Криси. Повеќе извори ја потврдиле веста за бременоста за „People“. Kриси и Џон допрва треба официјално да ја потврдат веста, но по премиерата на видеото, Тејген, на нејзината омилена платформа - Твитер, само сподели насмеан, заљубен емотикон, навестувајќи ја нејзината возбуда околу вестите. Таа, исто така, врати на твитот на Vevo, велејќи дека музичкото видео завршува со „убаво изненадување“. Ова би било трето дете за Тејген и Леџенд, кои веќе имаат заедничка ќерка и син: Луна Симон Стивенс, 4 и Мајлс Теодор Стивенс, 2. Ова не е прв пат Криси да се појавува во музичките видеа на нејзиниот сопруг. Двојката прв пат се запознале во 2006 година токму на сетот на музичко видео на Џон за „Стерео“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/krisi-tejgen-i-dzon-ledzend-ochekuvaat-treto-dete-vesta-ja-otkrivaat-vo-noviot-spot-na-dzon-video/feed/ 0
Во Унгарија- ако родите трето дете кредитот ќе ви биде поништен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-ako-rodite-treto-dete-kreditot-kje-vi-bide-ponishten/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-ako-rodite-treto-dete-kreditot-kje-vi-bide-ponishten/#respond Tue, 30 Jul 2019 11:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=224640

Бескаматен заем од 10 милиони форинти (30.950 евра) предлагаат унгарските власти за семејни двојки. По раѓање на трето дете, кредитот ќе биде поништен. Тоа се предвидува во новите предлози на унгарската влада што почнаа да важат од почетокот на јули, јави „Еуроњуз“. Согласно новата шема, предвидени се субвенции за автомобил за големи семејства и ослободување од данок врз приходи на жени кои одгледале најмалку четири деца. Според податоци на државните служби, од почетокот на јули 2.400 семејства побарале таков кредит, а 14.000 семејства побарале најмалку еден елемент од планот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ungarija-ako-rodite-treto-dete-kreditot-kje-vi-bide-ponishten/feed/ 0
Само најсиромашните ќе примаат додаток за трето дете, на сите други им се укинува правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/#respond Sun, 26 May 2019 12:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=202165

Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.
Таа посочи дека додатокот за трето дете го примаа сите и оние кои имаат многу и оние кои имаа најмногу и оние кои немаат ништо. -Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надоместок, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-najsiromashnite-kje-primaat-dodatok-za-treto-dete-na-site-drugi-im-se-ukinuva-pravoto/feed/ 0
Укинувањето на додатокот за трето дете ќе биде силен удар врз сиромашните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanjeto-na-dodatokot-za-treto-dete-kje-bide-silen-udar-vrz-siromashnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanjeto-na-dodatokot-za-treto-dete-kje-bide-silen-udar-vrz-siromashnite/#respond Sat, 04 May 2019 10:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=194062

Укинувањето на додатокот за трето дете, односно заштедата од околу 15 илјади евра за десет години од секоја родилка, мајка на трето дето е многу погрешна. Според упатените, од ова директно се загрозени пред се семејствата кои имаат помали примања. - Не се согласуваме со укинувањето на мерката за паричниот надоместок за трето дете, односно на воведување на услов на мајката затоа што мерката за трето дете е демографска мерка која што е независна од приходите во семејството и правото на средствата треба да го остварат сите мајки кои што одлучиле да чуваат трето дете, велат упатени извори. Според нив, со укинувањето на додатокот што родилките го добиваа во текот на десет години ќе биде сериозен проблем и за мајката, како и за семејството. Ретко кој ќе се одлучи за трето дете без помош која досега ја даваше државата.. По реакциите на фелата, се јави и министерството за труд и социјална политика правдајќи се. -Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници, реагираше министерството откако упатените од фелата реагираа на измените. Дека од мерката, пак, имало резултати неодамна посочи пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ. -Само еден пример ќе кажам дека во 2010, ова се податоци од Државен завод за статистика, мајки корисници на родителски додаток за трето дете имало вкупно 5246, а во 2017 година оваа бројка пораснала на 26.591 корисници. Што значи дека мерката сама по себе има дадено резултати и сигурно дека нема да се согласиме со воведување на услов за користење на материјалниот додаток за трето дете, рече Митовска во неодамнешно гостување на телевизија Алфа. Инаку со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари. Ова е предвидено со измените во Законот за заштита на децата, или со ова се укинува додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години. Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата сака да „заштеди“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinuvanjeto-na-dodatokot-za-treto-dete-kje-bide-silen-udar-vrz-siromashnite/feed/ 0
Поради политиките на Царовска, голем број семејства со деца стравуваат за својата егзистенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-politikite-na-carovska-golem-broj-semejstva-so-deca-stravuvaat-za-svojata-egzistencija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-politikite-na-carovska-golem-broj-semejstva-so-deca-stravuvaat-za-svojata-egzistencija/#respond Thu, 27 Dec 2018 10:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=145612

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска пред само неколку месеци најави дека од следната година ќе се укине додатокот за трето дете. Оваа најава на министерката директно ќе ги погоди  дел од семејствата кои се сместени во Центарот во Визбегово. Имено, во овој центар живеат 10 ромски семејства со пет или повеќе деца. Како што пренесува порталот Плусинфо едно од овие семејства во текот на следната година очекува принова, односно треба да го добијат своето трето дете и ги исполнуваат условите за добивање на паричен надоместок за трето дете. 22-годишната Рамиза е бремена по трет пат, но поради реформите на министерката Царовска, нема да добие никаков паричен надоместок. Семејствата од Центарот во Визбегово се надеваат дека по повод новогодишните и божиќните празници, нивните деца нема да бидат заборавени и ќе добијат пакетчиња, играчки и чоколади Пред извесен период  овие лица беа преселени од под Кале, а една година престојувалево Јавната установа „Ранка Милановиќ“. Целата сторија, прочитајте ја на ПЛУСИНФО  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-politikite-na-carovska-golem-broj-semejstva-so-deca-stravuvaat-za-svojata-egzistencija/feed/ 0
МТСП: Се воведува еднократен надомест за прво, второ и трето дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-voveduva-ednokraten-nadomest-za-prvo-vtoro-i-treto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-voveduva-ednokraten-nadomest-za-prvo-vtoro-i-treto-dete/#respond Thu, 08 Nov 2018 12:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=125259

Со предложените  измени на Законот за заштита на децата не се укинува надоместот за трето дете, туку се унапредува во право на користење на надомест за прво, второ и трето дете. На овој начин се проширува правото на користење еднократна парична помош за новороденче и се дава можност за тоа и за второродено и за третородено дете, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Исто така, како што појаснуваат од Министерството, се прави прогресивно зголемување на износот. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари. Истовремено, освен што ќе добиваат еднократен надомест, на сите семејства кои се со минимални приходи и корисници на социјална помош им се овозможува пристап на правото за детски и на образовен додаток, чија крајна цел е да се намали детската сиромаштија. – Додаток за трето дете беше наменет кон зголемувањето на наталитетот, но податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот. Стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година. Исто така, овој додаток бидејќи не беше наменет за сиромашните лица додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова. Промените кои ги направивме ги отстрануваат овие проблеми и парите се насочени кон вистинските групи граѓани.Во држава со стапка на детска сиромаштија од близу 30 проценти, многу извори покажуваат дека не е целисходно да се издвојуваат толкави средства без притоа значително да се влијае на намалувањето на сиромаштијата, се наведува во соопштението. Како што се додава, стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. – Промените се однесуваат на новите корисници, истакнува ресорното Министерство и дополнува дека правото на родителски додаток за трето дете ќе може да се остварува и понатаму во периодот од десет месеци почнувајќи од денот на влегување во сила на овој закон.  За исплата на родителскиот додаток за 2017 година се потрошени 2 643.706.000 денари. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-voveduva-ednokraten-nadomest-za-prvo-vtoro-i-treto-dete/feed/ 0
Се укинува додатокот за трето дете: Власта со оваа мерка сака да „заштеди“ 15 илјади евра од секоја родилка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-dodatokot-za-treto-dete-vlasta-so-ovaa-merka-saka-da-zashtedi-15-iljadi-evra-od-sekoja-rodilka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-dodatokot-za-treto-dete-vlasta-so-ovaa-merka-saka-da-zashtedi-15-iljadi-evra-od-sekoja-rodilka/#respond Thu, 08 Nov 2018 11:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=125200

Измените во Законот за заштита на децата предвидуваат укинување на додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог законот веќе е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Следува негово разгледување на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието. Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете во период од 10 години. Со оваа мерка до сега секоја родилка за трето новороденче во период од 10 години добиваше финансиски надоместок од околу 960.000 денари, а со новиот закон ќе зима еднократна помош од само 60.000 денари со што државата сака да „заштеди“ по 900.000 денари односно околу 15 илјади евра од секоја родилка.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuva-dodatokot-za-treto-dete-vlasta-so-ovaa-merka-saka-da-zashtedi-15-iljadi-evra-od-sekoja-rodilka/feed/ 0