трето место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 18:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трето место – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Со зурли, тапани и знамиња пречекан Петар Спасеновски кој освои трето место Европското првенство во каратена https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-video-so-zurli-tapani-i-znaminja-prechekan-petar-spasenovski-koj-osvoi-treto-mesto-evropskoto-prvenstvo-vo-karatena/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-video-so-zurli-tapani-i-znaminja-prechekan-petar-spasenovski-koj-osvoi-treto-mesto-evropskoto-prvenstvo-vo-karatena/#respond Mon, 30 May 2022 18:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=683845

На Меѓународниот аеродром "Скопје", пријателите, симпатизерите и членовите на карате клубот "Макпетрол" го пречекаа каратистот Петар Спасеновски кој овој викенд освои импресивно трето место на Европското првенство во карате што се одржа во Газиантеп, Турција. „Наредниот медал ќе биде злато, сигурно“, вели освојувачот на единствениот медал за Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, Петар. Репрезентативецот на Македонија, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-video-so-zurli-tapani-i-znaminja-prechekan-petar-spasenovski-koj-osvoi-treto-mesto-evropskoto-prvenstvo-vo-karatena/feed/ 0
Лорис се искачи на третото место по број на настапи за Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/loris-se-iskachi-na-tretoto-mesto-po-broj-na-nastapi-za-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/loris-se-iskachi-na-tretoto-mesto-po-broj-na-nastapi-za-francija/#respond Sun, 11 Oct 2020 21:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=415209

Голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација Хуго Лорис се најде во почетниот состав за вечерашниот натпревар во Париз од Лигата на нации против Португалија. За 33-годишниот голман, натпреварот беше 117. за репрезентацијата. Според овој статистички податок, тој го престигна Марсел Десаи и се искачи на третото место. Само Тјери Анри (123) и Лилијан Турам (142) играа повеќе од Лорис во дресот на „триколорите“. Покрај нив, најмалку 100 натпревари за Франција одиграа и Зинедин Зидан (108), Патрик Виеира (107), Дидие Дешамп (103), како и Оливие Жиру, за кого денешниот натпревар е 101-ви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/loris-se-iskachi-na-tretoto-mesto-po-broj-na-nastapi-za-francija/feed/ 0
Бразил на трето место во светот според бројот на заразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-na-treto-mesto-vo-svetot-spored-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-na-treto-mesto-vo-svetot-spored-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus/#respond Tue, 19 May 2020 09:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=347689

Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус, откако ја надмина Велика Британија. Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13.140 и достигна 254.220, додека во Велика Британија се регистрирани 247.706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16.792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати. Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-na-treto-mesto-vo-svetot-spored-brojot-na-zarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Вардар го освои третото место на Супер Глоуб https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-tretoto-mesto-na-super-gloub/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-tretoto-mesto-na-super-gloub/#respond Sat, 31 Aug 2019 13:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=235451

Ракометарите на Вардар го освоија третото место на Супер-глоуб откако „црвено-црните“ во денешното мало финале славеа над домаќинот Ал Вехда со резултат 30-26. „Вардарци“ го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Кил во полуфиналето, па идентично како и пред две години, повторно се закитија со бронзени медали не успевајќи да ги обединат европската и светската клупска ракометна круна. Сепак, добра утеха е фактот дека освоеното трето место на македонскиот првак му донесе и финансиска награда од 150.000 евра. Мечот почна лошо за „вардарци“, кои набрзина се најдоа во негатива од 1-3, а потоа во 5. минута исклучувања заработија Шишкарев и Дисингер, за една минута подоцна на клупата „на ладење“ да биде испратен и Скубе. Ал Вехда во неколку наврати имаше по три гола предност, но Вардар успеа да се врати и преку Шишкарев во 17. минута да израмни на 10-10. До првото водство на натпреварот Вардар дојде во 25. минута кога Горбок реализираше за 14-13, но домашниот тим го задржа ритамот до крајот на полувремето и на одмор се замина со израмнети 16-16, со голот што со звукот на сирената го постигна Чупиќ. Ал Вехда постигна гол од контранапад за водство од 17-16, но потоа домашните ракометари цели девет минути не успеаја да го најдат патот до мрежата на Гедбане, кој влезе во серија извонредни одбрани. Вардар со серија од пет гола го сврте резултатот во своја полза, па иако Ал Вехда подоцна се консолидираше, „црвено-црните“ рутински ја одржаа предноста до самиот крај, не дозволувајќи освојувањето на бронзата да им биде доведено во прашање. Чупиќ беше најефикасен во таборот на Вардар со седум погодоци, пред Кристопанс со шест и Атман со пет погодоци, додека Гедбане беше одличен на голот со 13 успешни интервенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-go-osvoi-tretoto-mesto-na-super-gloub/feed/ 0