трето полувреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Dec 2020 11:40:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png трето полувреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митревски: Песната „Море сокол пие“ е орудие на народот против оваа власт која ја силува Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-pesnata-more-sokol-pie-e-orudie-na-narodot-protiv-ovaa-vlast-koja-ja-siluva-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-pesnata-more-sokol-pie-e-orudie-na-narodot-protiv-ovaa-vlast-koja-ja-siluva-makedonija/#respond Tue, 15 Dec 2020 09:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=443393

„Песната во филмот „Трето полувреме“ беше мој избор, јас сакав да се пее некоја народна песна која што полека како на отпорот на трибините ќе стане фудбалска навивачка песна. И после тоа Кирил Џајковски побара од таа песна „Море сокол пие“, да направи акциона музика за нивниот последен натпревар на кој победуваат. Изборот на песната не беше случаен. Барав нешто што има добар ритам, што може да стане навивачка песна, но што истовремено нема никаква политичка конотација, но има борбеност во неа и има географски поим. „Море сокол пие, вода на Вардарот“, не пие на Морава, не пие на Марица туку пие на Вардар. Ние сме народ кој што живее, така на школо не учеа од левата и десната страна на Вардарот. Таа земја од извора па до Солун ние тука живееме, тоа е нашата земја. Таа песна не дефинира нас, каде сме и кои сме и какви сме. Во песната се опишува некаков јунак, како изгледа тој јунак и како се замислуваме себеси и што посакуваме да станеме. Ама, пак ќе речам тоа мислев ќе е добро за на филм, не мислев дека ќе се случи да го гледаме по улиците на Скопје“, истакна Дарко Митревски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“. Митевски додаде дека македонскиот народ треба да е горд на песната бидејќи таа е испеана токму од македонскиот народ, тоа е стара македонска песна. Соколот не пие вода на Црно море и на Дунав, туку од Вардар пие. „Ми е драго што луѓе се сеќаваат на песната и ја користат како инспирација за својот отпор, кон една политика која што мислам дека е погубна за државата“, нагласи Митревски. Митревски посочи дека не му се допаѓа што Македонија се силува пред очите на македонскиот народ, и ние како граѓани немаме друго орудие освен песна. Македонија последен пат во ваква ситуација како денес била во Балканските војни. Тогаш Македонците биле без оружје во рацете, без интелектуална елита, разграбани, силувани, обесчестени и поделени. Прв пат од тогаш во иста ситуација Македонија денес се наоѓа. „Око не ми трепнува, филмот би го снимил уште три пати ако треба. „Трето полувреме“ е дел од мојот живот тоа е сценарио, тоа е приказна која што јас сум ја открил во 1999 година. А, од тогаш поминале 21 година. Јас сум формиран како човек, како уметник низ таа приказна и низ разни други приказни еве една од нив е да речеме оваа афера „Мис Стоун“. Приказните за Македонија од „Досие Скопје“, преку „Балканкан“ до „Трето полувреме“ се мои приказни. Јас никогаш ништо не снимав во Македонија освен приказни за Македонија. И за тоа ми е тешко ова што се случува сега“, рече Митревски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-pesnata-more-sokol-pie-e-orudie-na-narodot-protiv-ovaa-vlast-koja-ja-siluva-makedonija/feed/ 0
Митревски: Филмот „Трето полувреме“ беше забранет од министерка за надворешни работи, а тоа беше премолчено од страна на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-filmot-treto-poluvreme-beshe-zabranet-od-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-a-toa-beshe-premolcheno-od-strana-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-filmot-treto-poluvreme-beshe-zabranet-od-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-a-toa-beshe-premolcheno-od-strana-na-makedonija/#respond Tue, 15 Dec 2020 09:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=443388

Дарко Митревски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за филмот „Трето полувреме“ и рече бугарската министерката за надворешни работи забранила да се емитува, а тоа беше премолчено од страна на Македонија. Митевски укажа дека овој филм последно бил емитуван на денот на доаѓањето на Борисов во Скопје. Вие сте виделе во изминативе 2-3 години по потпишувањето на Преспанскиот договор сте ги гледале некаде Црно семе или Црвениот коњ? На националните програми? Затоа што оваа нивна министерка за надворешни работи во едно интервју кое што даде за македонски медиум има официјално побарано дека „Трето полувреме“ треба да се забрани и беше премолчено во Македонија и скандалозно. Замислете министер на друга земја доаѓа дома и ви кажува што вие треба да гледате и што треба да снимате? Отворено си кажа дека тој филм треба да го снема и го снема. Беше емитуван последен пат на македонската телевизија на денот на доаѓањето на Борисов во Скопје и мислам дека никогаш повеќе нема да биде прикажан, рече Митревски. Митревски во своето гостување посочи дека филмот „Трето полувреме“ е базиран на настани кои се случиле и придонесе да се одвиваат такви настани во стварноста. Тој е филм кој е правен за минатото, а излезе дека се однесува на иднина. Тоа сценарио е напишано од 2002 година, пред 18 години и на крај памет тогаш не ми било дека ќе предизвика било какви негативни реакции еден ден во Бугарија од многу проста причини. Прво не сум ги познавал работите и не сум знаел дека депуртацијата на македонските евреи и приликите во вардарска Македонија под бугарска окупација во бугарското општество се забранета тема од завршувањето на војната до денес, дека никој не знае за тоа, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitevski-filmot-treto-poluvreme-beshe-zabranet-od-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-a-toa-beshe-premolcheno-od-strana-na-makedonija/feed/ 0
„Трето полувреме“ во Заевиот РАЈХТ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treto-poluvreme-vo-zaeviot-rajht/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treto-poluvreme-vo-zaeviot-rajht/#respond Mon, 07 Dec 2020 13:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=440012

„Трето полувреме“. Колку соодветна прикаска за денешницата. Башка, темелена на чиста вистина. Историска. А историјата, таа си се повторува ли повторува, колку и некој Заев да се обидува да ја смени. Иако, имам некое чувство дека кај нас се повторува повеќе отколку во другите делови на светот, нели? Нејсе. И цели 78 години потоа, Македонија е во „Трето полувреме.“ Тогаш како ФК, денес како РС. Има и разлика. Драстична. ФК била за сите. Ова со сурушкото „С“ по Република во насила наметнато РС, го признава и прифаќа само една Заева чета лукративни дијалји и еден послушен вод опортунистички му сдСС биљмези. А, за да биде перверзијата уште поголема, и ова наше современо трето полувреме се игра во Рајх. Сега, по ново, во Заевиот РАЈХТ. Збор кој црпнатото чедо го срочи во последното интервју, глупост за која никој не се ни посомнева дека е лапсус-лингва, грешка. Јок, сите знаат дека ЗЗ си мисли дека навистина е РАЈХТ, а не рајх. Ко што е ГРОМОЗОРНо, ко што картелите се од Јужна Африка, или ко што на човек можеш насила да му дадеш, не да му земеш итн. итд. и др. Затоа што сите знаат колку ЗоЗа мисли, т.е. не мисли, односно колку му сече на пустиот распродавач на национални светии... Заевиот Втор РАЈХТ (второ му владеење со РМ) како пародија на вистинскиот, Трет Рајх, тое е  ова заплашувачко, реваншистичко хунта општество кое го наметна Муртинхаузен со неговата СДСС, потсмешлива реминисценција на Рајхот чиј дел и послушник беше тогаш окупаторска Бугарија. Оние, мили и драги новкомпонирани администратори и човекољупци од Заевиот РАЈХТ... Уште една сличност, освен што повторно се игра во еден рајх, РАЈХТ ли, пак го имаме и истиот однос на силите. Барем навидум. Од една страна е Бугарија, население пута три, членка на ЕУ, а од друга малата Македонија. ОК, сега и членки на една друга направија која нешто и не се скрши за да ги смири раскараните членки, браќа ли, сестри, комшии ли... Добро, има и разлики, фер. Ама малку. Тогаш Софија (ко и секогаш) била со посилниот и побогатиот, ама ние иако малечки и бедни, нешто не сме се потепале да влеземе во нивното друштво. Барем, не по секоја цена, како што некој тежнее денеска. Соседството, пак, тогаш се искршило од влегување во онаквото на фашистите. Бугари, Четници, Усташи, Балисти... Од друга страна, судијата е пак за нив. Таксират македонски. Класика. Од трета страна, и ова новокомпоновано Трето полувреме повторно го играме опкружени со домашни квислинзи. Иако, сега ги има можеби и повеќе од порано, но тогаш тоа го чинеле за да го спасат предавничкиот им задник, а сега за да се збогатат. Добро, дел ко Зоки и Буч и за да не одат во затвор де... И тогаш и сега, окупаторската пропаганда работи со закани и дезинформации. Само што тогаш не ги викале лажни вести. Гарант, и тогаш имале фејк-телали како Дерала, Костадинов, Васиљ, Васев, Тричко, Мра, Заевите Вмровци, Богојески, Поликлинико, Црничанец, Џоци, специјална банда од агипроповскиот вод, ама тие барем јавно се дичеле со припадноста кон власта. Биле пофер, нели... Да, историјата се повторува со се’, приликите, па и ликовите се тие, но тоа значи и нешто друго. За голема жал на антинационалните ни домашни битанги и националшовинистичките ни комшии и во ова „Трето полувреме“ ќе победат Македонија и Македонците. Пред 78 години, и покрај помошта на судиите, пропагандистите, заплашувањата на окупаторот и предавниците - ФК Македонија го „скрши“ и победи елитистичкиот и окупаторски ФК Левски. 78 години потоа, Македонија повторно ќе победи, сега со триумф над екипата на Заев и ќе излезе непоразена и од неговиот втор РАЈХТ. Гајле ни е дали, ко и тогаш, некој ќе ни признае. Битно е да останеме тоа што сме, Македонци во Македонија. Се’ друго е лук и вода. Ветото, пак, најлук... А, што после?   Епааа, за тоа нека му ја мислат РАЈХТИСТИТЕ... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treto-poluvreme-vo-zaeviot-rajht/feed/ 0