третооделенци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Jun 2021 08:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png третооделенци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Третооделенци од ООУ„Лазо Трповски“ освоија награда во Берлин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretoodelenci-od-oou-lazo-trpovski-osvoija-nagrada-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretoodelenci-od-oou-lazo-trpovski-osvoija-nagrada-vo-berlin/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=518476

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2021 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект на петмината ученици од 3в одделение, Андреј Андоновски, Јана Блажева, Андреј Новевски, Георгина Стојанова и Максим Станоев, „Вселенски летала“ беше координиран од двајца наставници во својство на ментори Розета Сугарева и Стефан Симовски. Проектот на третоодделенците успешно ја помина прелиминарната фаза, влезе помеѓу најдобрите проекти на натпреварот и освои награда. Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД, концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас) и концернот КРАЈСЛЕР. Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири. Во името на деветчленото стручно жири на наградените ученици од ООУ „Лазо Трповски“ им се обрати раководителот на натпреварот Ридигер Штајн. -Ви благодарам за прекрасниот проект. Не тагувајте што не стоите највисоко на пиедесталот, но и вие сте меѓу наградените на натпреварот. Радувајте се, освоивте награда! Наградени сте затоа што вашиот проект е фантастичен, затоа што се забавувавте додека го работевте и затоа што сте одлични тимски играчи. Вашата награда е летачки трофеј и диплома за секого од вас. Се надевам дека учеството на натпреварот ви беше толку забавно како што му беше и на стручното жири кога го оценуваше вашиот проект, рече Штајн, соопштија од училиштето „Лазо Трповски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretoodelenci-od-oou-lazo-trpovski-osvoija-nagrada-vo-berlin/feed/ 0